Официјалната Facebook страна на РК Вардар 1961 | Official page
Ракометниот клуб Вардар е основан во 1961 година. Најголемите успеси ги постигнува откако Македонија станува самостојна држава, кога почнува и прогресот на клубот. Повеќекратниот првак, победник на Куп, постојано е во врвот на македонскиот ракомет.
Во клубот играле најголемите ѕвезди на македонискиот ракомет како што се Пепи Манасков, Ванчо Јовановски, Аце Станковски, Љубомир Савевски, Драган Мари
нковиќ, Зоран петковски, Игор Котевски,Стефче Алушовски, Бранислав Ангеловски, Марјан Колев, Кирил Атанасовски, и многу други
Последните години стандардно по неколку играчи од Вардар играат во националниот тим на Македонија, и секогаш има по неколку познатиинтернационалци. Тренерот на Вардар повеќепати бил и сeлектор на националниот тим на Македонија.
*Најголеми клубски успеси:*
Шампион на Македонија: 1998/99, 2000/01, 2001/02, 2002/03, 2003/04, 2006/07, 2008/09, 2012/13
Вице првак на Македонија: 1999/2000; 2005/06, 2007/08
Победник на национален Куп: 1996/97, 1999/2000, 2000/01, 2002/03, 2003/04, 2006/07, 2007/08
Европски КПК - 1/2 финале: 1998/99, 2004/2005
Настап во Лига на шампионите: 2001/2002; 2002/2003; 2003/2004; 2004/2005, 2007/2008,
*Други клубски рекорди:*
* Прв македонски машки клуб што освоил четири шампионски титули по ред (2000/2001 - 2003/204)
* Прв македонски машки клуб со осум трофеи од Национален Куп
* Прв македонски клуб со четири титули по ред во првенство
* Прв македонски машки клуб што играл пет пати во Лигата на шампионите, четирипати по ред
* Втор македонски машки тим што играл во групите од Лигата на шампионите
* Прв македонски машки клуб што играл четирпати по ред во Лигата на шампионите
* Прв македонски машки клуб што играл петпати во Лигата на шампионите
* Прв македонски клуб што освоил пет бода во групата од Лигата на шампионите (2007/2008)
* Втор македонски машки клуб што играл во полуфинале на КПК (1998 - 2005)
*Други резултати по сезони*
1992/93 - 3 место место во македонско првенство
1993/94 - 3 место МКД првенство, 1/2 финале Национален Куп
1994/95 - 3 место МКД првенство, 1/16 финал Куп ЕХФ
1995/96 - 7 место МКД првенство, 1/16 финале Куп ЕХФ
1996/97 - 3 место МКД првенство, Победник на национален Куп
1997/98 - 3 место МКД првенство, Финале на Куп, 1/16 КПК
1998/99 - 1 место МКД првенство, финале на Куп, 1/2 финале КПК
1999/2000 - 2 место МКД првенство, Победник на Куп, 1/16 финале Лига на шампиони
2000/2001 - 1 место МКД првенство, Победник на Куп
2001/2002 - 1 место МКД првенство, Финалист на Куп, Игра во група од ЛШ (4 место во група)
2002/2003 - 1 место МКД првенство, Победник на Куп, Игра во група од ЛШ (3 место во група)
2003/2004 - 1место МКД првенство, Победник на Куп, Игра во ЛШ (4 место во група)
2004/2005 - 4 место МКД првенство, Полуфиналист на Куп, Игра во ЛШ (3 место), 1/2 финале во КПК
2005/2006 - 2 место МКД првенство, финалист на Куп, 1/4 финале Куп Челинџ
2006/2007 - 1 место МКД првенство, Победник на Куп, 1/4 финале на КПК
2007/2008 - 2 место МКД првенство, Победник на Куп, Игра во ЛШ (4 место, 5 бода, против Загреб, Адемар и Кадетен)
Куп, Игра во ЛШ (4 место, 5 бода, против Загреб, Адемар и Кадетен)
01/09/2026
НОВ КАПИТЕН НА РК ВАРДАР 🔴⚫
РК Вардар во новата сезона ќе има нов капитен - голманот Васил Гогов.
Играч кој долго време е верен на клубот, кој растеше со Вардар, се бореше за овој дрес и секогаш беше дел од црвено-црната приказна, сега добива нова и одговорна улога - да биде лидер на тимот на теренот и надвор од него.
Капитенската лента е чест, но и обврска. Таа носи одговорност, карактер и пример за сите во соблекувалната. Веруваме дека Васил со својата посветеност, работа и љубов кон клубот ќе ја носи достоинствено.
Негов заменик-капитен во новата сезона ќе биде Јака Малус, еден од најискусните играчи во тимот и важен дел од играта на РК Вардар.
Нова сезона. Нови предизвици.
Со среќа, капитени! 💪🔥
01/09/2026
Креаторот и долгогодишниот Претседател на РК Вардар 1961, денес го прославува својот јубилеен 80. роденден.
Посакуваме уште долги години да се радува на клупските успеси, во добро здравје и хармонија!
26/08/2026
Повеќе од клуб 🔴⚫️
Мигот кога во дресот на Вардар ќе се стапне на жешкиот терен во преполната сала „Јане Сандански“ не се заборава. 🔥
Тренерот Иван Чупиќ, во пресрет на првиот домашен натпревар во Лигата на шампиони против Нант, за препознатливата атмосфера во Скопје, но и за одговорноста кон тоа што претставува Вардар и неговата традиција.
Полни трибини и срце на терен!
25/08/2026
#𝟐 | ЉУБОВТА НАША ГОЛЕМА!
Втората епизода од серијалот „Љубовта наша голема“ ја раскажува приказната на Милош Грковски и неговиот син Павел, за две различни генерации на навивачи, кои Вардар ги поврзува со иста емоција и припадност.
Поддршката која му ја даваат на клубот на секој натпревар, доволно говори за нивната приврзаност кон клубот, а нивната приказна е вистински пример за тоа како љубовта кон црвено-црното се пренесува од генерација на генерација.
Чест ни е што имаме такви навивачи, што ја имаме најдобрата публика на светот!
🚨Денес е последен ден за купување на сезонски билети. Линк: https://vtickets.mk/
Борбата започнува!🔴⚫️
Се гледаме наскоро во сала🔥
24/08/2026
Известување!!
РК Вардар 1961 ја известува ракометната јавност дека на наше барање прифатено е одложување на натпреварот од 2-то коло на Регионалната Ракометна Лига помеѓу екипите на Динамо Панчево и РК Вардар 1961, кое по распоред требаше да се одигра на 26-ти Август ( среда ). Ова барање следи по низата на повреди и вирус кој го погоди нашиот тим, а поради што сме оневозможени да гостуваме во Панчево.
Изразуваме огромна благодарност до РК Динамо Панчево и раководството на Регионалната Ракометна лига за позитивниот одговор на нашето барање.
24/08/2026
КУПИ СЕЗОНСКИ БИЛЕТ!
УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ВО ПРОДАЖБА!
СЕЗОНСКИ БИЛЕТ РК ВАРДАР 1961
НАБАВЕТЕ ГО ВАШИОТ СЕЗОНСКИ БИЛЕТ ЗА СИТЕ НАТПРЕВАРИ НА РК ВАРДАР 1961 ЗА СЕЗОНА 2026/2027 Со сезонски билет гледај три различни натпреварувања!РК Вардар ги информира св....
24/08/2026
ГОСТИНСКИ ДРЕС СЕЗОНА 𝟐𝟎𝟐𝟔/𝟐𝟕 ⚫️🔴
Со задоволство Ви го претставуваме новиот гостински дрес на РК Вардар 1961 за сезона 𝟐𝟎𝟐𝟔/𝟐𝟕 🔥
Инспириран од 65-от јубилеен роденден на клубот, со златна симболика ќе зачекориме во новата сезона!
🚨 Новиот гостински дрес ќе биде наскоро достапен во продажба.
За името свето на дресот‼️
23/08/2026
Многу генерации - само една љубов 🖤❤️
Поддршката од трибините исполнети во црвено-црна боја ќе биде повеќе од важна во битката која ни претстои 🔥
🚨 Продажбата на сезонски билети се врши онлајн, преку продажната мрежа на клубот и ќе трае до 25.08.2026 год.