02/09/2026
Ѓоко Георгиев и Панче Пантазиев, можеби најдобриот напаѓачки тандем на Беласица, со постигнати 168 првенствени гола.
Историја на ФК Беласица од 1922 година па досега. Биографии на играчи, слики, извештаи од натпревари, табели, статистики по сезони од Ace Stojanov .
02/09/2026
Ѓоко Георгиев и Панче Пантазиев, можеби најдобриот напаѓачки тандем на Беласица, со постигнати 168 првенствени гола.
01/09/2026
Александар Митев е поранешен играч на Тиверија, Беласица и Турново.
Александар започнува да игра во младинските школи на Тиверија, од 1995 година. Во 1998 година, на свои 15 години, преминува во Беласица. Митев со младинската екипа, во 2002 година, го освојува купот на Македонија. Летото 2002 преминува во Тиверија и игра стандардно за првиот тим во Третата македонска лига.
Летото 2003 година, Митев преминува во Турново и дебитира против 11 Октомври од Прилеп, кога постигнува и гол. Во есенскиот дел одигрува седум натпревари. Во јануари 2004 година преминува во Беласица. Во дресот на Беласица дебитира на гостувањето против Силекс во Кратово. Вкупно одигрува 4 натпревари. Во 2005 година игра за Тиверија и со овој тим ја освојуваат титулата во Третата македонска лига, но губат во баражот. Во 2006 година малку игра и за Велмеј. Во 2007 година е играч/тренер на млади на Тиверија. Со Ристо Секулов ја формираат младинска школа на Тиверија. Во 2009 е главен тренер на првиот тим. Александар е член на ОФС Струмица и делегат на натпревари од Првата македонска лига.
Во 2025 стана претседател на Тиверија.
01/09/2026
Беласица 1983 г.
На втората слика, дел од екипата, 43 години потоа.
*Нека почиваат во мир, Благој Истатов, Томе Стојанов, Злате Милосовски и Александар Пандев.
01/09/2026
Васко Георгиев, со 109 гола втор најдобар стрелец во историјата на Беласица.
Георгиев 5 сезони бил најдобар стрелец на Беласица.
31/08/2026
Ристо Ристов
31/08/2026
Во сезоната, 2003/04, дури 45 фудбалери забележале настапи за Беласица. Поцев и Христовски одиграле најмногу, односно по 26 натпревари.
31/08/2026
Александар Манчев
31/08/2026
Беласица - 104 години постоење - струмичка гордост.
ФК Беласица одбележа 104 години постоење и додели плакети на играчи со најмногу настапи за струмичкиот сино бел дрес (ФОТО) Струмичка Беласица одбележа 104 години постоење. По тој повод беа доделени плакети на вкупно осум фудбалери кои имаат најмногу првенствени натпревари во сино белио....
31/08/2026
Илија Илиев - Рома, претседателот на ОФС Струмица, денес го слави својот 44-ти роденден.
31/08/2026