Фудбалска Академија Александро

Фудбалска Академија Александро

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Фудбалска Академија Александро, Sports Team, Skopje.

Photos from Фудбалска Академија Александро's post 10/07/2026

Генерација 2016 ➡️ Година за паметење 🧡

Пред само една година поставивме нови цели и си ветивме дека секој ден ќе бидеме подобри од претходниот. Денес, кога ќе погледнеме назад, можеме со гордост да кажеме дека го исполнивме тоа ветување.
Не затоа што освојувавме турнири. Не затоа што победувавме. Туку затоа што изминатава година растевте заедно како тим и покажавте што значи пожртвуваност и борба до последниот свиреж.

Во само една сезона одигравме натпревари против Левски 🇧🇬, Црвена Ѕвезда 🇷🇸, Клуб Бриж 🇧🇪, Партизан 🇷🇸, Бенфика 🇵🇹 , Јувентус 🇮🇹 , Атлетико Мадрид 🇪🇸 и ги надминавме бариерите на тремата и почетната укоченост. Сфативме дека имињата не играат фудбал, туку играат играчите.

Токму овие натпревари ни покажаа колку вреди нашата работа и колку далеку можеме да стигнеме. Од натпревар во натпревар влегувавме поискусни, посигурни, подобри и резултати си доаѓаа сами по себе.

🏆 Ја заокружуваме годината со освоени 7 златни трофеи и едно сребро, меѓу кои и првото место на завршниот турнир на Детската лига на ФФМ.
Но на нас, најголемата награда ни е кога ќе ве видиме како со насмевка доаѓате на тренинг, како си помагате меѓусебно и како од ден на ден растете во прекрасни млади луѓе и дисциплинирани спортисти.

Ќе продолжиме да сонуваме големи соништа и ќе поставиме нови цели и предизвици за остварување во наредната сезона 💫

Photos from Фудбалска Академија Александро's post 23/06/2026

Генерација 2015 ➡️ Година на раст 🧡

Секоја сезона носи свои предизвици, а за нашите момци беше сезона во која имаше големи изненадувања на теренот, нови соиграчи, прво преземање поголема одговорност во играта и прво вистинско откривање на сопствените квалитети. Прифаќаа нови улоги, се адаптираа на нови задачи и покажаа дека развојот започнува кога ќе излезеш од комфор зоната.

Вложениот труд секогаш се “исплати”, 4 тренинзи секоја недела и повеќе од 70 одиграни натпревари оваа сезона.

✅ 7 победи од 10 одиграни натпревари во детската лига во пролетната полусезона.
✅ 4-то место во Зимската лига во конкуренција на 12 екипи од цела Македонија.

Не секогаш беше лесно. Имаше победи не радуваа, но и моменти од кои учевме. Сепак, најважно е што секој играч ја завршува сезоната како подобар фудбалер и уште поважно како подобар соиграч.

Го гледавме начинот на кој растевте како тим, на дисциплината што ја покажавте, на борбеноста на теренот и на другарството што го изградивте надвор од него. Тоа се темелите врз кои се создаваат големите тимови.

Ова можеби не беше година на конечни достигнувања, но беше година на силни темели и нови знаења. А токму таквите сезони најчесто се почеток на најубавите приказни.

14/06/2026

Пораз во 1/16 финале од 1:0. Некои натпревари едноставно не победува подобрата екипа.

11/06/2026

🚌🚌🚌

Одиме на DRAGAN MANCE CUP 2026 да пробаме да ја заокружиме повеќе од плодната сезона со уште еден успешен настап на овие златни деца 🧡

Photos from Фудбалска Академија Александро's post 07/06/2026

🧡🧡🧡

Да ја завршиме неделата како што треба ⚽️

Четири натпревари на два фронта со другарите од Водно 🫶🏻

01/06/2026

🏆🏆🏆

Во завршницата на детската лига индивидуалните награди за генерација 2016 отидоа во рацете на нашите Андреј Темков (Најдобар голман) и Сандро Спасески (Најдобар стрелец) 🔥

Честитки за двајцата, заслужено признание за сè што покажаа на теренот 💪

Без тим нема шампиони, а нашиот тим уште еднаш покажа дека најголемата сила е заедништвото!🧡

Photos from Фудбалска Академија Александро's post 31/05/2026

🏆🏆🏆

Злато како круна на повеќе од успешна сезона за нашите деца 🥇

Се изнаслушавме многу работи изминатава сезона… Но едно е апсолутна вистина, а тоа е дека никој не заслужи повеќе од нив да го крене шампионскиот пехар денес!

Фудбалот е селекција! Но не само селекција на најдобрите, туку селекција на тим кој ќе дише заедно, а верувајте децава дишат, јадат, спијат и живеат како едно и затоа се најдобри!

Уживајте шампиони, продожете да работите како и до сега и заедно да одиме напред кон многу други победи! 💪

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Website

Address


Skopje
1000