30/06/2026
Модерниот балет е современа форма на танц што ги спојува техниките на класичниот балет со слободата и креативноста на модерниот танц. Тој овозможува поголема изразност преку движењето и често раскажува приказни или пренесува емоции на оригинален начин. Наместо строги правила, модерниот балет поттикнува индивидуален стил, иновативна кореографија и уметничка слобода.
Уживајте во овие фотографии од модерното парче 4 сезони од нашиот последен концерт 🩰
15/06/2026
🩰 Една сцена, безброј соништа и моменти што никогаш нема да ги заборавиме. ✨
11/06/2026
Сѐ што правиме е за овој момент! За насмевките на нашите балерини, за гордоста на родителите, за нашата публика која секогаш нѐ поддржува во огромен број.
Месеци труд, посветеност, вежбање и љубов кон танцот се претворија во магија на сцената. Секој чекор, секоја кореографија и секој аплауз беа потсетник зошто го сакаме тоа што го правиме.
Ви благодариме што бевте дел од нашата приказна и што заедно создадовме уште една незаборавна вечер исполнета со емоции, уметност и балетска магија.
Со љубов,
Арт Балет ❤️
Благодарност до фотографот Марко Угарковиќ за преубавите фотографи.
07/06/2026
Се гледаме на сцената на Националната Опера и Балет овој вторник 9 јуни со почеток во 19:00 часот 🤗⚘️❤️
26/05/2026
✨ Вечер на магија, емоции и балетска уметност…
Балетското студио Арт Балет ве поканува на својот годишен концерт „Балетски класици“, каде публиката ќе има можност да ужива во безвременските ремек-дела од класичниот и модерниот балет. 🩰
Со многу љубов, посветеност и талент, нашите балерини ќе ве поведат во свет исполнет со грациозност, музика и емоции.
📍 Национална опера и балет
🗓 9 Јуни
🕖 19:00 часот
Ве очекуваме заедно да создадеме уште една незаборавна балетска вечер! 🤍