FK Gorski Veles

FK Gorski Veles

Share

Official page FC Gorski Veles

Жиро сметка за помош на клубот 300270000155853 комерцијална.б

Гордоста на жителите од Читкушева чешма, Црна Џамија, ФК Горски по 15-тина години пауза повторно игра во општинската лига, од која не успеал да се качи скалило погоре за сите 80-тина години.

Фудбалскиот клуб Горски воскресна, се врати од мртвите и неговите играчи како и тие од пред 90-тина години трчаат по шарената топка. Тој по повеќе години принудна пауза, повторно оживеа а младите од јужната с

15/08/2026

Денес со голема гордост и почит го одбележуваме големиот јубилеј 104 години од постоењето на ФК Горски или 16 години од новиот почеток на клубот.

Повеќе од еден век историја, љубов, борба, победи, порази и моменти кои засекогаш ќе останат запишани во нашите срца на сите што го сакаат клубот. ФК Горски не е само фудбалски клуб ФК Горски е семејство и симбол на заедништвото.

Низ годините, во клубот поминале бројни квалитетни и незаборавни фудбалери кои со својот труд, талент и пожртвуваност го носеле дресот на Горски со гордост. Секој фудбалер, тренер и член оставил свој белег во богатата историја на клубот.

На овој голем ден упатуваме голема благодарност до сите генерации кои биле дел од Горски на поранешните и сегашните фудбалери, на тренерите, управата и најважно на верните навивачи кои секогаш стоеле зад клубот.

104 години не се само бројка тоа е историја која се живее, традиција која се пренесува и љубов која не престанува.

Уште еднаш Ви благодариме на сите.

02/08/2026

Управата и фудбалерите на ФК Горски Ви го честитаат 2 Август Денот на Републиката. 🇲🇰
Честит Илинден 🇲🇰
Македонија Вечна 🇲🇰

25/07/2026

Мемории пред 11 години тешка победа на тешко гостување во Богомила


ФК Богомила (3-4) ФК Горски

Стрелци: Панче Кимов (2)
Ангел Тонев (2)

10/05/2026

Голема благодарсност до Општина Велес и ОФС Велес за новата опрема.



фото:

03/05/2026

ФК Горски ја заврши оваа сезона на начин што малкумина го очекувавме. По минатогодишниот успех, кога клубот го освоивме купот и високото второ место на табелата, очекувањата беа големи. Сепак, реалноста оваа година беше поинаква сезоната заврши со тежок пораз и разочарувачко претпоследно место, што ја прави една од оние сезони кои сите би сакале побрзо да ја забораават.

И покрај слабите резултати, последниот натпревар донесе еден светол момент кој ќе остане запаметен. Легендата на клубот, Тони Тонев, на свои 58 години се запиша во листата на стрелци, потврдувајќи го својот статус како најстар стрелец во историјата на ФК Горски. Неговиот гол беше потсетник дека љубовта кон фудбалот и посветеноста немаат возраст.

Останува надежта дека оваа тешка сезона ќе биде лекција и мотив повеќе за тимот да се врати посилен следната година, со нова енергија и желба за подобри резултати. Ви благодариме на сите што бевте дел и придонесовте многу и оваа сезона за ФК Горски. Се гледаме наредната сезона.

Честитки до Фк Форца Нова за шампиони сезона 2025/26.

01/05/2026
Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Veles?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


Ulica Vera Ciriviri
Veles
1400