11/01/2025
Денес од страна на извршниот директор Миленко Неделковски, беше денесена одлука со која се забранува влез на официјалните лица на Маркетинг тимот на клубот, спротивно на договорот потпишан помеѓу ,,здружението 35 години Вардарци" и сопственикот Атила Бижен Жалили.
Поради тоа, во моментот се случува блокада на тренинг кампот, а целта на собраните е целосно почитување на одлуките произлезени од договорот, од страна на извршниот директор Миленко Неделковски.
10/01/2025
ОФИЦИЈАЛНО: Ѓорѓи Дошев повеќе не е играч на ФК Вардар
За најтрофејниот Македонски клуб играчот кој потекнува од нашата академија одигра 23 натпревари во ПМФЛ во кои постигна еден гол, а беше битен дел од екипата кон враќањето во најсилната лига настапувајќи на 10 натпревари
Покрај резултатите, Дошев ќе се помни и по својата лојалност кон клубот, искажана во тешки моменти, кога најмногу се цени, кога е најпотребна. Клубот на народот, не го заборава тоа!
Во името на клубот му се заблагодаруваме за целиот ангажман и му посакуваме многу успех во понатамошниот дел од кариерата!
#ЕденЖивотЕднаЉубов
09/01/2025
ОФИЦИЈАЛНО: Рушту Јонус повеќе не е играч на ФК Вардар.
Во клубот пристигна изминатата полусезона, а одигра вкупно 10 натпревари, без постигнат погодок.
Во името на клубот му се заблагодаруваме за ангажманот и му посакуваме многу успех во понатамошниот дел од кариерата.
#ПродолжувамеПонатаму
08/01/2025
ОФИЦИЈАЛНО: Дејан Ѓуриќ повеќе не е играч на ФК Вардар
Српскиот интернационалец во клубот пристигна минатата сезона, одигра 29 натпревари, на кои постигна вкупно 3 гола.
Ќе остане забележан по неговиот борбен карактер, голема мотивација и емоција со која настапуваше за црвено-црните!
Неговиот погодок, постигнат на натпреварот против екипата на Струга Т.Л. [07.08.2024] му ја донесе 500-та победа на ФК Вардар во рамки на ПМФЛ.
Во името на клубот му се заблагодаруваме за целиот ангажман и му посакуваме успех во понатамошниот дел од кариерата!
#ЗасекогашЦрвеноЦрни
08/01/2025
ОФИЦИЈАЛНО: Давид Велковски повеќе не е играч на ФК Вардар
Речиси шест сезони поминати во клубот и повеќе од 100 натпревари во светиот дрес.
Во сезоната 2019/20 беше дел од шампионскиот тим на ФК Вардар!
Покрај резултатите, Давид ќе се помни и по својата лојалност кон клубот, искажана во тешки моменти, кога најмногу се цени, кога е најпотребна. Клубот на народот, не го заборава тоа!
Во името на клубот му се заблагодаруваме за целиот ангажман и му посакуваме многу успех во понатамошниот дел од кариерата!
#ЕденЖивотЕднаЉубов
08/01/2025
ОФИЦИЈАЛНО: Мартин Блажевски повеќе не е играч на ФК Вардар.
Фудбалер кој потекнува од школата на клубот, од црвено-црниот табор си заминува по речиси четири сезони минати во дресот на ФК Вардар.
Во името на клубот му се заблагодаруваме за целиот ангажман, особено за тоа што беше дел од клубот и во тешките моменти и му посакуваме многу успех во понатамошниот дел од кариерата!
#ПродолжувамеПонатаму
08/01/2025
💬 Давор Талески👇🏻
#КлуботНаНародот🔴⚫️
07/01/2025
ОФИЦИЈАЛНО: Давор Талески е нов играч на ФК Вардар.
29 годишниот голман доаѓа од екипата на Шкендија, а во ПМФЛ досега има забележано 165 настапи во кои на 57 ја има сочувано својата мрежа.
📜 Талески досега бил дел од екипите на Победа, Струга, Пелистер, Металург , 11 Октомври, и како интернационалец во екипите на Хонка во Финска и Лариса во Грција.
🇲🇰Ги има поминато сите младински селекции на репрезентацијата на Македонија, а бил дел и од најсилната А селекција, засега без официјален настап.
Добредојде во 🔴⚫️ семејство Давор‼️
#ПродолжувамеПонатаму
07/01/2025
Божиќ е празникот кој ни овозможува да се надеваме, да веруваме и да живееме прекрасни моменти со најблиските. Нека оваа година ви донесе среќа и успех во сите полиња и да бидете исполнети со здравје, насмевки и љубов за Вас и Вашите најблиски.
Честит Божиќ ви посакува ФК Вардар
31/12/2024
Фудбалскиот клуб Вардар ви посакува среќна нова 2025 година 🎉‼️
#ЗаедноКонНовиЦели🏆
#ЗаКлуботНаНародот🔴⚫️