03/07/2026
✨ Летниот распоред е тука!🌿
Летото продолжува, а јогата останува твоето место за движење, сила и мир. 💛
🧘 Понеделник & Среда
• 16:30 After Work Yoga
• 17:45 Хата Јога
• 19:15 Аштанга за почетници
• 20:45 Аштанга Вињаса
💻 Вторник & Четврток
• 18:45 Online Yoga (од 04.08)
🌙 Петок
• 19:15 Ресторативна Јога
Без разлика дали си почетник или веќе имаш пракса, имаме место за тебе. 🤍
📩 Пиши ни за резервација или ако ти треба помош да одбереш кој час е најсоодветен за тебе.
23/06/2026
𝐆𝐨𝐥𝐝𝐞𝐧 𝐃𝐚𝐲𝐬 ✨️
𝐀𝐧 𝐄𝐧𝐝 𝐨𝐟 𝐒𝐮𝐦𝐦𝐞𝐫 𝐒𝐨𝐮𝐥 𝐑𝐞𝐭𝐫𝐞𝐚𝐭 🌅
📍Остров Вис, Хрватска
🗓 12–18 септември
Има нешто навистина посебно во крајот на летото.
Светлината омекнува. Деновите се забавуваат, канејќи нè да влеземе во ритам каде телото без напор се усогласува со природата.
Морето е сè уште топло, носејќи ја меморијата од долгите летни денови исполнети со сонце, додека природата тивко се подготвува за есента. Крајот на летото е моментот помеѓу она
што поминало и она што допрва доаѓа.
Време да забавиме.
Да уживаме.
Да направиме свесна пауза пред животот повторно да го забрза својот ритам.
Ве поканувам да ми се придружите на островот Вис, во мојот втор дом, за една недела исполнета со јога, движење, поврзување и едноставен островски живот.
Секое утро заедно ќе го пречекуваме сонцето, ќе се движиме покрај морето, ќе дишеме длабоко и повторно ќе се враќаме кон убавината на сегашниот момент.
Не затоа што треба да станеме нешто друго, туку затоа што толку многу од она што го бараме веќе е тука, кога доволно ќе забавиме за да го забележиме.
Овој ретрит е свесна покана да ја прегрнеме таа транзиција — време за заземјување и стабилизирање пред свежиот почеток на есента.
16/06/2026
✨ По повод Денот на јогата на 21.06 Недела
ве покануваме да споделиме простор за движење, здив и присутност.
Пријавување во inbox.
Се гледаме на простирки . 🤍🙏
02/06/2026
⚔️ Warrior II ⚔️
Силни нозе.
Мирен ум.
И поглед право напред. 👀✨
26/05/2026
Не можеш цел викенд? ☀️
Придружи ни се на 13ти Јуни со DAY PASS ✨
Отворивме ограничен број места за еднодневно retreat искуство 🌿
Те очекуваат:
• yoga & movement
• појадок, ручек и вечера во природа
• тура со коњи
• време за релаксација и поврзување ✨
Цена: 80€
Almost sold out — резервирај си место во DM 💌
20/05/2026
☀️ ЛЕТО ВО INSIDE YOGA☀️
Ова лето вежбај повеќе, плаќај помалку 🤍
Без пауза, без „ќе почнам од септември“, време е за движење, енергија и време за себе.
🌿 Летна понуда за Јуни / Јули / Август:
• Дојдете 2-ца заедно и плаќајте 3000 денари месечно
• Или обезбеди си цело лето јога за само 4500 денари (3 месеци / 1 лице)
Совршен момент да започнеш со јога, да се вратиш на праксата или да донесеш пријател со тебе 🫶
Местата се ограничени, а понудата важи до 31.05
Пиши ни во DM за слободни места и распоред ✨
19/05/2026
Sneak peak 🤭
Придружи се на новата хата винјаса групата со .miteva.3 секој понеделник и среда 17:45!
Резервирај си место во порака!
16/05/2026
Сакаш да побегнеш од гужвата, обврските и брзиот ритам и конечно да земеш здив? 🌿
Овој retreat е создаден за да се вратиш кон себе.
Три дена исполнети со јога, движење, природа, мир, добра енергија и луѓе со кои ќе се чувствуваш како дома.
✨ Јога, многу јога
✨ Релаксација и рестарт за телото и умот
✨ Време за себе, нови познанства и незаборавно искуство со коњи
✨ Простор каде што навистина можеш да отпуштиш
Без разлика дали доаѓаш сам/а или со друштво, ова е твој знак да си подариш нешто што навистина ти треба. 🤍
📍 EARLY BIRD booking до 20 мај
Местата се ограничени — резервирај денес!
Главен инструктор: Бојана Невеселов
Помошник инструктори: Мила Спасовска
Главен организатор: Сара Томевска
📩 Пиши ни во DM за детали и резервации.
13/05/2026
📢 ВАЖНО!
Потсетник за денес:
❗️Спушти ги рамената
❗️Опушти ја вилицата
❗️Диши длабоко
Држи се! Петок е за 2 дена ❤️