09/07/2024
🎾 Започнете го денот на тенискиот терен! 🎾
🕗 08:00 - 12:00 | 300 ден за 1 час 🕗
Доколку немате тениски рекети и топчиња, бесплатно ќе ви позајмиме!
Предизвикај ги пријателите и резервирај термин на 071 376 992
Понудата трае од 10-14.07.2024
16/05/2024
🎾🏆 Уште еден одлично завршен турнир во Тенис Парк Поинтер! 🏆🎾
Честитки до сите играчи кои учествуваа на ИТФ Поинтер Опен 2024 тенискиот турнир за јуниори и јуниорки до 18год. од календарот на светската тениска федерација.
Во финалето на момчињата во сингл, гледавме интензивна битка помеѓу Освалдо Рејес од Мексико 🇲🇽 и Калин Апостол од Романија 🇷🇴 кој воедно излезе како победник од битката.
Финалето во сингл кај девојките беше исто така возбудливо, каде Теа Ковачевиќ од Босна и Херцеговина 🇧🇦 ja освои титулата по напорен меч против Лидија Панајотиду од Грција 🇬🇷.
Во финалниот меч во категоријата двојки кај момчињата Кетер Нареш Гонзалез и Освалдо Рејес од Мексико 🇲🇽 ја издоминираа победата против Ангелос Авгерис и Стефанос Пурнаропулос од Грција 🇬🇷.
Во женското финале на двојките, Јана Божиновска и Катја Ивановска од Македонија 🇲🇰, покажаа неверојатна тимска игра и за малку им избега титулата кај нивните противнички Александра Панајотиду и Лидија Панајотиду од Грција 🇬🇷.
Голема благодарност до сите играчи за нивната посветеност и страста кон тенисот како спорт, како и до Меѓународната тениска федерација, Македонската тениска федерација, многубројните спонзори, волонтери и подржувачи што го овозможија овој настан.
Честитки уште еднаш на сите победници и ви најавуваме многу повеќе возбудливи турнири во иднина! 🎉👏 🏆
14/01/2024
Winter tennis
Tennis Park Pointer
Тениски терени, игралишта за падел, кафетерија и прода?
05/09/2023
Нашиот млад тенисер Дамјан Стефанов е победник🏆 и освои прво место 🥇на турнирот за момчиња до 11 години (зелен тенис) кој викендов се играше на тениските терени на ТК Неготино во Неготино.🎾
Турнирот беше во организација на Македонската Тениска Федерација, а настапија натпреварувачи од различни градови во државата.
Горди сме на успехот на Дамјан!🎊
Нека ни се множат наградите и клупските успеси!🏆🔥🎾
21/07/2023
Без разлика дали сте почетник или професионалец спремете го рекетот и придружи ни се овој викенд
22-23.07.23 од 09:00-22:00
по промотивна цена од 400ден цел ден.
Доколку немате рекет и топчиња со задоволство бесплатно ќе Ви позајмиме!
17/07/2023
Нашиот Дамјан Стефанов избори финале на Отвореното првенство на Македонија во зелен тенис за момчиња кое викендов (15 и 16 јули 2023) се одржуваше на терените на тенискиот клуб “Југ” во Скопје и во финалната средба го освои второто место 🥈🎊🎾
Честитки за нашиот млад тенисер!
Браво Дамјан! 👏🏻👏🏻👏🏻
12/07/2023
🎾 Заврши и натпреварувањето во Македонската тениска лига! 🎾
Честитки до тимовите за нивните извонредни настапи на турнирот! По голема борба и извонредни мечеви еве краток преглед на крајното рангирање:
🏆 Прво место: ТК Југ 🏆
Голем аплауз за ТК Југ, кој покажа одлични способности и го освои првото место во лигата. Браво, ТК Југ!
🥈 Второ место: ТК Поинтер 🥈
ТК Поинтер се бореше смело и го освои заслуженото второ место. Нивниот настап беше извонреден во текот на целиот турнир, со 100% домашна екипа со исклучително посветени и верни играчи успеа да стигне до финалето. Честитки, ТК Поинтер!
🥉Трето место: ТК Неготино 🥉
ТК Неготино покажа голема тактика на теренот и заврши на третото место со впечатливи настапи. Нивниот труд и преданост се исплатија. Честитки, ТК Неготино!
🏅 Четврто место: ТК МТП 🏅
ТК МТП покажа неверојатна издржливост и талент и го освои четвртото место. Се бореа фантастично и можат да бидат горди на својот успех. Браво, ТК МТП!
Специјална пофалба заслужува ТК Поинтер, кој имаше извонредно патување. Тие победија над ТК Црна Река, ТК Тумба и ТК Неготино, стигнувајќи до финалето. Иако не го освоија првото место, можат да бидат горди со својот настап.
Изразуваме искрена благодарност кон целиот тим на ТК Поинтер за нивниот извонреден настап и придонес. Да ги пофалиме неверојатните напори на:
🎾 Илија Мартиноски (капитен) 🎾 Горазд Србљак 🎾 Обрад Марковски 🎾 Михаил Кусески 🎾 Марко Стоилковски 🎾 Максимилијан Алексовски 🎾 Петар Џугоманов
Со нивниот борбен дух и исклучителна дисциплина тие ја покажаа вистинската сила на македонскиот тенис. Браво, за тимот на Поинтер!
Македонската тениска лига без сомнение беше возбудливо искуство за сите љубители на тенисот!
02/07/2023
Нашиот млад тенисер Дамјан Стефанов е победник🥇🏆 на Отвореното првенство на Македонија во зелен тенис за момчиња до 11 години кое викендов се одржуваше на тениските терени на ТК “Топспин” во градот херој - Прилеп.🇲🇰🎊
Дамјан го освои турнирот кој се играше на земјена подлога, а е во организација на Македонската тениска федерација.🎾
Со гордост му честитаме на Стефанов за одлично одиграниот турнир и си посакуваме уште многу први места и клупски успеси.💫
26/06/2023
Честитки до Коста Заевски за второто место на турнирот во Портокалов Тенис! 🎾🥈 Горди сме на неговиот успех! 💪🏆
10/06/2023
Чeститки до сите учесници, победници, подржувачи, тениски судии и стручниот тим на Тенис Парк Поинтер за успешно организирање на тенискиот турнир Поинтер Опен 2023. Турнирот е организиран од Европската тениска федерација, а Тенис Клуб Поинтер е домаќин.
На турнирот учествуваа повеќе од 60 тенисери од цела Европа кои ги покажаа своите вештини и страст за тенисот како спорт.
Во поединечна конкуренција за девојки, Емилија Милкович покажа исклучителни вештини и се искачи на врвот, победувајќи ја Гаја Ѓуричкович со резултат од 6:2 4:6 6:2. Оваа победа е резултат на нејзиниот талент и посветеност на играта.
Во категоријата момчиња, Родион Четвериков ја оствари победата на турнирот, победувајќи го Милан Радојчич во финалниот натпревар, со резултат 3:6 6:2 6:0.
Во категоријата двојки како победници излегоа Теона Андова и Теа Ковачевиц, додека второто место го обезбедија Јана Божиновска и Катја Ивановска со резилтат 6:2 5:7 10:7 Нивната напорна работа како тим ги донесе до победата, а нивниот настап беше извонреден.
Во категоријата двојки момчиња, Јован Бјелобрк и Михајло Илич ја покажаа својата умешност и ги совладаа Солен Аертс и Луис Моуфе со резултат 6:1 3:6 10:4
Уште еднаш, честитки до сите учесници, победници,подржувачи, тениски судии и стручниот тим на Тенис Парк Поинтер за нивните напори во организацијата и успешното завршување на турнирот Поинтер Опен 2023 година.
Настаните како овој ги зближува тенисерите и ги инспирираат идните млади генерации играчи.