PK BETA Sharks

PK BETA Sharks

Share

Welcome to the official page of the Swimming Club Beta Sharks.

04/07/2026

💯Дисциплина. Упорност. Труд. Посветеност.💯

☑️Кога децата работат со срце, тренерите со јасна визија, а родителите ја даваат вистинската поддршка и грижа, резултатите не изостануваат.

🏆 Најдобрите македонски пионери - Јована Тодоровска и Андреј Чичаковски се уште еден доказ дека системот бара повеќе работа во мир, почитувајќи и верувајќи во процесот.

БРАВО ШАМПИОНИ НАШИ! 💜🖤🦈

Photos from PK BETA Sharks's post 01/07/2026

🥇 ПИОНЕРСКИ ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА
🥉 3. место во генерален пласман
🏆🏆 Андреј Чичаковски и Јована Тодоровска – најуспешни пливачи во категоријата помлади пионери

Победите не се случајност.
Успехот не е производ на среќата.
Напредокот е евидентен.
Системот функционира.
Целите се исполнети.

Со високо ниво на дисциплина, посветеност и истрајност успеавме да ги оствариме зацртаните сезонски цели и да го испливаме Државното првенство токму онака како што го планиравме.

Горди сме на нашите пливачи кои покажаа тимски дух, борбеност и карактерни вредности изградени низ правилен систем на работа.

Овој успех не е крајна цел, туку потврда дека сме на вистинскиот пат.

Патот е јасен и нема простор за опуштање, бидејќи сонот е жив, но и мошне кревок.

БРАВО ДЕЦА!
БРАВО ТРЕНЕРИ!
БРАВО РОДИТЕЛИ!

ШАРКСССС! 💜🖤🦈

30/06/2026

This is what we train for! 🦈🇲🇰





27/06/2026

🇲🇰ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА! 🏆

Со беспрекорна тимска дисциплина и голема борбеност, нашата пионерска штафета на 4×100 м. слободно се искачи на највисокото место на пиедесталот и ја освои титулата Државни шампиони на Македонија! 🥇

💜 Нашите златни ајкули:

1. Петар Копачев
2. Давид Милевски
3. Дамјан Јуруковски
4. Андреј Чичаковски

Успехот се гради со тимска работа, посветеност и меѓусебна доверба. Чекор по чекор! 💯

Посветено. Храбро. Паметно. До самиот крај на првенството!💪🏼

ШАРКСССС!!! 💜🖤🦈

09/06/2026

🏆🇲🇰НОВ МАКЕДОНСКИ РЕКОРД И НОВ ГЕРМАНСКИ ШАМПИОН 🇩🇪🏆

На Државното првенство на Германија за генерации 2013 - 2015, кое се одржа во Дизелдорф изминатиов викенд, нашата Јована Тодоровска донесе огромна радост за својот клуб и тим во Германија, но и за целото македонско пливање! 🤩🇲🇰

Јована стана ГЕРМАНСКИ ШАМПИОН во техниката краул, освојувајќи го првото место во конкуренција на најдобрите млади пливачки во Германија. Во германскиот систем на натпреварување постои само еден шампион во секоја пливачка техника, што дополнително ја истакнува големината на овој успех.💯🇩🇪

Како круна на настапот, Јована постави и нов пионерски Македонски рекорд на 200 метри мешано со време од 2:33.89, со што го урна рекордот кој повеќе од 40 години го држеше Весна Стојановска.

Овој резултат не е само потврда за огромниот талент, дисциплина и секојдневна работа на Јована, туку и доказ дека македонските деца успеваат да блеснат и да остават трага каде и да се наоѓаат. Нашите деца се борбени, дисциплинирани и истрајни! Македонија има со што да се гордее! 🫶🇲🇰

Честитки Јована!👏👏👏

Честитки и до твоите прекрасни родители, кои со огромна љубов, посветеност и пожртвуваност го трасираат патот на своите деца кон големи достигнувања! 👏👏👏

Вашите континуирани успеси се гордост за македонското пливање и инспирација дека сите можеме да сонуваме големи соништа. 💜🦈🇲🇰

04/06/2026

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ‼️

01/06/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ‼️

Почитувани родители,

Ве информираме дека поради намален број на деца и со цел поквалитетна организација на работата во покомпактни групи, терминот Вторник/Четврток од 17:00 часот во текот на месеците јуни и јули привремено се укинува.

Сите пливачи кои го посетуваат овој термин ќе продолжат со тренинзи во терминот Вторник/Четврток од 18:00 часот.

Сите останати термини остануваат непроменети.

Термини за месеците јуни и јули:

❌ Вторник / Четврток – 17:00 ч. (се прекинува)

✅ Вторник / Четврток – 18:00 ч. + Сабота – 10:00 ч.

✅ Понеделник / Среда / Петок – 18:00 ч.

✅ Понеделник / Среда / Петок – 19:00 ч.

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,
ПК Бета Шаркс Скопје

16/05/2026

❌НЕМА ПОБЕДА ВО ВУЛГАРНОСТА.❌

Во спортот, победите имаат вистинска вредност само кога се постигнати со чесност, почит и достоинство.

Како клуб, ја препознаваме важноста на изградбата на спортски карактер и етика, кои се прикажуваат преку секојдневното спортско однесување - на тренинг, на натпревар, но и надвор од спортските објекти.

Секоја спортска прослава треба да биде достоинствена и никогаш вулгарна.

Најголемите резултати можат да се остварат само кога односот меѓу спортистите, тренерите, родителите и публиката се темели на вистинските спортски вредности.

Наша обврска е да создаваме општество кое ќе биде пример за младите генерации - генерации кои во здрава спортска средина ќе градат спортски дух што ја истиснува негативноста.

Да не заборавиме: ГРАДИМЕ СПОРТИСТИ, НО ПРЕД СЕ ЛУЃЕ‼️

12/05/2026

🏆🏆 ДВАЈЦА НАЈУСПЕШНИ ПЛИВАЧИ И ЗЛАТО ЗА НАШАТА MIX ШТАФЕТА! 🥇💜

Изминатиов викенд имавме одличен настап на меѓународниот натпревар „Шаренградски Куп“ во Крушевац, Србија! 🦈🔥

Нашите пливачи уште еднаш покажаа дека посветената работа, дисциплината и борбеноста носат сигурни резултати. Освоивме многу медали, најдобри резултати и уште една потврда дека клубот се движи во вистинска насока. 📈💪

Нашите најдобри пионери, Андреј Чичаковски и Дамјан Јуруковски, беа прогласени за НАЈУСПЕШНИ ПЛИВАЧИ на целиот натпревар во своите категории! 👏🔥

Одлично исплива и нашата штафета 4x50м слободно MIX (2 женски + 2 машки) во состав: Јована Младеновска, Нина Кермичиева, Дамјан Јуруковски и Андреј Чичаковски, која со одличен тимски настап успеа да го освои ПРВОТО МЕСТО! 💫💯

Овие резултати се доказ дека со правилен пристап, трпение и континуирана работа се создаваат вистински можности за правилен раст и развој. Чекор по чекор! ✅🫶

Продолжуваме уште помотивирани да работиме уште посилно и попосветено! 💪🏼🙌

SHARKSSS! 🦈🇲🇰

09/05/2026

🇲🇰 НОВИ ДРЖАВНИ РЕКОРДИ ЗА НАШАТА ЈОВАНА ТОДОРОВСКА! 🇲🇰

Нашата млада пливачка надеж, Јована Тодоровска, повторно блесна со извонреден настап! Овој пат на регионалниот натпревар во Регенсбург, Германија, каде исплива историски резултати за македонското пливање! 💥

Во категоријата постари пионерки, Јована успеа да собори ТРИ државни рекорди:

🏊‍♀️ 50м грбно - 33.10
🏊‍♀️ 100м грбно - 1:11.33
🏊‍♀️ 200м грбно - 2:33.44

Особено импресивен е фактот што Јована моментално се наоѓа меѓу ТОП 5 пливачки во својата категорија на ниво на цела Германија во дисциплините грбно и краул, а веќе важи и за една од главните кандидатки за висок пласман на Државното првенство во Диселдорф, каде ќе настапи за својот клуб од Германија! 🇩🇪🔥

Но, пред сѐ, Јована влева огромна надеж за македонското пливање преку својата посветеност, дисциплина и системски развој во Германија, каде веќе подолг период живее, учи и тренира.💯

Талентот, дисциплината и посветеноста немаат граници!
Македонија има деца со кои се гордее и во кои силно верува - и во татковината, и надвор од неа! ❤️🇲🇰

БРАВО, ЈОВАНА! 🙌🙌🙌
ЗА МАКЕДОНИЈА! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Website

Address


Boulevard 8 Septemvri 13
Skopje
1000