Biznis Liga na Makedonija

Biznis Liga na Makedonija Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Biznis Liga na Makedonija, Sports League, Skopje.

Бизнис Лига е натпреварување во мал фудбал на екипи составени од вработените во компаниите од Република Македонија, што е одлична можност за забава, спорт и рекреација на вработените.

За подетални информации:
[email protected]

Младен Ѓуроски +389 (70) 278 653;
Проект менаџер

Филип Николовски +389 (70) 229 799;
Проект менаџер

Бизнис Лигата во седумнаесеттата сезона повторно со рекорден број на учеснициБизнис Лигата на Македонија ја започнува св...
01/10/2026

Бизнис Лигата во седумнаесеттата сезона повторно со рекорден број на учесници

Бизнис Лигата на Македонија ја започнува својата 17. последователна сезона со рекорден број од 27 компании учеснички, потврдувајќи го континуитетот и интересот за едно од најелитните аматерски натпреварувања во мал фудбал.

По повод стартот на новата сезона која започнува на 05.10.2026, на 1 октомври 2026 година во Т-Арена „Борис Трајковски“ се одржа прес-конференција на која беа претставени компаниите учеснички, системот на натпреварување, како и распоредот на натпреварите од есенскиот дел.

Во сезоната 2026/2027, 27-те компании се поделени во две групи:

ГРУПА А

Лукоил, Алкалоид, ЕЛЕМ, Стопанска Банка, ЕВН, Окта, Халк Банка, Аџибадем Систина, Атлантик Груп, Тиквеш, НЛБ Банка, ЈСП, Македонија Осигурување и Т-Арена – Борис Трајковски.

ГРУПА Б

Матрикс, Сигал Иншуренс Груп, Нетцетера, Ван Хоол, ТАВ, Макстил, LC Waikiki, Алма М, А1, AXM 365, Пожарна, Гранит и Нелт.

Натпреварувачкиот систем предвидува натпреварите да се одвиваат во две групи – А и Б, по што најдобрите екипи ќе обезбедат пласман на завршниот турнир, каде ќе се одлучува победникот на сезоната.

И оваа сезона Горска ќе биде дел од Бизнис Лигата, со задача да се грижи за освежување на натпреварувачите и да придонесе за уште подобра атмосфера за време на натпреварите.

На прес-конференцијата свои обраќања имаа проект-менаџерите на Бизнис Лигата Младен Ѓуроски и Филип Николовски, како и комесарот на лигата Марјан Казаковски. Тие им посакаа на сите компании успешна сезона, пред сè исполнета со фер-плеј, добра игра, дружење и забава, со традиционалната порака дека и оваа сезона ќе победи подобриот.

На прес-конференцијата се обрати и директорот на Т-Арена „Борис Трајковски“, Данијел Апостолоски, кој го потврди континуитетот на соработката со Бизнис Лигата на Македонија

Со почетокот на 17. сезона, Бизнис Лигата продолжува да ја гради својата препознатлива спортска приказна, поврзувајќи ги спортот, бизнисот, тимскиот дух и дружењето и создавајќи простор каде компаниите, покрај деловното секојдневие, се натпреваруваат и на спортски терен.

Почитувани,Со особена чест Ве покануваме на прес-конференцијата по повод отворањето на 17-тата последователна сезона на ...
30/09/2026

Почитувани,

Со особена чест Ве покануваме на прес-конференцијата по повод отворањето на 17-тата последователна сезона на Бизнис Лигата на Македонија, најпрестижното аматерско натпреварување во мал фудбал, во кое традиционално учествуваат успешни компании и деловни субјекти од Република Македонија.

Бизнис Лигата на Македонија низ годините прерасна во препознатлив спортско-општествен настан, кој преку спортот ги поврзува деловната заедница, институциите и пошироката јавност, промовирајќи ги вредностите на тимскиот дух, фер-плејот, дружењето и здравиот начин на живот.

На прес-конференцијата ќе бидат официјално претставени учесниците во сезоната 2026/2027, како и целокупниот концепт на претстојната сезона. Притоа, ќе бидат презентирани системот и форматот на натпреварување, правилата и пропозициите, распоредот на натпреварите, како и останатите детали поврзани со организацијата и реализацијата на сезоната.

Свеченото отворање и стартот на сезоната 2026/2027 се закажани за 5 октомври 2026 година, со почеток во 18:45 часот, во Т-Арена / Борис Трајковски.

Датум: 1 октомври 2026 година (четврток)
Локација: Прес-центар, Т-Арена / Борис Трајковски
Почеток: 18:00 часот

Вашето присуство ќе ни претставува особена чест и признание за значењето на Бизнис Лигата на Македонија и нејзината долгогодишна мисија во унапредувањето на спортот, тимскиот дух и поврзувањето на деловната заедница.

Со почит,
Бизнис Лига на Македонија

Јован Младеновиќ - По финалето Фабрика Карпош - Матрикс
07/07/2026

Јован Младеновиќ - По финалето Фабрика Карпош - Матрикс

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Тони Брњанчевски - По финалето Фабрика Карпош - Матрикс
07/07/2026

Тони Брњанчевски - По финалето Фабрика Карпош - Матрикс

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Маријан Казаковски - По финалето Фабрика Карпош - Матрикс
07/07/2026

Маријан Казаковски - По финалето Фабрика Карпош - Матрикс

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

Филип Илиевски - По финалето Фабрика Карпош - Матрикс
07/07/2026

Филип Илиевски - По финалето Фабрика Карпош - Матрикс

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

18/06/2026
Фотогалерија: Прослава на шампионската титула на Матрикс
11/06/2026

Фотогалерија: Прослава на шампионската титула на Матрикс

Фотогалерија: Изјави и импресии по финалниот натпревар
11/06/2026

Фотогалерија: Изјави и импресии по финалниот натпревар

Фотогалерија: Доделување на наградите по големото финале на Бизнис лигата на Македонија
11/06/2026

Фотогалерија: Доделување на наградите по големото финале на Бизнис лигата на Македонија

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Biznis Liga na Makedonija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Biznis Liga na Makedonija:

Shortcuts

Share

Category