17/05/2026
⚠️ Почитувани , покрај нашата регуларна месечна членарина во период од 18.05 до 18.06 имате можност да ја искористите и нашата специјална понуда која вклучува 1 МЕСЕЦ НЕОГРАНИЧЕНО ВЕЖБАЊЕ плус БРЕНДИРАНА СИТИ ЏИМ МАИЦА по ЦЕНА од 1490 ден.
@
30/03/2026
⚠️ Почитувани , во период од 30.03 до 30.04 со секоја уплатена МЕСЕЧНА ЧЛЕНАРИНА станувате потенцијален добитник на брендирана Сити Џим маица. Единствени услови кои треба да ги исполнувате е да имате активна и платена месечна членарина во споменатиот период. По пат на лотарија на 02.05 извлекуваме 20 среќни добитници на Сити Џим маици. Со среќа 💪
26/03/2026
Голем број научни студии покажуваат дека редовната физичка активност го намалува ризикот од многуте видови рак, како и намалување на ризикот од смртност од сите причини. 🏋♀️🏃♂️
За да се намали ризикот од заболување и смртност од рак на простата кај мажи, за почеток е доволно
2 до 3 пати редовна физичката активност неделно.
23/02/2026
💥 Нашата фитнес опрема ја обновуваме со Matrix Seated Calf справа за подигање на листови од седечка положба. Совршена за изолирано вежбање на мускулите на листовите, овозможувајќи ви максимални резултати. Дизајнирана за удобност и ефикасност ви нуди правилна форма и поддршка за време на вежбањето. Нејзината цврста конструкција гарантира стабилност и безбедност, додека ергономскиот дизајн овозможува удобно вежбање.
13/02/2026
💥 Нашата фитнес опрема ја збогатуваме со платформа за мртво кревање 💪
12/02/2026
💥 Нашата фитнес опрема ја збогатуваме со Kingsbox Reverse Hyper машина.
Машината за обратна хиперекстензија е специјализиран уред дизајниран за зајакнување на задниот ланец поточно на долниот дел од грбот, глутеусите и тетивите а истовремено прави и декомпресија на рбетот.
Овозможува рехабилитација или експлозивен тренинг.
Ја ублажува затегнатоста во долниот дел од грбот и ги подобрува атлетските перформанси.
Клучни придобивки:
- Декомпресија на рбетот.
- Зајакнување на задниот ланец.
- Рехабилитација и мобилност.
25/01/2026
⚠️ Почитувани , во период од 26.01 до 27.02 со секоја уплатена МЕСЕЧНА ЧЛЕНАРИНА станувате потенцијален добитник на брендирана Сити Џим маица. Единствени услови кои треба да ги исполнувате е да имате активна и платена месечна членарина во споменатиот период. По пат на лотарија на 28.02 извлекуваме 15 среќни добитници на Сити Џим маици. Со среќа 💪
15/01/2026
КАЛЦИУМ претставува најважниот минерал за регулирање и овозможување на мускулна контракција, без негово присуство и функција процесот на мускулната контракција не е возможен.
Друга важна улога на КАЛЦИУМ во мускулите е регулирањето за обезбедување на ATP - Adenosine triphosphate (енергија) во зависност од потребите.
29/12/2025
Почитувани клиенти, поради Новогодишните и Божиќни празници следува промена на работното време и тоа:
31.12 ( Среда ) - НЕРАБОТЕН.
01.01 ( Четврток ) - НЕРАБОТЕН.
06.01 ( Вторник ) - од 09 до 15 часот.
07.01 ( Среда ) - НЕРАБОТЕН.
13.01 ( Вторник ) - од 08 до 20 часот.
На сите наши клиенти, пријатели и соработници ви посакуваме среќни Новогодишни и Божиќни празници поминати во пријатна и весела атмосфера со вашите најблиски.
01/12/2025
Медот е природен јаглехидрат што овозможува високо и квалитетно "гориво" за телото. Има антиинфламаторно и антиоксидативно дејство и докажено може да ги подобри перформансите на тренингот и регенерацијата на мускулите после тренинг. Медот е најважно да биде од органско и природно потекло без додатоци.