27/06/2026
На ден 25.06.2026 година, скијачите на СК Диме Флејта, заедно со едриличарите од ЕК Акватика Јахтинг и ЕК Нов Ветер, беа во посета на Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, по претходно организирано едриличарско дефиле пред вилата „Билјана”.
Претседателке наша, ви благодариме од сѐ срце! Толку се радувавме што ве запознавме и што поминавте време со нас. Вашите зборови нѐ охрабрија, а вашата добрина ни даде сила да веруваме во себе. Ни ја споделивте вашата љубов кон природата и кон државата, и поради тоа, овој ден ќе остане светол момент во нашето памтење.
А, токму ова е причината зошто го правиме сето ова. „Охридски Ветрови” е камп за едрење кој има за цел преку спорт, образование и дружење да ги запознае младите со вештините на едрењето, одговорноста и љубовта кон природата, вдахнувајќи го потенцијалот на македонските природни богатства, во секој поглед, од рана возраст. Тука децата учат да се соочат со ветрот, да ги подесат едрата и совладаат брановите, но и да си веруваат себеси, да се дружат, да се држат, да паѓаат и да стануваат. Учат дека и од овој наш брег можат да израснат во извонредни луѓе на иднината на овој свет.
Ние, за ден, два потоа, го завршивме седумдневниот камп и некако искрено, ви велиме, не ни се враќа дома. Ќе ни фали дружбата со вас, Претседателке, ќе ни фали звукот на брановите и розевите зајдисонца кон Јабланица, ќе ни фалат другарчињата од Охрид. А, за ветрот, тој голем наш двигател, ќе се потсетиме на едно од писмата на Петре М. Андреески, кој вели: “…Te барав, те барам, во cè и сешто, Te барав, a барајќи можев само да те сретнам, но не и да те најдам, но не и да те најдам.”. Затоа, ние ветуваме дека пак ќе дојдеме, ќе го бараме ветрот и повторно ќе едриме на овие прекрасни води.
26/06/2026
Младите едриличари од кампот „Охридски Ветрови“ на гости кај претседателката Гордана Силјановска Давкова
Децата кои се дел од школата за едрење и летен камп за деца на Охридско езеро од 20 до 27 јуни 2026 организиран од скијачкиот клуб „Диме Флејта”- Тетово, едриличарскиот ...
26/06/2026
Преку едрење младите учат како да го чуваат Охридското Езеро
Кампот „Охридски ветрови" има за цел преку спорт, едукација и дружење да ги запознае младите со вештините на едрењето, но и да им всади чувство на одговорност, тимск...
25/06/2026
Претседателке наша, колку сме радосни што ве посетивме во вила „Билјана” и што имавме прилика да ве запознаеме. Со вашите зборови нѐ охрабривте, а со вашата добрина ни дадовте вистински ветер во грб. Несебично ја споделивте со нас вашата љубов кон природата и нашата татковина. А, ние, скијачите и едриличари, организатори и учесници на едриличарскиот камп „Охридски Ветрови” сме побогати поради тоа и вам засекогаш благодарни! „Акватика Јахтинг" Охрид - „Aquatica Yachting" Ohrid, Nov Veter
24/06/2026
Деновите на кампот поминуваат во дружба, нѐ посетуваат прекрасни деца, создаваме нови другарчиња, сѐ додека најмладите ја стекнуваат љубовта кон овој прекрасен спорт, во нашиот единствен Охрид. Колку се радуваме што нашите високогорци, по само неколку дена активна настава, почнаа самостојно да управуваат со едрилица. Сами ги совладуваат природните елементи на толку рана возраст. Е токму тоа ни е важно. Во ова дигитално време, да се поврземе колку што можеме повеќе едни со други, себеси со природата, и, така, поблиску до убавините на нашата Македонија. А, сето тоа време, вежбаме спорт во професионални услови, и тоа со инструктори кои се актуелни и поранешни републички шампиони во едрење, со значајно меѓународно искуство. И продолжуваме понатаму, нѐ очекуваат убави денови.🫶 Macedonian Sailing Federation 🇲🇰, Aquatica Yachting, Ohrid и Nov Veter | New Wind.
24/06/2026
Нашата Мила од Скопје, успешна едриличарка. Да се знае дека сме горди на напредокот кој го покажува.
20/06/2026
Првиот ден на „Охридски Ветрови” помина во супер расположение. Голема благодарност кон ohridnews.com за медиумското покритие, кој ја пренесе прекрасната порака „Со едра и скии за иднината на Охридското Езеро”. Нека е честит денот на езерото, ние со големо нетрпение ги очекуваме сите убавини што следат 🤩 „Акватика Јахтинг" Охрид - „Aquatica Yachting" Ohrid, Nov Veter, Camperstop Divono. Дојдите и придружете ни се. ⛵️⛷️
02/06/2026
⛵ ОХРИДСКИ ВЕТРОВИ ⛵Заплови со нас! Последни денови за пријава!
Драги пријатели,
Одбројуваме! Нашиот летен камп и школа за едрење „Охридски Ветрови” (20–26 јуни, Камперстоп и плажа Кʼј Дивоно, Охридско Езеро) е сѐ поблиску, а интересот, особено меѓу возрасните, расте 🌊
Сепак, како што разговаравме, за некои семејства, цели седум дена се авантура и пол. Затоа годинава едриме пофлексибилно и можете да дојдете за еден ден, за два, или повеќе. Не ни треба целата недела за да го почувствуваме ветрот во едрата. Школата се оддржува, водата нѐ чека, а ние сме тука за секого што сака да заплови! 🚩
📌 За да ги испланираме деновите и да ги организираме групите и распоредот на едрење како што треба, ве замолуваме своето место да го потврдите најдоцна до овој петок, 5 јуни. Секоја навремена пријава ни помага подобро да ја скроиме неделата.
Цена по тренинг (еден тренинг дневно):
• Возрасни - 25 евра
• Помлади едриличари - 20 евра
🏡 Сместување: отворена е можноста за организирање по свој избор и аранжман, а за оние што копнеат по вистинско кампско доживување, остануваме посветени да обезбедиме сместување во самиот камп. Деталите ќе ги потврдиме според бројот на пријавени.
🎉 И најголемата покана: Додека почнуваме со учење и дружба од сабота, се гледаме на отворањето во недела, 21 јуни, на плажата Кʼј Дивоно. Денот ќе биде исполнет со дружење, едрење, смеа и нови пријателства.
За пријави и информации:
☎️Сања 071 209 548
(Достапна на Вибер и Вацап)
📬Email: [email protected]
28/05/2026
⛰️🏔️⛰️🏔️⛰️
(ИНТЕРВЈУ) Христина Коруноска: Младите сè повеќе се враќаат на планина, ПК Љуботен го организира 44. искачување на Титов Врв
Планинарскиот клуб „Љуботен“ годинава го организира 44. традиционално искачување на Титов Врв. Овој настан е еден од најпрепознатливите и најмасовни помеѓу плани....
25/05/2026
А ние веќе се дружевме со Диме и Розе минатата година на кампот за деца! 🫶
ПЛАНИНАРСКИ МАРШ НА ПК „ЉУБОТЕН“
Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.