02/09/2026
Во рамките на овогодинешните Медитерански Игри 2026 во Таранто, претседателот Даниел Димевски оствари конструктивна средба со генералниот секретар на Медитеранскиот Олимписки Комитет, г-дин Јаковос Филипусис и генералниот директор на дваесетите Медитерански Игри, г-дин Карло Молфета.
На средбата Димевски се заблагодари за гостопримството, целокупната организација, услови и начин на реализација на овие игри, на кои како делегација освоивме 6 медали досега. Воедно, г-дин Димевски им додели почесни плакети во знак на досегашната успешна соработка.
Дополнително, на средбата беа договорени и идните чекори за продлабочување на соработката, за кои благовремено ќе биде известена македонската јавност, во следниот период.
01/09/2026
🇲🇰🥋🥇Матеј Бeлистојаноски Matej Belistojanoski е ЗЛАТЕН на Медитеранските игри Таранто 2026! 💪🏻🇲🇰
01/09/2026
🥇 ПРВОТО ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА НА ТАРАНТО 2026! 🇲🇰🔥
Матеј Билистојаноски е ЗЛАТЕН на Медитеранските игри Таранто 2026! 🥇
Во категоријата до 67 килограми во карате, Матеј покажа дека кога зад себе стојат огромен труд, дисциплина и верба во сопствените можности - границите не постојат. 💪
Од првиот момент до последната секунда, со срце, храброст и шампионски карактер, Матеј се бореше за секој поен и заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот. 🏆
Ова е првата златен медал за Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026, а зад неа стојат години работа, безброј тренинзи, одрекувања и една голема желба - да се слушне македонската химна! 🇲🇰❤️
Браво, Матеј! Ова злато е твое, но гордоста е наша. ❤️🔥
Продолжуваме уште посилно! Македонија се радува со тебе! 🇲🇰🥇
GoldMedal
29/08/2026
🏇 Запознајте го Лука Заложник!
Со мирна глава, сигурен чекор и голема љубов кон коњите, Лука е нашиот претставник во коњички спорт на Медитеранските игри Таранто 2026. 🇲🇰
Во спорт каде довербата, концентрацијата и прецизноста се клучни, Лука и неговиот коњ се еден тим со една цел - да ја претстават Македонија најдобро што можат. ❤️🔥
Запознајте го Лука и бидете со него на патот до Таранто! 🇲🇰🏇
28/08/2026
🥋🥉🇲🇰 Таеквондистката, Милијана Рељиќ Mila Reljic на Отвореното Светско првенство за жени Г-4 во Таијуан, Кина освои БРОНЗЕН МЕДАЛ. Во борбата за медал Мила беше поуспешна од претставничката од Тајпеј Чиа Веи Ванг исто така во нерешена борба со 2:1 Ова е извонреден резултат и дополнителни 14,4 поени што ќе ја вивнат Мила во првите 16 на Олимписката ранкинг листа и на одличен пат за норма за ЛОИ 2028. 🍀🇲🇰💪🏻
🇲🇰
27/08/2026
„Во моментов се поднесува официјална жалба до светската боксерска федерација од страна на генералниот секретар на МОК како и Боксерска федерација на Македонија. Според правилата, тие имаат обврска до крајот на денот да не известат дали ќе се поведе дисциплинска и евентуална промена на одлуката околу победникот во полуфиналниот меч“ – објавија од македонскиот тим во Таранто. Macedonian Olympic Committee
27/08/2026
Ален Рустемовски за нас е повеќе од шампион 🇲🇰💪🏻
Оваа бронза е само почеток на една нова македонска спортска легенда која ќе ја гледаме уште долго со медали после меч 👏