Ashtanga Yoga Studio

Ashtanga Yoga Studio

Share

Ashtanga will help you bring your Yoga practice, body, breath and concentration to a new level!

This is the first studio where you can practice Ashtanga Yoga in Strumica

30/08/2026

Сè почесто среќавам луѓе кои се чувствуваат без енергија, уморни и со болки во телото.
Чекаме да се случи нешто…
да дојде вистинскиот момент…
да имаме повеќе време…
да се почувствуваме подобро за да започнеме.
Но вистината е дека тој момент нема да дојде сам.
Промената започнува со една мала чекор.
Со тоа да излеземе од зоната на комфор и да започнеме да се грижиме за себе — со мали, но редовни чекори.
Не мора да бидеш флексибилен.
Не мора да бидеш во форма.
Не мора да знаеш како се практикува јога.
Само треба да започнеш. 🧘‍♀️
Во студио ќе најдеш време за себе, пријатна атмосфера и практика прилагодена на твоето тело и твоето темпо.
✨ Нека оваа недела биде твојот почеток.
Еден мал чекор кон поздраво, посмирено и подобро „јас“.
📩 Ако чувствуваш дека е време да започнеш — пиши ми.
Ќе те очекувам на простирката. 🌿

27/08/2026

ПРИСУСТВО, САМОПОЗНАВАЊЕ, НАСОКАТА.🧘❤️
Да се ​​запрашаме: каде се наоѓаме во нашите животи во овој момент?
Зашто, можеби имате цели, можеби имате соништа, па дури и многу јасно знаете каде сакате да стигнете – но ако не знаете од каде тргнувате, таа насока лесно може да се претвори во уште една обична желба. НАСОКАТА е процес на разбирање на тоа „каде се наоѓам“... Станува збор за патот што веќе сте го изоделе, изборите што сте ги направиле, она што го носите со себе и следниот чекор што има смисла токму сега. Накратко: започнуваме ново сезон... со нови средби...
А што се однесува до насоката – нека секој си ја пронајде својата.
Ви благодариме за довербата!🧘 Едноставно бидете💫

Photos from Ashtanga Yoga Studio's post 27/07/2026

Понекогаш, најубавото нешто што можеме да го направиме за себе е едноставно да исчезнеме на кратко.
Последните дена бев далеку од социјалните мрежи. Бев со луѓето што ги сакам – со моето семејство, моите деца, меѓу планините, морето и музиката. Си потсетив колку малку ни е потребно за да се чувствуваме навистина живи.
Се враќам во студиото со мир во срцето и нова енергија.
За мене јогата никогаш не била само вежбање. Таа е простор каде што застануваме, дишеме подлабоко и повторно се поврзуваме со себе.
Ако чувствуваш дека и тебе ти треба малку повеќе мир, движење и рамнотежа, те очекувам во студиото.
Не мора да бидеш флексибилен. Не мора да имаш искуство.
Доволно е само да дојдеш.
Со радост ќе ја споделам оваа практика со тебе. 🤍

06/07/2026

Во текот на јули ве очекуваат утрински и вечерни часови по јога, прилагодени за сите нивоа. 🌿
Не мора да бидеш флексибилен за да започнеш.
Потребно е само да дојдеш. 🧘‍♀️
✨ Резервирај го твоето место и подари си време за себе.

Photos from Ashtanga Yoga Studio's post 24/06/2026

💫Во недела 22.06 Денот на јогата нè потсети колку е важно да си дадеме време за себе . Дишење, движење, женска енергија и споделени насмевки. Благодарна сум 🙏
Доколку и вие сакате да бидете дел од нашето следно искуство - останете со нас. 🤍

22/06/2026

🌞Неделен распоред за JOГА🌞
🌱Понеделник
18:00 часот Јога за болки во грбот и вратот
🌱Вторник
9:00 часот - Утринска енергетска јога
19:00 часот -Аштанга јога
🌱Среда
18:00 часот - Јога за рамнотежа и вежби за стомачни мускули
19:00 часот Индивидуален час
🌱Четврток
9:00 часот -Утринска енергетска јога
19:00 часот - Аштанга јога
🌱Петок
18:00 часот -Истегнување и вежби за стомачни мускули
19:00 часот Индивидуален час
💫Диши. Живеј вистински. Биди тука.🧘

19/06/2026

💫Оваа недела - 21 јуни, од 18:00 часот во хотел Цар Самуил Банско , ќе има бесплатен час „Јога за сите - прослава под отворено небо“.
По повод Меѓународниот ден на јогата и денот на летната краткоденица, заедно со мене ќе го поздравиме сонцето со движење и вдишување кон летото. Добредојдени сте сите со подлога и удобна облека за движење.
Доколку немате подлога, пишете ми и ќе ви набавам .
Ве молам дојдете порано пред да започнеме🧘🌞❤️

Photos from Ashtanga Yoga Studio's post 15/06/2026

🌿 ЈОГА РИТРИТ ВО ПРЕГРАТКАТА НА БЕЛАСИЦА 🌿

📅 19 – 21 јуни
📍 Хотел Цар Самуил Спа Ресорт

Замислете утро без аларм. Само првите сончеви зраци над Беласица, тишината на природата и длабок здив што ве потсетува колку малку е потребно за да се чувствувате добро.

По повод Меѓународниот ден на јогата, ве покануваме на тридневен Јога Ритрит – искуство создадено за оние кои сакаат да забават, да се поврзат со себе и да ја почувствуваат лековитата моќ на природата.

Во текот на трите дена ќе уживате во:
✨ Јога на изгрејсонце
✨ Јога во термоминерални води – единствено искуство каде движењето и природната терапија стануваат едно
✨ Прошетка до Габровскиот водопад и јога во срцето на Беласица
✨ Масажи, лимфна дренажа, солена соба и молекуларен водород
✨ Detox вода и хербални чаеви во текот на целиот престој
✨ Едукативна работилница со д-р Милена Стојанова посветена на здравјето, балансот и свесната грижа за себе
✨ Работилница за подготовка на здрав десерт
✨ Sunrise фотографија – спомен од едно поинакво утро

Три дена.
Без брзање.
Без бучава.

Само природа, движење, топла минерална вода и време кое конечно му припаѓа на најважниот човек во вашиот живот – вас.

💰 Пакет за 2 ноќевања: 17.380 денари

⚠️ Местата се ограничени. Резервирајте го вашето место навреме.

14/06/2026

💫🧘Неделна програма за JОГА💫🧘
Понеделник
18:00 часот јога за болки во грбот и истегнувања

Вторник
9:00 часот утринска јога за енергија 19:00 часот - аштанга јога

Среда
18:00 часот вежби за истегнување и стомачни мускули

Четврток
9:00 часот утринска јога за енергија 19:00 часот аштанга јога

Петок
18:00 часот јога за рамнотежа и стамачни мускули

Сабота
16 часот јога во вода хотел Цар Самуил Банско
✅Часовите се погодни и за почетници и за напредни практичари кои сакаат да ја продлабочат својата пракса.
✅Исто така, нудам индивидуални часови во време кое ви одговара.
Се гледаме ❤️.

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Strumitsa?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Address


Strumitsa
2400

Opening Hours

Monday 19:00 - 20:00
Tuesday 19:00 - 20:00
Wednesday 19:00 - 20:00
Thursday 19:00 - 20:00