F. K Euromilk - Gorno Lisiche

F. K Euromilk - Gorno Lisiche

Share

informativna stranica

15/07/2026

🙏 Голема благодарност до Попе Компани!

ФК Еуромилк ГЛ упатува искрена благодарност до Попе Компани за несебичната поддршка и донацијата на два комплета дресови за нашиот клуб. Вашата помош е уште еден доказ дека локалните компании можат да бидат вистински двигател на спортот и младите.

Воедно, ги повикуваме и сите општествено одговорни компании од Аеродром и пошироко да станат дел од нашето спортско семејство. Секоја финансиска или материјална поддршка е добредојдена и ќе придонесе за подобри услови за работа и развој на клубот.

Како знак на благодарност, логото на компаниите кои ќе нè поддржат ќе биде истакнато на нашата спортска опрема и во клупските објави, со што заедно ќе ги промовираме спортот, локалната заедница и успешните домашни компании.

Заедно сме посилни. Заедно го градиме ФК Еуромилк ГЛ! 💙⚽

Photos from F. K Euromilk - Gorno Lisiche's post 14/07/2026

Крај на пријателскиот
натпревар
Еуромилк ГЛ -Шкендија Арачиново
1:1(1:0)
Одличен натпревар од страна на двете екипи
Нашата екипа на полувреме имаше водство од 1:0 со голот што го постигна Хусеин Демир Цени во 27 мин.
Во вториот дел шанса добија помладите играчи кој исто така добро се покажаа
До почетокот на натпреварувањето има уште многу време и можеме да кажеме дека
на добар пат сме да направиме екипа која ќе биде пријатно изненадување во Втората лига
Честитки за сите играчи и за стручниот штаб. Продолжете со исто темпо на припреми а резултатите ќе дојдат сами по себе за задоволство на сите наши симпатизери

Photos from F. K Euromilk - Gorno Lisiche's post 14/07/2026

Пријателски натпревар
Еуромилк ГЛ
Шкендија Арачиново
Полувреме
1:0 стрелец Хусеин Демири-Цени-27 мин
Браво момци

14/07/2026

После 2 недели напорни тренинзи дојде ред на пријателски натпревар со кој ќе провериме до каде сме ,да направиме селекција од новите играчи кој тренираа со нас овие денови

12/07/2026

🇲🇰✍️ Пет нови засилувања за некогашниот прволигаш пред кам-бекот во ВМФЛ
Прочитај во коментар👇

Второлигашот Еуромилк ГЛ ги претстави Стојчески, Дамевски, Смиљков и Маркулев 12/07/2026

Полека полека, коцките се склопуваат.
Ова се само дел од новите Лисици

Второлигашот Еуромилк ГЛ ги претстави Стојчески, Дамевски, Смиљков и Маркулев Повратникот во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Еуромилк ГЛ продолжува со засилувања за новата сезона. Клубот промовираше уште четири нови засилувањ....

12/07/2026

Почнуваме да ги претставуваме новите членови на нашето семејство
Добро дојде Филип Лазаревски

🦊 НОВО ЗАСИЛУВАЊЕ МЕЃУ СТАТИВИТЕ! 🧤

ФК Еуромилк Г.Л со големо задоволство го претставува нашето ново засилување на голманската позиција!

Во нашето семејство пристигнува голманот Филип Лазаревски кој доаѓа од ГФК Осогово, подготвен да даде сè од себе во сино-белиот дрес.

Со неговото искуство, квалитет и победнички менталитет, веруваме дека ќе биде големо засилување за екипата во новите предизвици што нè очекуваат во Втората македонска фудбалска лига.

Му посакуваме многу здравје, успешни настапи и многу зачувани мрежи!

Добредојде во семејството на Лисиците! 🦊💙🤍

Photos from F. K Euromilk - Gorno Lisiche's post 08/07/2026

⚽️ Припремите на ФК Еуромилк ГЛ се во полн ек!
Измина првата недела од подготовките, а работната атмосфера е на високо ниво. Се тренира со максимална посветеност, по два тренинга дневно, со цел тимот да биде целосно подготвен за новата сезона.
Во моментов со екипата тренираат и голем број нови фудбалери. По завршувањето на пробниот период, стручниот штаб ќе ја направи конечната селекција и ќе го формира тимот за претстојните предизвици.
Продолжуваме со напорна работа, дисциплина и желба за успешна сезона! 💙⚽

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address


Gorno Lisice 69
Skopje