24/05/2026
🔵⚪🤾♂️ Кадетската екипа на РК Мулти Есенс го освои второто место на завршниот Ф4-турнир кој се одржа во Битола! Финалниот натпревар против РК Пролет 62 по голема борба заврши со резултат 34:37. Најдобар стрелец во нашиот тим беше Бобан Поповски со десет гола.
24/05/2026
🔵⚪🤾♂️ Кадетите на РК Мулти Есенс со победа над РК Еурофарм Пелистер (35:32) се пласираа во финалето на Ф4-турнирот во Битола!
🚀 Најдобар стрелец во нашиот тим беше Јован Петрески со 10 гола, а Стефан Ѓоргиевски даде девет гола.
🕖🏆 Финалето на турнирот се игра од 20:30 часот.
21/05/2026
🔵⚪🏆🇲🇰 Младинците на РК Мулти Есенс го победија РК Еурофарм Пелистер 2 (33:25) во Автокоманда и го добија заслужениот шампионски пехар во лигата! Најдобри стрелци на натпреварот беа Дарјан Ѓоќески и Јулијан Матевски, двајцата постигнаа по седум гола.
19/05/2026
🔵⚪🏆 РК Мулти Есенс се врати во Суперлигата! Нашиот тим победи против РК Драчево Јуниор (39:25) и го осигура првото место во Првата лига. Најдобар стрелец во тимот беше Бобан Поповски со осум гола, пред Немања Џигеровски со седум гола. Сезоната РК Мулти Есенс ја заврши со 23 победи на 24 натпревари. 🇲🇰✅
19/05/2026
💙🤍🤾♂️ Кадетите на РК Мулти Есенс се дел од завршниот Ф4-турнир кој на 24 мај ќе се игра во Битола!
Нашиот тим во полуфиналето од 12:00 часот ќе се соочи со домаќинот РК Еурофарм Пелистер. Во второто полуфинале играат ГРК Охрид и РК Пролет 62.
Победниците ќе играат за кадетската титула од 20:30 часот, а претходно е мечот за третото место (18:30 часот).
19/05/2026
🇲🇰🤾♂️🔵⚪ Меч за пласман во Суперлигата! РК Мулти Есенс во последното коло на Првата лига ќе му биде домаќин на РК Драчево Јуниор. Дојдете во сала и бидете наша поддршка! Се гледаме во Автокоманда!
13/05/2026
🇲🇰🏆 Завршниот турнир кај пионерите ќе се игра во Автокоманда на 16 мај (сабота)!
🔵⚪ Дел од Ф4 ќе бидат нашите екипи РК Алкалоид и РК Мулти Есенс, заедно со ГРК Охрид и РК Еурофарм Пелистер 2.
▶️ Во првото полуфинале од 12:00 часот играат РК Алкалоид и РК Мулти Есенс, додека во второто од 14:00 часот играат ГРК Охрид и РК Еурофарм Пелистер 2. Финалето е закажано од 19:30 часот, а претходно од 17:30 е мечот за третото место.
10/05/2026
🇲🇰🏆 Младинците на РК Мулти Есенс се шампиони на Македонија!
🔵⚪ Нашиот тим во рамки на 6. коло од плејофот го победи РК Бутел Скопје (31:27) и ја осигура титулата.
🚀🥅 Најдобар стрелец во нашиот тим беше Дарјан Ѓоќески со седум гола, а Марин Крстевски постигна шест гола.
09/05/2026
🔵⚪🤾♂️ РК Мулти Есенс со победа кај РК Вардар Неготино (29:37) ги заврши гостувањата во Првата лига! Најдобар стрелец на мечот беше Бобан Поповски со десет гола, а Дарјан Ѓоќески и Немања Џигеровски постигнаа по седум гола.
📅↪️ Во следното коло, последно од шампионатот, нашиот тим на домашен терен ќе игра со РК Драчево Јуниор за место во Суперлигата!
09/05/2026
🔵⚪🤾♂️💥 Пионерите на РК Мулти Есенс со звукот на сирената до место на Ф4! Нашиот тим го победи МРК Куманово со 23:19 во Автокоманда и беше подобар за еден гол во двомечот за завршницата. Најдобар стрелец во екипата беше Горјан Петрушевски со шест гола, а авторот на последниот гол Христијан Ангеловски имаше четири гола, исто колку и Максим Тотиќ.