Kajak skola Oktopod

Kajak skola Oktopod

Share

Кајак школата се наоѓа во склоп на најстариот кајакарски клуб во нашиот град - ИЛИНДЕН 90-Скопје!

ИН МЕМОРИАМ: Почина легендарниот македонски кајакар Трајан Јовковски - sportsport.mk 19/07/2026

Почивај во мир чичко Трајко 🖤

Сочувство до фамилијата🕊️

ИН МЕМОРИАМ: Почина легендарниот македонски кајакар Трајан Јовковски - sportsport.mk Во 84. година од животот почина една од најмаркантните фигури во нашата спортска историја – легендарниот кајакар на диви води, Трајан Јовковски. Јовковски беше спор...

08/06/2026

Андон Цветковски (1942–2026)

Човек кој остави неизбришлива трага во ККК „Илинден 90“ – Скопје, со својата посветеност, чесност и љубов кон клубот и заедницата.

Изразуваме искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите. Неговиот лик и дело ќе останат трајно во нашите сеќавања.

Почивај во мир.

ККК „Илинден 90“ – Скопје

🕊️

Погребната церемонија ќе се одржи во 10:00 часот во капелата на гробиштата Бутел.

25/05/2026

Со голема тага се простуваме од нашиот пријател Трипун Стаменковски-Пипе, човек кој беше дел од ККК Илинден од самото негово основање.
Неговата посветеност, другарство и присуство ќе останат засекогаш врежани меѓу нас.

Викендов не напушти еден од темелите на клубот, но спомените за него ќе живеат вечно.

Почивај во мир,
Никогаш нема да бидеш заборавен.

16/03/2025

Кајак Кану Клубот ИЛИНДЕН 90 Изразува длабоко жалење поради трагедијата која го погоди Кочани.
Упатуваме длабоко сочувство до семејствата на трагично загинатите.
Во овие тешки моменти, нашите мисли се со нив и сите погодени од оваа страшна несреќа. 

Посакуваме брзо оздравување на повредените.

Photos from Kajak skola Oktopod's post 25/12/2024

📢 ККК „Гусар“ 🇷🇸 успешно го започна спроведувањето на Еразмус + 🇪🇺 проектот во областа на спортот „Кајак слалом – мобилност за знаење и вештини“! 📢

Проектот „Kayak slalom - mobility for knowledge and skills/KayaKnowS, 2024-1-RS01-KA182-SPO-00020489“ е во фаза на реализација на ПОДГОТВИТЕЛНА ПОСЕТА, која успешно се одржа во ККК „Илинден ’90“ 🇲🇰. ✅

🗓️ Во текот на трите дена (20-22.12.2024), делегацијата на ККК „Гусар“ 🇷🇸, во состав:
• Александар Миладиновиќ, претседател
• Проф. д-р Марко Александровиќ, проект менаџер

имаше одлична соработка со домаќините од ККК „Илинден ’90“ 🇲🇰. Обиколени беа: кајак патеката, складишниот простор, пресоблекувалните простории и фитнес салата, како и легендарната Матка кајак патека на реката Треска. 🏆

Се потпиша договор за понатамошна реализација на проектот. ✍️

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address


Central Park
Skopje
1000