Начинот на работа е според возраста, а тренинзи има секој ден во зависност од генерациите. Во склоп со тренинзите се организираат тековни натпревари со други фудбалски школи.
Во тек е и детската лига COOL, која веќе пет години успешно се реализира секоја недела во која учествуваат фудбалски школи од територијата на Скопје. Децата меѓусено се натпреваруваат, дружат, разменуваат искуства, како и тренерите, што е од голема корист за тимовите и за нас.
За гледачите се овозможени интересни натпревари, а за оние кои не се во можност да присуствуваат на натпреварите, а сепак сакаат да бидат во тек овозможено им е да проследат дел од натпреварите во видеата кои се објавуваат на страната на Фудбалска Школа Кул.
Тренинзите ги одржуваат лиценцирани тренери, а за време на натпреварите, лигата и камповите децата се медицински згрижени.
Летниот период организираме летен камп во Неи Пори, Грција и во Охрид за децата од нашата школа каде имаа редовни тренинзи, натпревари, обуки и дружење со децата од други фудбалски школи.