Алпинистички Клуб Велесин - A.K. Velesin

Алпинистички Клуб Велесин - A.K. Velesin Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Алпинистички Клуб Велесин - A.K. Velesin, Sports, Mirka Ginova br 1, Veles.

Викендот 10ти до 12ти октомври, А.К. Велесин организира качување на врвовите Митикас и Стефани на планината Олимп. Сите ...
31/08/2026

Викендот 10ти до 12ти октомври, А.К. Велесин организира качување на врвовите Митикас и Стефани на планината Олимп.
Сите дополнителни информации и детали на тел. број 071 296 980.

Тренинг на Нежилови Карпи - најголемиот локалитет во Македонија, а воедно и најдраго место на нашиот клуб (види го логот...
07/07/2026

Тренинг на Нежилови Карпи - најголемиот локалитет во Македонија, а воедно и најдраго место на нашиот клуб (види го логото на АК Велесин).

Саботата (27.06.2026) направивме импровизиран камп во подножјето на Јужна Карпа, а следниот ден ја качивме насоката "Воскресение" III+ V+ (900 m).

Викендов 29.05 - 31.05, нашиот клуб по трет пат организираше планинарска тура на Олимп. Иако сме на прагот на летото, пл...
01/06/2026

Викендов 29.05 - 31.05, нашиот клуб по трет пат организираше планинарска тура на Олимп.

Иако сме на прагот на летото, планината повторно ни покажа дека условите може да изненадат во било кој период од годината.

Поради снегот кој уште се држи и по консултација со домарите од домот Какалос, турата ја започнавме преку зимската патека преку местото Горица. Првиот ден имавме вкупно 11 км со 1600 м висинска разлика.

Следното утро, преку Платото на музите се упативме кон кулоарите на Стефани и Митикас.

По проценка на теренот, и предвидување на состојбата на снегот во текот на денот одлучивме дека денеска ќе се обидеме да го качиме технички по захтевниот - Стефани.

Во наврска, запазувајќи ги сите безбедносни мерки, сите заедно се качивме на врвот и безбедно се спуштивме.

Огромна благодарност до сите учесници на укажаната доверба. Сите покажавте што значи тимски дух во тешки услови, кога на егото комплетно се заборава и работиме сите како еден.

🏔

Успешно реализирано искачување на врвот Вихрен на 2914 м преку Џамџиев Раб. Честитки до Kornelija KS за храброста и одли...
19/01/2026

Успешно реализирано искачување на врвот Вихрен на 2914 м преку Џамџиев Раб. Честитки до Kornelija KS за храброста и одличната соработка!

Од другата страна на планината - вистински хедонизам на Муратово Езеро на 2230 м. Огромна благодарност до сите учесници за прекрасно поминатиот викенд на Пирин Планина.

До следна! 🏔

Последниот викенд од годината ја посетивме и истраживме карпата "Цуцка" во близина на Велес кај местото кај што реката Т...
29/12/2025

Последниот викенд од годината ја посетивме и истраживме карпата "Цуцка" во близина на Велес кај местото кај што реката Тополка се влева во Вардар. Поминавме една првенствена насока и разгледавме можности за други варијанти.

Планинарска тура на врвот Маљовица, Планина Рила, Бугарија.Благодарност до сите учесници!🏔
22/12/2025

Планинарска тура на врвот Маљовица, Планина Рила, Бугарија.

Благодарност до сите учесници!🏔

Пријавите за зимски искачувања во сезона 2026 се официјално отворени!🏔🧗‍♂️
15/12/2025

Пријавите за зимски искачувања во сезона 2026 се официјално отворени!🏔🧗‍♂️

Тренинг на Пешти
15/09/2025

Тренинг на Пешти

Одлично поминат викенд на Олимп со супер екипа и речиси идеални временски услови.✅️Митикас 2918 м✅️ Стефани 2908 мБлагод...
08/06/2025

Одлично поминат викенд на Олимп со супер екипа и речиси идеални временски услови.

✅️Митикас 2918 м
✅️ Стефани 2908 м

Благодарност до сите учесници за довербата.

Денешниот ден е еден од најголемите за Македонската Алпинистичка историја 10ти мај 1989 година. Првиот Македонец кој усп...
10/05/2025

Денешниот ден е еден од најголемите за Македонската Алпинистичка историја 10ти мај 1989 година. Првиот Македонец кој успева да се искачи на највисокиот врв на светот Монт Еверест(8848 м) е битолчанецот Димитар "Диме" Илиевски - Мурато. Во четвртиот висински логор се наоѓал македонскиот алпинист Борче Јовчевски кој до последните моменти бил заедно со Диме, но поради смрзнатини на нозете не продолжува нагоре и останува во последниот висински логор на на јужното седло да ги чека. За жал Диме на тој ден загинува и засекогаш останува на планината.
Борче Јовчевски е алпинист и член на сите Македонски Алпинистички експедиции, создавач на алпинистичките производи "Велесин", главен инструктор и основач на нашиот Алпинистички Клуб "Велесин" од Велес и неговото скапоцено искуство несебично го пренесува на младите генерации и ден денес.

Address

Mirka Ginova Br 1
Veles
1400

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Алпинистички Клуб Велесин - A.K. Velesin posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category