25/05/2026
Успешна втора младинска лига – шампиони 🏆
По многу труд, посветеност, дисциплина и заедничка борба низ целата сезона, успеавме да ја освоиме титулата и да станеме шампиони во Втората младинска лига. Честитки до нашите деца и нашите тренери!!
17/05/2026
На 16 и 17 мај со заедничка организација на Фк Беласица и Фк АП Брера на терените со вештачка трева во Струмица и теренот во Г.Балдовци беше организирана завршницата на детските лиги од централниот регион при ФФМ.
Двата дена поминаа со прекрасна организација,продефилираа преку 400 дечиња поделени во 6 категории,родени од 2013 до 2018 година каде што видовме безброј шанси и голови,моменти за паметење и искрено другарство. Упатуваме искрени честитки до сите екипи учесници на овој завршен турнир,за прикажаните игри.
17/05/2026
На натпреварот од 26 коло против екипата на Вардар Неготино и на вчерашниот натпревар од 29 коло против екипата на Саса од Македонска Каменица , дебитанти беа двајца наши струмички играчи од младинскиот погон, кои активно се вклучени во целукупниот тренажен процес.
Ова дава дознаење дека Панче Стојанов заедно со стручниот штаб и претседателот Славчо Васков Пинда, имаат јасна визија и доверба во младинскиот погон и иднината на клубот.
Славе Младенов роден 2009 генерација кој игра во средината.
Апостол Митров роден 2008 генерација кој игра на бочните позиции.
#беласицаеструмица🔵⚪️
#струмицаебеласица
02/05/2026
За одбележување пред денешниот натпревар беше јубилејот на нашиот капитен Александар Милушев кој денес го прослави 250-тиот натпревар во плаво белиот дрес.
#БеласицаГордостСиНаша
#БеласицаЕСтрумица
#СтрумицаЕБеласица
💙🤍💙🤍💙🤍💙🤍💙