29/08/2026
Распоредот на Интер во лигата на шампионите. 🖤💙
SEMPRE E SOLO FORZA INTER ⚫🔵
INTER CLUB MACEDONIA - ARMATA 🇲🇰🇮🇹
Правилата на оваа страна се следниве:
- Се забранува говор на омраза.
- Се забранува говор кој содржи навреди, уцени, омаловажувања, вулгарни зборови.
- Се забранува пропаганда од било која политичка партија.
- Се забранува рекламирање на други страни, групи.
- Доколку не се сложувате со некој нападнете го неговото мислење, но не и лично него. Лични навреди се забранети.
Непочитувањето на овие пра
29/08/2026
Распоредот на Интер во лигата на шампионите. 🖤💙
27/08/2026
Противниците на Интер во првиот дел од лигата на шампионите 🖤💙
27/08/2026
Петар Сучиќ:
„Мојата цел оваа сезона е да му помогнам на тимот колку што можам. Ако притоа успеам да постигнам повеќе голови и да запишам повеќе асистенции, ќе бидам среќен, но на крајот најважно е тимот да победува. Ние сме Интер и мораме да се обидеме да освоиме се.
Го засакав овој клуб, навивачите и сите кои се дел од оваа организација. Тоа е еден од најголемите клубови во светот. Не можеш да сфатиш што значи тоа додека не дојдеш овде. Верувам дека тоа беше најдобрата одлука во мојот живот.
Конкуренцијата во средниот ред? Знаеме дека ни се потребни добри играчи, најдобрите во светот , за да ги освоиме Скудетото и Купот на Италија и да се обидеме да стигнеме што подалеку во Лигата на шампионите. Имаме одличен тим.
Таков сум едноставно јас: не чувствувам дека се натпреварувам со некој друг. Едноставно се обидувам секој ден да бидам подобар од денот претходно. Се натпреварувам само со самиот себе.“
26/08/2026
HANDANOVIC >>> BUFFON
Sei perdonato 💪🏻🤣
26/08/2026
Најдобрите 11 во првото коло од Серија А 💪🏻🖤💙
26/08/2026
🖊️ Пио Еспозито потпиша нов договор со Интер до 30 јуни 2031 година, со годишна плата нешто помала од 3 милиони евра.
24/08/2026
AURA 🥶
Против Монца, Пио не одигра само обичен натпревар — излезе на терен да одржи лекција за физичка доминација, храброст и чист карактер. Секој дуел беше борба, секое влечење беше обид да го сопрат, но на крајот само дресот подлегна на притисокот. Тој остана непоколеблив.
Кога противниците мора да ти го скинат дресот за да те запрат, знаеш дека си станал апсолутна непогодност за нивната одбрана. Вистински „Халк“ менталитет — без изговори, без паѓање за евтини фаули, само чиста сила и глад за победа.
Борбеност што не се купува, туку се покаже на теренот. Иднината на Интер е во вистински раце (и рамена). 🖤💙
23/08/2026
📰 Убава порака од Зазарони:
Веднаш по голот на Зиелински, режијата го фати Куртис Џонс, но јас го забележав момчето од десната страна, Леонардо Бове, еден од преживеаните во трагедијата во Кранс-Монтана. И ова е исто така убав момент за еден нов почеток.
22/08/2026
Енди Диуф, фудбалер којшто “не знае” да врати топка назад.. 🤣💪🏻
Прекрасен погодок на Пио Еспозито 🔥