Special Olympics North Macedonia

Special Olympics North Macedonia Добредојдовте на официјалната страна на Special Olympics North Macedonia - Специјална олимпијада Северна Македонија.

Меѓународна невладина организација Специјална Олимпијада ги сервисира потребите на лицата со пречки во развојот со цел нивна социјализација и интеграција преку спорт и рекреација, а Република Македонија е полноправен член од 2003г., во чии клубови членуваат атлети (возраст 18-26 г) со различни пречки во развојот.

„Специјална Олимпијада Македонија“ во изминативе години постигна врвни резултати со учеството на повеќе меѓународни турнири и Олимписки Игри:
• Две златни медали, две сребрени и еден бронзен - Летните олимписки игри во Даблин, Ирска - 2003год.
• 19 медали - Игрите на Jугоисточна Eвропа во Сараево, Босна и Херцеговина - 2004год.
• Една златна медала и две сребрени на Младински игри во Рим, Италија - 2006 год.
• Две сребрени медали - Летни олимписки игри во Шангај, Кина - 2007 год.
• Две бронзени медали во велеслалом - Зимските олимписки игри во Ајдахо, САД - 2009 год.
• Три златни, две сребрени, две бронзени медали (атлетика, пинг понг, бадминтон)- Европските Летни игри во Полска – 2010 год.
• 2 златни и 2 сребрени медали (aтлетика, пливање,пинг понг)-Светски Летни Олимписки игри, Атина 2011
• Една сребрена и една златна , алпско скијање - Светски Зимски Олимписки игри - Кореа 2013
• Две сребрени медали, бадминтон и атлетика - Европски Летни игри - Белгија
• 12 медали (Јунифајд кошарка, пливање, атлетика и пинг понг) на Летни Олимписки игри на Специјална Олимпијада – Лос Анџелес, САД 2015.
• Два сребрени медали на Зимските олимписки игри на Специјална олимпијада Австрија 2017.
• Три златни медали пливање на еден на 25м и два на 50м, еден сребрен медал на 50 метри атлетика и три бронзени медали на 25, 50 и 100 метри атлетика на Летните олимписки игри на Специјална олимпијада Абу Даби 2019.

💙 Една недела можеби завршува, но движењето продолжува! Европската недела на спортот нè потсети дека за активен живот не...
30/09/2026

💙 Една недела можеби завршува, но движењето продолжува! Европската недела на спортот нè потсети дека за активен живот не е потребен совршен тренинг, туку волја да започнеме.
Прошетајте. Трчајте. Играјте. Тренирајте. Повикајте пријател.
И направете место за уште некого во тимот. 🤝
Бидете активни и по 30 септември.
– секој ден.

🏃‍♀️🏃‍♂️ Движење, енергија и дружење во рамките на Европската недела на спортот! 💙Вчера на терените на Стадионот на АРМ,...
30/09/2026

🏃‍♀️🏃‍♂️ Движење, енергија и дружење во рамките на Европската недела на спортот! 💙

Вчера на терените на Стадионот на АРМ, заедно со нашите атлети, тренери и пријатели уживавме во фитнес активност исполнета со добра енергија, движење и забава. Овој настан во рамките на Европската недела на спортот уште еднаш покажа дека физичката активност е за сите и дека најубаво е кога се движиме заедно.

Благодариме на нашите пријатели и поддржувачи, како и на сите кои беа дел од активноста и придонесоа да создадеме уште еден момент на заедништво и инклузија. 🙌

NLB Banka Skopje

🤝 Новo партнерство за повеќе можности и поголема инклузијаСојузот на Стопански Комори на Македонија и Специјална Олимпиј...
29/09/2026

🤝 Новo партнерство за повеќе можности и поголема инклузија

Сојузот на Стопански Комори на Македонија и Специјална Олимпијада потпишаа Меморандум за соработка, со кој се отвора простор за заеднички активности насочени кон поголема вклученост на лицата со интелектуална попреченост во деловната и претприемничката заедница.

Меморандумот, кој го потпишаа Претседателот на ССКМ, Горан Ѓорѓиевски и Претседателката на Специјална Олимпијада на Македонија, Моника Бошкоска, предвидува соработка во повеќе области – од поттикнување инклузивно вработување и волонтерски можности, до заеднички настани, размена на знаења и искуства и поголемо поврзување со бизнис-заедницата.

За нас, ова партнерство е уште еден чекор кон создавање реални можности за лицата со интелектуална попреченост да учествуваат, придонесуваат и да бидат препознаени како активен дел од заедницата.

Инклузијата не завршува на спортскиот терен. Таа продолжува во училиштата, на работните места, во бизнисот и во секојдневниот живот.

Заедно создаваме повеќе можности за сите. 💙

🏅 Можност за нови знаења за тренерите на Специјална Олимпијада!Отворена е регистрацијата за серијалот вебинари за тренер...
29/09/2026

🏅 Можност за нови знаења за тренерите на Специјална Олимпијада!
Отворена е регистрацијата за серијалот вебинари за тренери на Специјална Олимпијада 2026.

Во октомври се предвидени две интересни теми:
🔹 13 октомври | 15:00 CET
Unified Sports Тренирање – како да се создаде успешен Unified Sports тим, како правилно да се комбинираат играчите и како секој член на тимот да го даде својот придонес.
🔹 15 октомври | 15:00 CET
Тренирање на млади атлети – практични совети за работа со млади атлети и развивање пристапи кои можат да се применат со атлети од различни возрасти и способности.

🌍 Двата вебинари ќе бидат достапни со симултан превод на 10 јазици, а оваа година за првпат учесниците ќе добијат и дигитални беџови за следење на двата вебинари во целост, учество и активно вклучување.

📌 Регистрацијата е отворена.
Ги покануваме нашите тренери да се приклучат, да го надградат своето знаење и да разменат искуства со тренери од целиот свет. Ова е можност што вреди да ја искористите!
🔗 Регистрација: https://events.zoom.us/ev/AvXONhxh9L6HaSnV9qFLlwrG89u0yJEigAhpnD7B3kNjEEmDE1DM~AqdHT0S_9f2X4NVHBe8VD3nnJxSG2C1URNNSIkgq8uPXwU1zgdYyLvydrQ

🏃‍♀️🏃‍♂️ Во рамки на Европската недела на спортот, на 29 септември ќе се дружиме на терените на Стадионот на АРМ, каде ш...
28/09/2026

🏃‍♀️🏃‍♂️ Во рамки на Европската недела на спортот, на 29 септември ќе се дружиме на терените на Стадионот на АРМ, каде што нè очекуваат фитнес активности исполнети со движење, енергија и добра атмосфера. 💙

Заедно ќе покажеме дека физичката активност е за секого, без разлика на способностите. Секое движење е важно, а активниот начин на живот придонесува за подобро здравје, повеќе самодоверба и повеќе можности да бидеме заедно.

📅 29.09.2026 (вторник)
🕕 18:00 – 20:00 часот
📍 Терени на Стадионот на АРМ

Ајде да се активираме, да се движиме, да се дружиме и да уживаме заедно! 💪

🇪🇺 Спортот нè поврзува. Инклузијата нè прави посилни.Европската недела на спортот е потсетник дека спортот треба да биде...
26/09/2026

🇪🇺 Спортот нè поврзува. Инклузијата нè прави посилни.
Европската недела на спортот е потсетник дека спортот треба да биде простор за сите.
Во Европа се движиме заедно, а заедно треба да создаваме и можности – за секое дете, секој млад човек и секој атлет, без разлика на неговите способности.
Ова е вредност за која вреди да бидеме активни. 💙

23/09/2026

🏃‍♀️🏀🎾 Започнува Европската недела на спортот!
Од 23 до 30 септември, Европа повторно се движи под мотото .
Спортот е за секого, без разлика на возраста, способностите или искуството. Кога спортските активности се отворени за сите, тие се место каде што се создаваат нови пријателства, се гради самодоверба и се чувствуваме како дел од заедницата. 💙
Оваа недела ве покануваме да се движите, да спортувате и да ја споделите вашата активност со нас.
Бидете активни. Вклучете се. !

Сакаш да направиш разлика и да придонесеш кон поголема инклузија?✔️ Волонтирај.✔️ Сподели објава.✔️ Посети наш настан.✔️...
21/09/2026

Сакаш да направиш разлика и да придонесеш кон поголема инклузија?
✔️ Волонтирај.
✔️ Сподели објава.
✔️ Посети наш настан.
✔️ Бодри ги атлетите.
✔️ Поддржи ја инклузијата.
Што и да направиш, нема да згрешиш. Малите чекори создаваат големи промени.

Секој тренинг, секој нов научен елемент и секој завршен натпревар претставуваат чекор напред. За многу атлети, спортот е...
19/09/2026

Секој тренинг, секој нов научен елемент и секој завршен натпревар претставуваат чекор напред. За многу атлети, спортот е местото каде што откриваат колку навистина можат.
Самодовербата не се создава преку ноќ – таа се гради со поддршка, охрабрување и верба. А токму тоа е една од најголемите вредности што ги носи Специјална Олимпијада.

💙 Инклузијата не е само да направиш простор за некого.Таа значи да го слушнеш.Да го прашаш за мислење.Да му дадеш можнос...
16/09/2026

💙 Инклузијата не е само да направиш простор за некого.
Таа значи да го слушнеш.
Да го прашаш за мислење.
Да му дадеш можност да учествува.
Да го бодриш.
Да го запознаеш.
Малите постапки создаваат големи промени.
Да бидеме генерација која избира почит, прифаќање и еднакви можности за сите.

Address

Gjurcin Kokale 7
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Special Olympics North Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category