30/08/2026
Вториот Strumica Park Run е зад нас, а енергијата и позитивната атмосфера повторно беа на високо ниво! ⚡❤️🏃♂️🏃♀️
Уште еднаш покажавме дека љубовта кон трчањето, дружењето и активниот начин на живот во Струмица расте! 🙌
Огромно благодариме на сите кои дојдовте, трчавте, пешачевте, се дружевте и повторно создадовте прекрасна атмосфера во нашиот парк. ❤️
Посебна чест ни беше што на вториот Strumica Park Run со нас беше и Жан Тосев, носител на третиот најбрз резултат во дисциплината маратон во историјата на македонската атлетика, со време од 2:26:47. 🇲🇰🏃♂️
Неговото присуство е уште една потврда дека ваквите настани можат да ги обединат сите љубители на трчањето - од почетници до врвни атлетичари!
Посебно ни е драго што Strumica Park Run полека, но сигурно станува место каде што сите можеме да се собереме, да бидеме активни, да запознаеме нови луѓе и заедно да поминеме едно убаво саботно утро. 🏃♂️🏃♀️
Ова е само почеток! 💪
Се гледаме повторно на следниот Strumica Park Run! ❤️⚡🏃♂️🏃♀️
Вториот Strumica Park Run е зад нас, а енергијата и позитивната атмосфера повторно беа на високо ниво! ⚡❤️🏃♂️🏃♀️
Уште еднаш покажавме дека љубовта кон трчањето, дружењето и активниот начин на живот во Струмица расте! 🙌
Огромно благодариме на сите кои дојдовте, трчавте, пешачевте, се дружевте и повторно создадовте прекрасна атмосфера во нашиот парк. ❤️
Посебна чест ни беше што на вториот Strumica Park Run со нас беше и Жан Тосев @zan_tosev , носител на третиот најбрз резултат во дисциплината маратон во историјата на македонската атлетика, со време од 2:26:47. 🇲🇰🏃♂️
Неговото присуство е уште една потврда дека ваквите настани можат да ги обединат сите љубители на трчањето - од почетници до врвни атлетичари!
Посебно ни е драго што Strumica Park Run полека, но сигурно станува место каде што сите можеме да се собереме, да бидеме активни, да запознаеме нови луѓе и заедно да поминеме едно убаво саботно утро. 🏃♂️🏃♀️
Ова е само почеток! 💪
Се гледаме повторно на следниот Strumica Park Run! ❤️⚡🏃♂️🏃♀️
25/08/2026
👇👇👇👇
Уште помалку од една седмица до истекот на early bird резервациите. 📅🐦
Побрзајте и обезбедете го вашето место!
Се гледаме на улица! 👋
https://akbelasica.trki.mk/mk/events/strumica-na-ulica-2026
15/08/2026
Една Струмица. Еден ритам. Една енергија. ⚡❤️🏃♂️🏃♀️
Денес го одржавме првиот Strumica Park Run - и не можевме да посакаме подобар почеток!
Огромно благодариме до сите Вас кои денес дојдовте во толкав број, истрчавте и ја направивте атмосферата прекрасна. Искрено, не очекувавме толку голем одзив! 🙌 🙌
Вашата поддршка и енергија ни покажаа дека Струмица има желба за трчање, дружење и практикување на здрав начин на живот.
Голема благодарност и до медиумот Струмица Денес Strumica Denes за поддршката и споделувањето на настанот, како и до девојките од Женскиот фудбалски клуб Брера Тиверија Tiverija Strumica Women's FC!
Ова е само првиот чекор.
Се гледаме на следниот Strumica Park Run! ❤️🏃♀️🏃♂️
Една Струмица. Еден ритам. Една енергија. ⚡❤️🏃♂️🏃♀️
Денес го одржавме првиот Strumica Park Run - и не можевме да посакаме подобар почеток!
Огромно благодариме до сите Вас кои денес дојдовте во толкав број, истрчавте и ја направивте атмосферата прекрасна. Искрено, не очекувавме толку голем одзив! 🙌 🙌
Вашата поддршка и енергија ни покажаа дека Струмица има желба за трчање, дружење и практикување на здрав начин на живот.
Голема благодарност и до медиумот Струмица Денес @strumicadenes за поддршката и споделувањето на настанот, како и до девојките од Женскиот фудбалски клуб Брера Тиверија @wfcbrerativerija !
Ова е само првиот чекор.
Се гледаме на следниот Strumica Park Run! ❤️🏃♀️🏃♂️
07/01/2026
🏃♂️🏃♀️ Новата 2️⃣0️⃣2️⃣6️⃣ година ја стартувааме како шо треба! 🎉🎉
Денеска, кај споменико на Борис Трајковски, у најубва атмосфера, насмеени, со позитивна енергија и ного чекори, направииме една јака новогодишна вокранизација (трчанка) 👟🔥
Се собрааме големото друштво (колко сме толко сме), чувеци со различен пејс, километража и форма, ама сите со една иста цел – спортуване, дружене и јак старт на годиинта. 💪❤️
👉 Как и секојпат – без притисок, без секиранции, секој си трчаше колко шо може и как моо мерако.
👉 Посебно ни е драго шо друштвото се шире и се надеваме оти уште ќе расте!
🙏 Фала на сите шо дојдеете, шо си донесеете гулема насмевка и ногу јака енергија.
📸 Тии шо не дојдеете Ви оставаме да видате малечок дел од атмосферата преку сликите, за следните трчанки да дооте!
📣 И за крај би сакале да упатаме еден апел до помладите спортисти,рекреативци и вежбачи у градо, знааме оти ве има у голем број, без разлика шо и да вежбате, елајте потрчајте некој километар со нас, убво ќе ви биде! Вратте се отворани за сите!
Поздрав гулем до сите Ви посакува Атлетскиот клуб Беласица Ран.
31/05/2024
Трчавме и рецитиравме...
Една од најдобрите трки во Македонија, на брегот на Охридското езеро, минатиот викенд беше организирана во градот на поезијата Струга. Како и претходните така и оваа година нашиот клуб зеде учество на сите трки,односно на 5 км, 10 км и детската трка на 500 метри. Сите наши членови истрчаа над своите очекувања и сите се вратија со лични рекорди 👏
Васка Костадинова трка на 5 км со време 00:26:27 , Митко Батев на 10 км со време 00:47:46 , Столе Костадинов на 10 км со време 00:46:11, Ване Пантев на 10 км со време 00:45:15 .
Се гледаме следната година
#Трка на Поезијата - Poetry Run
20/04/2024
Минатиот викенд, на ден 14.04.2024 година, тројцата наши членови Васил Георгијевски, Никола Полизовски и Влатко Манчев како единствени претставници од Струмица и Македонија настапија во Лимасол, Кипар на трките на 10км и полумаратон. И покрај некарактеристичното жешко и влажно време за овој период Никола Полизовски и Васил Георгијевски успешно ја завршија полумаратонската трка со времиња од 1:42:46 и 1:46:37, додека Влатко Манчев со време од 1:05:00 ја заврши трката на 10км. Со оваа учество успешно се отвори сезоната на настапи на наши членови на трки надвор од државата и се надеваме на долга и успешна сезона.