13/08/2026
Младинците на ФК Брегалница на меморијалниот турнир Пандо кој се оддржа на 11.08. и 12.08. во Скопје под организација на младинската школа на ФК Вардар се прикажа во одлично светло.
Во конкуренција на Брегалница, Вардар, Пелситер, Работнички, Македонија ЃП, Тетекс и Репрезентацијата на Македонија до 17 години, штипјаните го освоија високото 4 место што е уште еден доказ дека градот Штип располага со одличен фудбалски потенцијал.
Избраниците на шефот на стручниот штаб на младинците на штипските сини, Влатко Давитков одиграа 4 одлични натпревари со кремот на младинскиот фудбал во Македонија. Со скор од 2 победи и еден пораз нашите млади надежи завршија на второто место во групата, обезбедувајќи натпревар за трето место.
На сите натпрвари нашите фудбалери беа доминантни, но на одредени моменти во финишот останаа без концентрација и среќа.
Резултати:
ФК Брегалница 4 - 1 ФК Тетекс
ФКБрегалница 2 - 1 ФК Работнички
ФК Брегалница 1 - 2 ФК Вардар
Натпревар за трето место:
ФК Брегалница 2 - 3 ФК Пелистер
Голманот на штипските сини Кевин Заов беше прогласен за најдобар голман на турнирот.
Од таборот на ФК Брегалница изразуваме благодарност до организаторот на овој турнир и се надеваме и на понатамошна соработка.
Исто така им честитаме на сите учесници за фер и коректната игра и на освојувачите на турнирот - Репрезентацијата на Македонија до 17 години.
19/05/2026
Младите категории на ФК Брегалница на едно коло пред крајот на Супер Лигата се наоѓаат стабилното 7.место на вкупната табела. Стручниот штаб генерално е задовоен од ангажманот на младите надежи, со желби и мотиви за догодина со уште подобар пласман и успеси!
04/05/2026
Во четврток (07.05.2026) со почеток од 10:00ч. помладите пионери го играат полуфиналето од Купот против скопски Вардар.
За напомена, вчера, кадетите и младинците на Брегалмица остварија високи и убедливи победи против врсниците од Битола.
30/04/2026
На одржаната ждрепка за полуфиналните двојки во Купот на Македонија во младинска конкуренција, нашите помлади пионери за противник го добија скопски Вардар! Натпреварите од Купот ќе се играат на 5, 6 и 7ми мај, а дополнително ќе биде одреден точниот датум и саатница за нашиот меч против Вардар во Скопје.
За напомена, овие две екипи ги одмерија силите во првенствен натпревар во Штип, одигран во вторникот, а нашите најмлади надежи остварија победа од 1:0. Пионерите одиграа 1:1, а натпреварите од категорија кадети и младинци се одложени.
27/04/2026
Младите категории на ФК Брегалница играат сигурна сезона, во целокупниот поредок се на седмата позиција на 5 кола до крајот на сезоната. Помладите пионери го чекаат противникот во полуфиналето на купот!
21/04/2026
Помладите пионери се во полуфинале, пионерите несреќно изгубија во пенал рулетот!
Денеска, на стадионот во месноста Бело Брдо, во двата 1/4 финални мечеви од купот во категории помлади пионери и пионери - вистинска драма! Двата натпревари беа решени после изведување на пенали. Помладите пионери беа поуспешни од врсниците на Македонија ЃП со вкупен резултат 6:5, додека пионерите изгубија на пенали од истиот противник со 4:5.
Им честитаме на младите момци од категорија помлади пионери и им посакуваме успех во 1/2 финалето!
Во четврток се игра 1/4 финалето од купот во категории кадети и младинци, а Брегалница игра против Пелистер во Битола.