22/08/2026
Од најмладите до оние со многу километри позади себе...
Трчањето има нешто посебно во себе, ги собира сите генерации на едно место. Помлади, повозрасни, почетници, искусни тркачи, секој со свое темпо, ама со голема почит едни кон други.
Токму тоа ни е едно од најубавите нешта кај Superior Runs. Да гледаме како трчањето ги спојува генерациите и како љубовта кон спортот се пренесува понатаму.
Кој ве инспирираше да го засакате трчањето?
Голема благодарност до Александар И. што ги фати овие прекрасни моменти.
21/08/2026
🇲🇰 МАКЕДОНИЈА НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ!
Со 90 спортисти во 19 спортови, Македонија ќе биде дел од Медитеранските игри Таранто 2026, а меѓу спортовите што ќе ги следиме со посебно внимание е и атлетиката.
Еден од македонските претставници во атлетика ќе биде Дарио Ивановски, кој повторно ќе ги брани националните бои на голема меѓународна сцена.
Медитеранските игри се уште една можност македонската атлетика да се претстави пред силна конкуренција, да донесе добри резултати и да покаже колку потенцијал има нашиот спорт.
Среќно на целата македонска делегација! Нека Таранто донесе добри настапи, лични рекорди и моменти за паметење.
#Таранто2026 #МедитеранскиИгри #Македонија #МакедонскиСпорт
15/08/2026
Дарио Ивановски ја носи Македонија на Европското првенство во Бирмингем! 🇲🇰
Утре, нашиот најдобар маратонец ќе настапи на 27. Европско првенство во атлетика, каде што ќе се натпреварува со дел од најдобрите маратонци во Европа.
Дарио во Бирмингем пристигнува како македонски рекордер во маратон со време од 2:08:26, а годинава веќе покажа одлична форма со 2:09:35 на Белградскиот маратон.
Пред него е уште еден голем предизвик и уште една можност гордо да ги брани боите на Македонија.
Стартот на маратонот е во 09:10 часот по македонско време.
Среќно, Дарио! Навиваме за тебе и ти посакуваме силна трка во Бирмингем! 💙💚
14/08/2026
Секој си има своја приказна како почнал со трчање.
Некој со 2 километри низ маало, некој за подобра форма, некој по покана од пријател, а некој само сакал да провери до каде може да стигне.
Сите сме почнале различно, но на патеката доаѓаме со истото чувство.
И баш ни е мило што трчањето ве донело до Superior Runs.
Ајде да ги слушнеме вашите приказни. Како започнавте со трчање? 🏃♀️
Голема благодарност до Дамјан за фотографиите.
foto
📍 Целата фото-галерија е достапна на нашиот Facebook:
facebook.com/superiorruns/photos_albums
08/08/2026
Во една од најстарите штипски населби, таму каде што почнува приказната за градот, тркачите донесоа нова енергија меѓу старите улици, камените куќи и погледот кон Исарот.
Токму тоа е убавината на Superior Runs. Не трчаме само низ улици, туку низ места што ја носат историјата на Штип, неговиот дух и луѓето што му даваат живот.
Со нетрпение го чекаме новото издание и новата приказна што повторно ќе ја пишуваме заедно.
Голема благодарност до Филип што го фати овој дел од трката и ни остави фотографии со вистински штипски карактер.
📍 Целата фото-галерија е достапна на нашиот Facebook:
facebook.com/superiorruns/photos_albums
🎥 Видео:
07/08/2026
Од 1983 до 2026. Толку е голем распонот меѓу најстариот и најновиот рекорд на оваа листа.
Најстариот рекорд на оваа листа е поставен уште во 1983 година. Jarmila Kratochvílová истрча 800 метри за 1:53.28, а повеќе од 43 години подоцна никој сè уште не успеал да биде побрз.
На другиот крај, оваа година падна една од најголемите граници во трчањето. Sabastian Sawe го истрча маратонот за 1:59:30 и стана првиот човек со официјално признат маратон под два часа.
А некои рекорди биле пишувани со неверојатна брзина. Usain Bolt ги постави светските рекорди на 100 и 200 метри во период од само четири дена, додека Florence Griffith-Joyner во 1988 година го собори рекордот на 200 метри двапати во ист ден.
Од 100 метри до маратон, секој од овие рекорди има своја приказна. Некои траат со децении, некои се поставени неодамна, а следниот можеби е многу поблиску отколку што мислиме.
Кој од овие рекорди мислите дека ќе биде соборен следен? 👀
#трки
02/08/2026
Честит Илинден! 🇲🇰
Денес го одбележуваме празникот што нè потсетува на храброста, борбата за слобода и љубовта кон татковината.
Нека споменот на хероите живее вечно. Нека ни е честит 2 Август, Илинден! ❤️💛
27/07/2026
ТОНИ МАНЕВ УСПЕА! 🇲🇰
По 400 километри низ швајцарските Алпи, 25.000 метри позитивно искачување и повеќе од шест дена на трасата, нашиот ултрамаратонец Тони Манев стигна до целта на Crossing Switzerland 400K во Монтре.
Овој огромен предизвик, кој го помина сам, Тони го заврши за 162 часа, 20 минути и 24 секунди, во рамките на временскиот лимит од 176 часа.
Честитки, Тони! Покажа што значи истрајност, дисциплина, храброст и супериорен дух.
Сега следува заслужен одмор. Ти посакуваме уште многу успеси и нови предизвици, знаеме дека нема да застанеш тука.
Штип има причина да биде горд! 🏃♂️👏
26/07/2026
Да се присетиме на овој убав сончев ден.
Повеќе од 1.300 тркачи ја поминаа финиш линијата, а градот уште еднаш покажа зошто Superior Runs е повеќе од трка. Од улиците полни со чекори и аплаузи, до Исарот што стоеше над градот како тивок сведок на целиот ден.
Со нетрпение го чекаме новото издание и новата приказна што повторно ќе ја испишеме заедно.
Голема благодарност до Наташа Л. што ги фати овие искрени моменти од патеката.
📍 Целата фото-галерија е достапна на нашиот Facebook:
facebook.com/superiorruns/photos_albums
25/07/2026
🌟 КОНЕЧНО ПАДНА РЕКОРДОТ ШТО СТОЕШЕ 27 ГОДИНИ!
На 18-ти јули, Josh Kerr истрча една милја за 3:42.66 на London Diamond League и го сруши рекордот што стоеше уште од 1999 година. Со ова време, Kerr стана и првиот човек што ја истрчал милјата под 3:43.
Милјата е една од најлегендарните дисциплини во трчањето, а кога ќе падне рекорд што опстојувал речиси три децении, јасно е дека станува збор за навистина голем момент во атлетиката.
Со овој настап, Kerr не само што стигна до победа, туку испиша и нова страница во историјата на оваа дистанца.
#ДалиЗнаеш