23/08/2026
Членови на ПК"Лисец",Александар Крстев и Емилија Гаврилова денес беа на ноќното искачување на Голем Крчин (2.341 м.н.в.) и присуствуваа на Светата Литургија на изгрејсонце на врв Крчин.
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ДПС Лисец - Штип / DPS Lisec - Shtip, Sports Team, Borko Talev BB, Stip.
23/08/2026
Членови на ПК"Лисец",Александар Крстев и Емилија Гаврилова денес беа на ноќното искачување на Голем Крчин (2.341 м.н.в.) и присуствуваа на Светата Литургија на изгрејсонце на врв Крчин.
20/08/2026
КАМПУВАЊЕ И ПЛАНИНАРЕЊЕ НА ШАР ПЛАНИНА
📅 28–30 август 2026
Традиционално, и оваа година ПК „Лисец“ – Штип и ПK „Бел Камен“ – Радовиш организираат незаборавно дружење, кампување и планинарење на прекрасните предели на Шар Планина, од косовска страна. 🏔️
Оваа година kе ги искачуваме врвовите:
⛰️ Трпезница – 2.590 мнв
⛰️ Џинибег – 2.610 мнв
⛰️ Челепински Врв – 2.554 мнв
🥾 Вкупна должина на патеката: околу 20 км
📈 Вкупно искачување: околу 1.100 м
📍 Програма:
🔹 28 август – петок
Поаѓање од Штип/Скопје со сопствен превоз.
Поставување шатори на ливада над с. Брод, кај Шолин мост, на Лева Река – притока на Дрим.
🔹 29 август – сабота
🥾 Планинарење со поаѓање во 06:00 часот.
По враќањето следува заедничка вечера покрај логорски оган, под ѕвездите, со гитара, песна и добро друштво. 🔥🎸✨
🔹 30 август – недела
🏞️ Разладување во реката, можност за кратка прошетка низ кањонот и потоа враќање во Македонија.
🎒 Што треба да понесете:
Секој учесник сам обезбедува опрема за кампување, храна и планинарска опрема.
ПК Лисец ќе стави на располагање 2 големи шатори за оние кои немаат сопствен шатор.
🚗 Се оди со сопствен превоз. За превозот ќе се организираме по автомобили и ќе ги поделиме трошоците.
⚠️ Секој учесник е лично одговорен за себе за време на акцијата.
Да се почитуваат правилата на организаторот и водичот.
📌 Пријавување до 26.08.2026
📞 Александар: 070-210-063
📞 Славе: 070-247-264
Ајде заедно на Шара – планина, камп, врвови, река и незаборавно дружење! ❤️🏔️🔥
16/08/2026
09.08.2026 – 16.08.2026
Планинарско-авантуристичка акција „Доломити 2026“, во организација на ПК „Лисец“ – Штип
Една незаборавна недела исполнета со планинарење, ферaтa предизвици, прекрасни глетки, езера, добро друштво и многу авантури! ❤️
- посета на цветното гратче Alleghe со езерото и тесните кривулести камени улички
- Магијата на Vigo di Fassa
- Ноќевање во Rifugio Vajolet, под карпести врвови кои го параат небото
- Искачување на врвот Catinaccio (3.004 м н.в.) преку Via Ferrata Catinaccio d’Antermoia
- Капучино и штрудла со прекрасен поглед од Rifugio Principe
- Возбудливо спуштање до ледничкото езеро Antermoia
- Алпинистичко искачување по карпи и процепи на необичната и адреналинска Ferrata Passo Santner
- Магичната патека од Passo Coronelle до Rifugio Santner и Rifugio Alberto, со едни од најубавите погледи кон Torri del Vajolet
- Прошетка околу ледничкото езеро Tovel и освежување во кристално бистрите води на плажата Bianca
- Искачување на врвот Tullen (2.655 м) од Passo Zannes, преку карпест гребен
- Разгледување на Мерано и освежување со Aperol
- Опуштање во Terme & Spa Merano
Во акцијата учествуваа вкупно 18 планинари:
Членови на ПК „Лисец“ – Штип:
Анѓел Шијаков, Емилија Гаврилова, Александар Санев, Вишна Шорова, Александра Санева, Тања Грахам, Лидија Симонова, Билјана Лепавцова, Илија Димоски, Александар Гаврилов, Роберто Цветковски, Анѓел Коцев и Славица Ристова и
нашите пријатели:
Ненад - Белград, Анита Поповска - Скопје, Силвана Миладинова - Неготино, Ѓорги Димитриевски - Струмица и Маријана Митева - Радовиш.
Благодарност до сите учесници за прекрасното дружење, позитивната енергија, меѓусебната поддршка и сите заеднички незаборавни моменти.
Доломитите не се само планини – тие се посебно доживување. ❤️
Величествените врвови, бескрајните карпести патеки, возбудливите ферати, ледничките езера и погледите што оставаат без здив се нешто што не може едноставно да се опише со зборови. Тоа мора да се доживее.
А најубаво од сè е кога сето тоа го споделуваш со луѓе со кои го делиш заморот, адреналинот, смеата, кафето, предизвиците и радоста по секој освоен врв.
Една недела помина брзо, но Доломитите оставија спомени што ќе траат долго. ❤️
До следната планина, следната авантура и следното заедничко доживување!
#Доломити2026 #Планинарење
04/08/2026
🏔️ Планинарски клуб Лисец на врвот Мусала (2.925 м) – највисокиот врв на Балканот!
Успешно искачување остварија:
• Тоше Ристов
• Трајче Алексов
• Милорад Ангелов
• Зоран Читкушев
Со нив беше и гостинот од Австралија, д-р Злате, кој исто така е член на Планинарскиот клуб Лисец.
Честитки до сите учесници за успешно искачување, тимскиот дух, упорноста и љубовта кон планината.
22/07/2026
19.07.2026 - Шар Планина
Од с. Бродец преку врвовите Шилиџе (2502 мнв), Вртоп (2555 мнв) и Караниколичкото Езеро до с.Вешала.
Изминати 28 км, искачување од 2.100 метри.
ПК Лисец во друштво со ПК Љуботен
20/07/2026
Билјана Донева со уште едно значајно алпинистичко достигнување - Мон Блан и уште два алпски врва над 4.000 метри во еден подвиг.
Нашата членка Билјана Донева успешно ја реализираше својата алпска тура, при што за само неколку дена ги искачи:
• Монте Роса - Корно Неро (4.321 м) и
Паротшпиц (4.434 м) на 16.07.2026
• Мон Блан (4.810 м) - највисокиот врв на Алпите и Западна Европа на 19.07.2026г. Во 9.10 часот.
Овој резултат е потврда за нејзината посветеност, истрајност, одлична физичка подготвеност и љубов кон планината.
Честитки, Билјана, за ова извонредно достигнување!
Ти посакуваме добро здравје, безбедни искачувања и уште многу моменти за паметење на планините.
Горди сме што си дел од ПК „Лисец“ - Штип.
15/07/2026
10.696 метри за пет дена Методи Стефанов од Штип ги освои Казбек и Елбрус
https://motika.mk/10-696-metri-za-pet-dena-metodi-stefanov-od-stip-gi-osvoi-kazbek-i-elbrus/