Handball Camp 40x20 Macedonia под полна пареа 💪
Читај Ракомет со Горан Ѓоргоноски
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Читај Ракомет со Горан Ѓоргоноски, Sports, Skopje.
За македонЦкиот ракомет - артикулирање ставови за состојбата на #МакРакомет - от со поранешниот македонски репрезентативец и основач на проектот #РакометЗаСекоеДете Горан Ѓоргоноски 🇲🇰 Читај ракомет!
Поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен член на ракометниот клуб Металург од свој агол ги анализира и коментира моменталните состојби на македонскиот ракомет.
Каде е македонскиот ракомет
14/06/2026
🇩🇪 Фуксе Берлин ⚔️ Барселона 🇪🇸
Матијас Гитсел или Дика Мем 🤾♂️
Мотивот и желбата за дебитантски трофеј во Лигата на шампионите или искуството и рутината на тим кој знае како се освојуваат трофеи, без разлика на натпреварувањето во кое учествува? 🤔
Низ главата барам рецепт како големата Барса да стигне до својата 12-та европска круна. Компактна 6-0 зона, релативно плитка, со повремени „излети“ на страната на најдобриот светски ракометар, со цел да нема "добра" топка, квалитетен залет ...
Контрола врз играта, дозирање на темпото и трпеливост во нападот.
Од другата страна се младоста, гладот и мотивот да се освои трофејот што недостасува во витрините на Фуксе Берлин. Но, можеби уште поголем мотив е фактот што истиот тој трофеј недостасува и во пре богатата ризница од рекорди, индивидуални признанија и достигнувања на моментално најдобриот светски ракометар, Матијас Гитсел.
Во сенка на дуелот на идните соиграчи во Фуксе Берлин, е уште еден голем двобој на двајцата, моментално, најдобри светски голмани, Емил Нилсен и Дејан Милосављев. ⚔️
Директна контра или мирен, позиционен напад? Соработка со пивотите или вистинска брканица? Изолација на едната или другата страна, игра еден на еден на левораките бекови на Берлин или разбивање на зоната преку визијата и креативноста на Андерсен?
Едно е сигурно - ќе гледаме спектакл!
Се слушаме, заедно со Драган Николовски на МРТВ 3 од 18 часот 📺🕐🎙️
Фото: чичко ChatGPT
13/06/2026
📢 Со Драган и Ѓоргон на МРТВ - викендов се игра завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн 😄
За пошироката јавност, овој завршен викенд во најелитното ракометно натпреварување останува во сенка на големиот спортски спектакл во Северна Америка.
Но, за нас што живееме со ракометот – ова е вистински десерт. Ланксес арената повеќе од една деценија е синоним за успех, гламур, маркетинг и врвен ракомет.
🇩🇪Ланските финалисти, Магдебург и Фуксе Берлин, ќе го отворат Ф4 спектаклот. Неколку „рибари“ и Феликс Клар против, "можеби", најголемиот во моментов, Матијас Гидсел. Дечкото кој руши и допрва ќе ги руши сите можни рекорди, на екипен и индивидуален план.
Но, Берлин не е само Гидсел. Тоа добро го знаат оние што навистина следат ракомет.
🇪🇸⚔️🇩🇰Во второто полуфинале, вечната Барса, со шест последователни настапи во Келн, ќе го предизвика големиот дански проект Алборг, предводен од Арнолдсен, Сагосен, Кнор и Ландин. Во повеќекратниот европски шампион ќе има "проветрување" летово, каде ќе заминат неколку важни играчи - мотив плус со титула да се заврши престојот на Нилсен, Макуц, Дика Мем..
📺🇲🇰Националниот сервис ќе врши директен пренос од сите четири натпревари во Келн, а јас ќе бидам гостин на Драган Николовски во живо на МРТВ 3.
🕐 Денеска од 15 и 18 часот на репертоарот се полуфиналните натпревари 📺
⏭️ Следува најдоброто од европскиот клупски ракомет 🫵
Се слушаме 🗣️🎧🎙️
#СлушајРакомет 🎙️📺
10/06/2026
Македонија ја доби групата за претстојното СП во ракомет, кое ќе се одржи во Германија, следниот јануари.
Супер скандинавска селекција Исланд, Бахреин како актуелен шампион на Азија и Јапонија како една од нај традиционалните ракометни селекции кои доаѓаат од најнаселениот континент.
Во следната рунда ќе се пласираат трите најдобро пласирани селекции.
Задоволни??
🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
09/06/2026
Неодамна на ТВ гостување имаше прашање за регионалната лига, која ќе стартува оваа есен. Дали можеме да ја видиме "големата слика"?
"... Затоа новата ракометна лига не треба да се гледа само низ призма на резултати, титули и табели. Таа може да стане простор во кој ќе се создаваат нови генерации граѓани што ќе го доживуваат регионот како поле на можности, а не како простор на историски стравови. Можеби тоа звучи утопистички. Но сите големи политички идеи најпрво изгледале како утопија." - прочитај го целиот текст на линкот подолу 👇
Нова Македонија 🔍
https://novamakedonija.com.mk/sport/rakomet/dali-tribinite-mozhat-da-go-napravat-ona-shto-ne-uspeaja-diplomatite/?fbclid=IwT01FWASUt0BleHRuA2FlbQIxMABzcnRjBmFwcF9pZAwzNTA2ODU1MzE3MjgAAR5y8qELwkj9_u7G9z0Cwkf87pQb69DjiuH5qLDQRhSynmrJk-UCWUdxazQkMw_aem_pZX88x_Z7GECeaKF-gJ2Dg
#ЗаМакедонЦкиотРакомет #ЧитајРакомет #МакРакомет #Ракомет
01/06/2026
🆕 Ноќта кога кислородот беше луксуз, публиката гориво, а трофејот стана реалност 🏆
✍️💻📰 Во моментите кога Борис се обидуваше да ротира, да освежи и да држи што повеќе играчи под натпреварувачка тензија, стигна црвениот картон за Анте и ротацијата практично се сведе на минимум. Во „Биљанини“ кислородот беше луксуз, температурата потсетуваше на скопски асфалт во јули, а кај дел од играчите се чувствуваа и импресијата од моментот и зрно недисциплина. Тогаш на површина исплива карактерот и заедништвото на тимот. Помеѓу тактичката минијатура на шефот, вонсериските квалитети на индивидуалци и огромната желба на тимот, Охрид најде начин да победи.
Целата колумна прочитај ја тука 👇
🔗 https://samorakomet.mk/citaj-rakomet-so-goran/nokta-koga-kislorodot-beshe-luksuz-publikata-gorivo-a-trofejot-stana-realnost/
#ЧитајРакомет #ЗаМакедонЦкиотРакомет #МакРакомет #Ракомет #Македонија #МакедонијаВечна 🇲🇰
Пипо мајсторе, семоќниот Шпанец, луди Милојко и двајца глобтротери ВИА ГРК Охрид - GRK Ohrid испишаа историја и го донесоа четвртиот европски пехар во Македонија 🏆🇲🇰
#ЗаМакедонЦкиотРакомет
30/05/2026
🇲🇰✍️💻 Ракометна Европа гледа кон древниот Охрид: Време е за одбрана на европски трофеј 🏆
Со малку поголемо задоцнување од, за мене, оправдани причини, го изгледав првиот натпревар од финалниот двобој од Европската лига. Дуел кој, неодоливо потсетува на оној од Цеље, пред месец дена.
Старт од соништата, ГРК Охрид - GRK Ohrid со расположен голман, хируршки прецизна одбрана разновиден напад.
Резултат - повеќе од солидна разлика, на контото на Охриѓани, и тоа среде Унгарија.
Но, и завршница која не ни беше по ќеиф. Но и уште поважно, се случува по вторпат, за краток период во исто натпреварување. Мал аларм.
Очигледно е дека Ројевиќ состави одличен колектив со "глава и опаш", но факт е и дека во од, во текот на првенството, тој истиот „го проветри“ истиот, каде што 5-6 играчи дојдоа, два три помалку си заминаа. Како и да е, бројките кажуваат дека Охрид со Реј, Иванковиќ, Тасески, Прибетиќ, па и Лијапис и Савревски имаат супер зона, подвижна и хомогена, составена од играчи кои меѓусебно се надополнуваат и она најважно, безпоштедно се покриваат еден со друг, затоа што никој не е безгрешен.
Но, имаат и голман позади себе, за големи работи. Што не е неважно. Напротив.
Нападот.
Многу зналци и еден супер корисен играч на двете страни на теренот, кој може "од надвор". Има играчи кои имаат капацитет да испочитуваат се што е "нацртано" од Ројевиќ. А богами видовме дека има што да "нацрта" Борис на клупската табла.
И не само тоа, Охрид има играчи кои имаат квалитет индивидуално да решат ситуација, да пополнат период на криза, но најважно, имаат играчи кои можат да "стапнат на топка". Иако во Словенија и Унгарија „рачната кочница“ периодично откажуваше послушност. Охрид има сериозно содржина во напад, со сите елементи кои се потребни за високи дострели. Недостасува, во моментов, уште еден играч кој може „од надвор“, но кој во денешниот ракомет "добил" или освоил трофеј со "застарен" модел на играчи. Се надевам дека се свесни Охриѓани и дека резултатот ќе го градат на трпение, изолација, дуел игра и „на глава до гол", од една страна и развлекување, по некое вкрстување, в трчување на пивот или крило на линијата од 6 метри...генерално, погодоци од внатре во зоната.
Овој Охрид има и наши чеда. Томи игра докторски, Савревски е корисен за тимот и очекувам уште подобро да игра, откако направи чекор напред во однос на играчка зрелост, оваа година. Ојлески е супер искусен и благодарен, а домицилниот Тасески, или "ѕверот од Љубаништа" е голем борец, благодарен карактер на играч, кој извршува и не прашува. Блазе си му на тој што го има.
Татабања е добар и скап проект, тим со многу играчи, квалитетна зона и исто така повеќе од солиден голман.
Голман. Голман. Голман.
Заедно со зоната, тој голман ќе одлучи во недела кој ќе освои европски трофеј.
Да не се лажеме, нема да биде едноставно.
Татабања е висока, релативно тешка и има габарит. Искусна и квалитетна.
Е сега, ќе играме агресивна зона, ќе трчаме со противникот, ќе дадеме погодок повеќе од транзиција, ќе играме трпеливо или?
Притисокот, како и да кажеме, е кај Охрид, после одличниот настап во Унгарија. Очекувањата исто така.
Бравура на Јапонецот, силна мотивираност на Реј, Прибетиќ и Тасески како двигатели на зоната, квалитет на Анте - во две насоки, момент на инспирација на Стрмљан или карактерот и лудачка храброст, поткрепена со многу техника и знаење на Дарко Ѓукиќ.
Или сите заедно, во најдобра изведба, за нова европска титула во Македонија 🇲🇰
Недела е ден за славење во Охрид, во Македонија. Ракометот ќе биде причина. По којзнае кој пат.
Сигурни сме. Но и внимателни.
Веруваме ✊
п.с. карти за „Биљанини“ одамна имаТ снемано. Содржини пред и во сала нема да фаљеТ. Затоа, ако немаш и ти карта како мене, а гравитираш околу најубавото езеро во светот, „запали“ кола и уживај во атмосферата пред сала.
Ако се препотуваш во Скопје или на југот од Македонија, вклучи национален сервис и навивај за Охрид. Вчера беше Алкалоид, денес Охрид, утре Пелистер или Вардар.
Оти е за наше добро 💪
#ЗаМакедонЦкиотРакомет 🇲🇰
#ЧитајРакомет
26/05/2026
Ѓоргоноски: Ние како организација практично растеме заедно со нашите кампери ❤️
„Минатата година кампот се пополни за само неколку часа, интерес за која јас сеуште не сум слушнал или забележал на друго место. Тоа покажува дека во Македонија ракометот е навистина популарен, но покажува и дека ние како организација создадовме проект кој е високо позициониран. Секако, нашата амбиција е секоја година да бидеме поквалитетни, а програмата да биде посодржајна. Имајќи предвид дека имаме деца кои се присутни на секое издание од стартот на овој проект, во 2022-ра година, ние како организација практично растеме заедно со нашите кампери“ – изјави Goran Gjorgonoski - координатор на проектот Ракомет За Секое Дете
Организаторот на кампот, кој ќе се одржи од 05 - 11 Јули во Охрид, го најавува стартот на пријавувањето на 23.02.2026 (Понеделник) од 12:00 часот, за сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од истиот. Повеќе информации за кампот прочитај тука ☞ https://tinyurl.com/23bmypat
🇲🇰
23/05/2026
Македонскиот ракомет е на пресвртница, а јас бев гостин кај Зоран Димевски во „Аргумент плус“ на Телевизија 24 📺
Отворен муабет за состојбата во репрезентацијата, турбуленциите во клубовите и иднината на домашниот ракомет. Анализа без задршка за Пелистер, Вардар, Охрид, Алкалоид и дилемата, дали регионалната лига е спас или нов проблем за македонскиот ракомет.
Целиот прилог гледај го тука 👇
https://youtu.be/mk49sxz0SKs?si=nHKSbYMFt2MUxNJp
#ЗаМакедонЦкиотРакомет 🇲🇰
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Website
Address
Skopje
1000