PVK "Vardar 8" - Skopje

PVK "Vardar 8" - Skopje

Share

Пливачки и Ватерполо Клуб „ВАРДАР 8„ - Скопје

27/08/2026

🤽‍♂️ САКАШ ДА ПРОБАШ ВАТЕРПОЛО? ДОЈДИ ВО ВАРДАР! 🔴⚫

ПВК Вардар отвора уписи за нови членови на возраст од 7 до 12 години и за деца кои веќе тренираат пливање, но и за оние кои допрва сакаат да влезат во светот на водените спортови.

🏆 Ќе тренираш во апсолутниот шампион на Македонија, во клуб во кој се расте низ спорт, дружење, дисциплина и вистински тимски дух.

Тренинзите ги води прославениот македонски ватерполист и тренер Сашко Поповски, кој своето искуство и знаење го пренесува на новите генерации.

📍 Олимписки базен – Скопје
📅 Тренинзи од понеделник до сабота
🕗 Термини од 20:00 часот

Не мора да знаеш ватерполо. Не мора ни да бидеш искусен пливач.
Треба само да сакаш да научиш, да тренираш и да станеш дел од тимот. 💪

📩 Пиши ни во порака и приклучи се на новата генерација на Вардар.

🏆 ВАРДАР ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ СОЗДАВААТ ШАМПИОНИ.

27/08/2026

Тренирај во клубот на шампионите! 🏆🔴⚫️

Пливачкиот и ватерполо клуб Вардар е синоним за квалитет, дисциплина и победнички дух!

Кај нас, децата не учат само да пливаат или да играат ватерполо тие учат да бидат борбени, посветени и да веруваат во себе и во својот тим. 🌊🤽‍♂️

Ако сакате вашето дете да расте во најсилниот спортски колектив, опкружено со вистински шампиони и професионални тренери, тогаш изборот е јасен

Вардар е клубот каде започнува патот кон големите победи! 🚀

27/08/2026

🏊 Пливањето е една од најубавите навики што детето може да ја стекне уште од најмала возраст.

Од септември, ПВК Вардар започнува со тренинзи по пливање за деца од 4 до 12 години на Училишниот базен „Партизан“, позади City Mall.

Без разлика дали се работи за првите завеслаи во вода или за дете кое веќе знае да плива, тренинзите ќе бидат приспособени на возраста и нивото на секое дете. 🌊

📍 Училишен базен „Партизан“ – позади City Mall
📅 Почнуваме во септември

Местата во групите се ограничени, а предност ќе имаат оние кои први ќе го резервираат своето место.

📩 Пишете ни во порака за повеќе информации и пријавување.

15/07/2026

Вардар со дури 9 играчи во составот на македонската репрезентација У16 која ја претставува Македонија на престојното Балканско првенство кое се оддржува во Солун, Грција од 16 до 19 Јули.

🇲🇰 НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА МАКЕДОНСКОТО ВАТЕРПОЛО! 🤽‍♂️

По повеќе од 14 години, машката У16 ватерполо репрезентација на Македонија повторно ќе настапи на официјално меѓународно првенство.
Во периодот од 16 до 19 јули, нашите млади ватерполисти ќе ја претставуваат државата на Балканското првенство во Солун, Грција 🇬🇷

Овој настап има историско значење бидејќи претставува враќање на македонското ватерполо на меѓународната сцена и важен чекор во развојот на новите генерации репрезентативци.

Иако станува збор за У16 првенство, македонската репрезентација на овој турнир ќе настапи со значително помлад состав, составен претежно од играчи родени 2011 и 2012 година.
Целта на стручниот штаб е овие млади ватерполисти уште сега да стекнат драгоцено меѓународно искуство, да се развиваат низ силни натпревари и да изградат генерација која во наредните години ќе биде носител на македонското ватерполо.

На првенството ќе настапат и едни од најсилните ватерполо репрезентации во Европа:
🇷🇸 Србија
🇬🇷 Грција
🇲🇪 Црна Гора
🇭🇺 Унгарија
🇧🇬 Бугарија
🇷🇴 Романија
🇹🇷 Турција

За нашите репрезентативци ова ќе биде можност да се натпреваруваат против европски ватерполо велесили, да стекнат искуство кое не може да се добие на домашната сцена и достоинствено да ја претставуваат Република Македонија.

На целата репрезентација, стручниот штаб и делегацијата им посакуваме успешен настап, многу спортска среќа.

Ова е уште еден значаен чекор кон враќањето на македонското ватерполо таму каде што припаѓа!

Вардар без конкуренција во македонското ватерполо: „Црвено-црните“ апсолутни шампиони во младински категории 03/07/2026

Нешто околу македонското ватерполо и Вардар! 🦾🔥🇲🇰

Вардар без конкуренција во македонското ватерполо: „Црвено-црните“ апсолутни шампиони во младински категории Македонското ватерполо добива јасен лидер, а тоа е екипата на Вардар. По доминацијата на зимското национално првенство, „црвено-црните“ ја потврдија

Вардар останува на тронот: „Црвено-црните“ апсолутни шампиони во сите младински категории - sportsport.mk 01/07/2026

🦾💥

Вардар останува на тронот: „Црвено-црните“ апсолутни шампиони во сите младински категории - sportsport.mk Ватерполо клубот Вардар уште еднаш ја потврди својата доминација на домашната сцена, освојувајќи ги шампионските титули во сите младински категории на летното на....

Photos from PVK "Vardar 8" - Skopje's post 29/06/2026
Photos from PVK "Vardar 8" - Skopje's post 29/06/2026

That look says we’re gonna win🔥

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Address


Булевар 8-ми Септември бр. 13
Skopje