21/08/2026
Жешко лето во ГОК Борец! 🔥
Нашите играчи продолжуваат да го претставуваат клубот на највисоко ниво.
🇲🇰 Дарко Жабев – дел од сениорската репрезентација на Македонија.
🇲🇰 Драган Ставрев – капитен на младинската репрезентација на Македонија.
🇲🇰 Тодор Гиновски – дел од младинската репрезентација на Македонија.
А на Плазма спортските игри нè претставуваат уште четворица наши одбојкари: Тодор Гиновски, Илија Најдов,Анабела Есмерова и Лана Мијајлевски. 🏖️🏐
Гордост за клубот, чест за играчите и уште еден доказ дека во ГОК Борец се создаваат вистински одбојкари и одбојкарки!💙
Им посакуваме многу успех, среќа и одлични резултати.💪❤️
08/08/2026
❤️ Велес се гордее со своите шампионки!
🏐 ГОК „Борец“ – ВЕЛЕС
🥇 ПРВО МЕСТО – ВАЛАНДОВСКО СПОРТСКО ЛЕТО 2026 oд 5 до 9 август на спортските терени во Валандово!
Најуспешните одбојкарки од градот Велес – одбојкарките на ГОК „Борец“, беа поканети од организаторите на Валандовско спортско лето 2026 да бидат дел од овој прекрасен спортски настан.
💪 Со одлична игра, тимски дух и борбеност, одбојкарките на ГОК „Борец“ – Велес успеаја да го освојат ПРВОТО МЕСТО 🥇🏆 и да се закитат со пехар!
👏 Честитки за девојките за одличниот настап и заслужениот успех!
07/07/2026
Прво засилување! 🏐
Со големо задоволство ви го претставуваме нашето прво засилување за новата сезона!
Во нашиот клуб
пристигнува нов член кој со својот квалитет, борбеност и тимски дух ќе донесе дополнителна енергија и сигурност на теренот.
Ова засилување ќе биде важен дел од нашите амбиции за сезоната што претстои.
Му посакуваме многу успешни настапи и многу заеднички
победи во нашиот дрес.
Добредојде во тимот! ❤️🤍🏐
04/05/2026
Нашата пионерска екипа го освои третото место оваа сезона! 🥉
Со многу труд, борба и тимска игра стигнавме до овој успех. Честитки до сите, како и благодарност до сите што не поддржуваа!
Одиме понатаму уште посилно! 💪
29/04/2026
Денеска бевме на прием кај градоначалникот, каде што добивме признание за нашиот труд, посветеност и постигнатите резултати. 🏆
Чест ни беше што имавме можност да го претставиме градот и да добиеме поддршка за понатамошните предизвици. Овој прием е дополнителна мотивација да продолжиме уште посилно и со уште поголема желба за успех.
Благодарност за укажаната чест! 💪
29/04/2026
ГОК "Борец" го освои среброто во Македонија!
Денес во мојот кабинет ги пречекав одбојкарите на ГОК "Борец" кои оваа играчка сезона покажаа стабилна, посветена и професионална игра, со што станаа двојни носители на среброто, во Купот на Македонија и во првата одбојкарска лига. Овој успех е за радост на велешани и мотив на одбојкарите и нивните тренери за понатамошни залагања и успеси.
Општина Велес и понатаму ќе остане посветена и ќе дава поддршка на спортот и спортските клубови кои се гордост на нашиот град!
25/04/2026
ТРЕНИНГ ДЕНЕС 14 часот во сала БЛАЖЕ КОНЕСКИ
20/04/2026
ВТОРА ФИНАЛНА УТАКМИЦА – НА ДОМАШЕН ТЕРЕН! 🏐🔥
Време е за нова борба и нов чекор кон целта. Пред нашата публика излегуваме со уште поголема желба и мотивација.
Ве повикуваме сите да дојдете и да ни дадете силна поддршка – заедно да ја претвориме салата во вистинска тврдина! ❤️🤍
Одиме храбро, поен по поен, до победа!
Само заедно можеме до триумф! 💪
#СамоБорец
18/04/2026
По поразот од 3:0 во првиот финален натпревар, нашата екипа е подготвена за нов предизвик! 💪
Сега фокусот е на следниот дуел на домашен терен, каде со поддршката од трибините ќе дадеме сè од себе за израмнување во серијата. 🔥
Време е да покажеме карактер, борба и срце!
Ве очекуваме во сала – заедно да одиме по победата! 🏐❤️
Ајде БОРЕЦ Ајде Велес❤️🤍
15/04/2026
Победа за крај на сезоната! 💪🏐
Во нашата прва сезона, Борец покажа срце, борба и карактер, успевајќи да ја заокружи приказната со триумф и освоено 4-то место.
Горди сме на целиот тим за трудот и напредокот низ целата година. Ова е само почеток за Борец и мотив плус за уште поголеми успеси во иднина. 🔥
Благодарност до навивачите за поддршката во текот на целата сезона – бевте нашиот седми играч! ❤️🤍