РК Металург

РК Металург Добредојдовте на официјалната фан страна на ракометниот клуб Металург
www.rkmetalurg.mk

Р.К. Металург од Скопје е македонски ракометен клуб кој се натпреварува во VIP Супер Машка лига.
Формиран е во 1971 година под патронат на Скопската Железарница.Тогаш се роди идеја да се формира клуб составен од вработени во фабриката. Никола Богдановски Коле, ја прифати идејата и преку фабричките органи го создаде Металург. Идејата, реализирана од Коле, продолжува да живее преку трудот на денешните генерации. Никола Богдановски не сонувал за европското претставување на Металург туку се борел за голиот опстанок на клубот. Ќе остане запаметено дека Металург, во својот прв настап, извојува победа против екипата на РК Пирин со резултат 22:14, полувреме 10:6. Во 1974 година е формирана јуниорската екипа на Металург, под водство на Пустина Крешимир. Првото европско деби на Металург е во 1993 година кога настапи во Купот на градовите на ЕХФ, а противник беше белгискиот Херстел. Денес, Металург е препознатлив македонски бренд и, во последните неколку години, шест пати е шампион на Македонија и шест пати освојувач на Купот на Македонија. Учествува во европските натпреварувања и е основата на македонската репрезентација.

Македонскиот ракомет остана без уште еден свој вреден работник.Денес, ненадејно, почина Сашо Србиновски на 61-годишна во...
17/03/2026

Македонскиот ракомет остана без уште еден свој вреден работник.
Денес, ненадејно, почина Сашо Србиновски на 61-годишна возраст. Ќе остане запаметен како човек кој даде значаен придонес во успешната организација на Струшкиот ракометен турнир.
Некогашен ракометар на РК Струга, а подоцна и тренер на истиот клуб, Сашо Србиновски ќе остане запаметен и како прв селектор на репрезентацијата во ракомет на плажа.
Почивај во мир Сале🖤
Сочувство до семејството🙏

Последно збогум на големиот пријател на РК Металург, човек со големо срце, човек што беше поддршка и покрај сопствената ...
31/12/2025

Последно збогум на големиот пријател на РК Металург, човек со големо срце, човек што беше поддршка и покрај сопствената борба, во убави и тешки денови Stojkovic Le Petit Boban
Патувај насмеан на некое поубаво место за живот! Металург никогаш нема да те заборави🖤

🖤Македонскиот ракомет остана без човекот кој го посвети својот живот на овој спорт и беше дел од најголемите успеси како...
13/10/2025

🖤Македонскиот ракомет остана без човекот кој го посвети својот живот на овој спорт и беше дел од најголемите успеси како селектор.
На 72-годишна возраст почина поранешниот селектор на Македонија, Илија Темелковски.
Ќе остане запаметен по 11-тото место на Светското првенство во Хрватска, но и по полуфиналето на младинското Европско првенство во 2002 и шестата позиција на младинското Светско првенство во Алжир во 2017 година.
Искрено сочувство до семејството!
Почивај во мир Иле🙏

💙🤍💪 РК АЛКАЛОИД ПОБЕДИ СРЕДЕ АТИНА И ВО СКОПЈЕ ЌЕ ИГРА ЗА ЕВРОПСКА ТИТУЛА!🔥 РК АЛКАЛОИД славеше во првото полуфинале во ...
18/05/2025

💙🤍💪 РК АЛКАЛОИД ПОБЕДИ СРЕДЕ АТИНА И ВО СКОПЈЕ ЌЕ ИГРА ЗА ЕВРОПСКА ТИТУЛА!

🔥 РК АЛКАЛОИД славеше во првото полуфинале во Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК Атина (29:25).

🚀 Најдобар стрелец на мечот беше Мартин Серафимов со шест гола. Честитки Мартин👏
Честитки за селекторот Лазаров и момците!

📅👉 Реваншот во Скопје за трофејот во Европскиот Куп на ЕХФ ќе се игра на 25 мај во СЦ „Борис Трајковски“
Поддршка за трофеј во Скопје!

🤾‍♀️🤾‍♀️🤾‍♀️🥈🥈🥈Пионерките на ЖРК МЕТАЛУРГ го освоија второто место во домашното првенство - пионерска лига.Честитки за д...
17/05/2025

🤾‍♀️🤾‍♀️🤾‍♀️🥈🥈🥈
Пионерките на ЖРК МЕТАЛУРГ го освоија второто место во домашното првенство - пионерска лига.
Честитки за девојките и тренерот Мери Арсениевска.
Девојки за нас вие сте златни🏆🏆🏆
🎉🎉🎉
За најкорисен играч на Ф4 е прогласена ракометарката на Металург Евгенија Смиљковска
Meri Arsenievska

🤾‍♀️🤾‍♀️🤾‍♀️Пионерките на ЖРК Металург во завршницата на пионерското првенство ја совладаа екипата на РК Астибо Штип и  ...
17/05/2025

🤾‍♀️🤾‍♀️🤾‍♀️Пионерките на ЖРК Металург во завршницата на пионерското првенство ја совладаа екипата на РК Астибо Штип и се пласираа во финалето🎉🎉🎉
СРЕЌНО УБАВИЦИ - ЛАВИЦИ🍀🍀🍀

🤾‍♀️🤾‍♀️🤾‍♀️ПИОНЕРКИТЕ НА МЕТАЛУРГ ВО ИГРА ЗА ТИТУЛАТА!🏆🏆🏆Девојчињата на Металург го одиграа вториот натпревар во разигр...
11/05/2025

🤾‍♀️🤾‍♀️🤾‍♀️ПИОНЕРКИТЕ НА МЕТАЛУРГ ВО ИГРА ЗА ТИТУЛАТА!🏆🏆🏆

Девојчињата на Металург го одиграа вториот натпревар во разигрувањето за пласман на Ф4 завршницата и остварија убедлива победа.На домашен терен,пред својата публика убедливо ја поразија екипата на ЖРК Чаир со што обезбедија место на завршниот турнир.

Честитки!
💙🤍

🇲🇰🇲🇰🇲🇰💙🤍 РК АЛКАЛОИД Е ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОПСКИОТ КУП НА ЕХФ! За европскиот трофеј, РК Алкалоид ќе игра двомеч со грчкиот...
28/04/2025

🇲🇰🇲🇰🇲🇰💙🤍 РК АЛКАЛОИД Е ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОПСКИОТ КУП НА ЕХФ!
За европскиот трофеј, РК Алкалоид ќе игра двомеч со грчкиот клуб РК АЕК од Атина
РК Металург им честита за големиот клупски успех, на селекторот Лазаров и момците.
Обединети за македонскиот ракомет да им дадеме поддршка во финалните натпревари
СРЕЌНО🍀🍀🍀

Почитувани❗️Ве известуваме🚨дека на датум➡️26.04.2025 (сабота) во СС „Јован Калаузи“ во Битола ќе се оддигра Ф4 во кадетс...
24/04/2025

Почитувани❗️

Ве известуваме🚨дека на датум➡️26.04.2025 (сабота) во СС „Јован Калаузи“ во Битола ќе се оддигра Ф4 во кадетска женска 🤾‍♀️ конкуренција.

⏰Термини на оддигрување на натпреварите:

🕚11:00 часот ЖРК Пелистер 2012 - ЖРК Вардар
🕐13:00 часот ЖРК Стружанка - ЖРК Металург

🕔17:00 часот Натпревар за 3-то место
🕖19:00 часот Финале

КАДЕТКИТЕ НА МЕТАЛУРГ КЕ СЕ БОРАТ ЗА ТИТУЛА!Девојките на Металург обезбедија учество на Ф4 турнирот во женската кадетска...
17/04/2025

КАДЕТКИТЕ НА МЕТАЛУРГ КЕ СЕ БОРАТ ЗА ТИТУЛА!

Девојките на Металург обезбедија учество на Ф4 турнирот во женската кадетска лига победувајќи ја екипата на ЖРК Чаир и на вториот бараж натпревар.

Во натпреварот влеговме со позитивен резултат од првиот натпревар. Започнавме со неколку грешки а понатака водството растеше од минута во минута за на крај да запишеме победа од 14 разлика (36:22)

Честитки девојки!
💙🤍

Address

Jani Lukrovski 6
Skopje
1108

Opening Hours

Monday 09:00 - 22:00
Tuesday 09:00 - 22:00
Wednesday 09:00 - 22:00
Thursday 09:00 - 22:00
Friday 09:00 - 22:00
Saturday 09:00 - 22:00
Sunday 09:00 - 22:00

Telephone

+389 (0)2 3172 621

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when РК Металург posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category