Терапија со високоинтензивен ласер (HILT)
Современ пристап во третманот на болката и рехабилитацијата
Прецизна ласерска терапија за полесно и побрзо закрепнување
Premium Sport Center
Најсовремен и најмодерно опремен центар за здрав живот Premium Physical Therapy & Sport Center
телефон 02 3099 666
06/08/2026
Современата HILT-терапија со 30W високоинтензивен ласер и скенирачки апликатор претставува врвна технологија во физикалната медицина и рехабилитацијата. Благодарение на високата моќност и интелигентното скенирање, ласерската енергија продира длaбоко во ткивата, овозможувајќи прецизен, безболен и ефикасен третман со максимална удобност за пациентот. Според д-р Аница Хаџи-Петрушева-Јанкијевиќ, специјалист по физикална медицина и рехабилитација, овој вид терапија има широко поле на примена кај акутни и хронични болки, спортски повреди, воспаленија на тетиви и лигаменти, артроза, болки во грбот, вратот и рамото, плантарен фасциит, епикондилитис, како и во постоперативна и посттрауматска рехабилитација.
Прочитајте повеќе⬇️
НОВО: ТЕРАПИЈА СО ВИСОКОИНТЕНЗИВЕН ЛАСЕР (HILT) - Premium Sport Center Novosti
04/08/2026
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди специјални пакет-третмани на Одделот за физикална медицина и рехабилитација, кои се спроведуваат на единствената хидро-трака од ваков тип во земјава. Хидротерапијата придонесува за подобрување на подвижноста, ја зголемува еластичноста на меките ткива, го подобрува мускулниот тонус и го забрзува процесот на закрепнување. ⬇️
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ-ТРЕТМАН ЗА ХИДРОТЕРАПИЈА - Premium Sport Center fizikalna
04/08/2026
Во текот на летните месеци, високите температури често предизвикуваат чувство на тешки и отечени нозе, проследено со болка, замор и непријатност. За побрзо олеснување и подобра подвижност, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ подготви нови пакет-третмани на Одделот за физикална медицина и рехабилитација. Прочитајте повеќе⬇️
НОВИ ПАКЕТИ НА ОДДЕЛОТ ЗА ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА - Premium Sport Center Novosti
02/08/2026
Честит Илинден!
29/07/2026
Драги членови,
ве известуваме за работното време на Premium Sport Center за празниците.
20/07/2026
Балансните вежби и вежбите за координација се важен дел од рехабилитацијата по повреда на долниот екстремитет. Тие ги подобруваат стабилноста, рамнотежата и контролата на движењата. Помагаат во враќањето на правилната функција на екстремитетот, го намалуваат ризикот од повторна повреда и ја зголемуваат сигурноста при одење и извршување на секојдневните активности. Со нивно редовно изведување се овозможува побрзо и поквалитетно функционално закрепнување.
🔹Одделот за физикална медицина и рехабилитација нуди можност за превенција и третман на сите спортски повреди, вклучувајќи и индивидуален план за третман и вежби. Тој е единствен во Македонија, кој располага со хидролента за изведување на хидротерапија.
09/07/2026
Со редовен третман се намалуваат болката и чувството на затегнатост, што овозможува побрзо враќање на подвижноста, постигнување подобар обем на движење во колено и враќање на секојдневните активности за пократок временски период.
30/06/2026
Долготрајното седење, недоволната физичка активност, неправилното држење на телото и дегенеративните промени на ‘рбетниот столб сè почесто предизвикуваат непријатност и ограничување на секојдневните активности. Во физикалната медицина, една од методите што успешно се применува во третманот на овие состојби е вертебралната екстензија.
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ вертебралната екстензија се спроведува со современ екстензионен стол – екстензомат, кој овозможува прецизно и контролирано дозирање на силата на истегање.
Прочитајте повеќе⬇
ВЕРТЕБРАЛНА ЕКСТЕНЗИЈА – СОВРЕМЕН ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА БОЛКИТЕ ВО ’РБЕТОТ - Premium Sport Center Novosti
05/06/2026
Скопје вчера беше домаќин на второто издание на „Кроација осигурување – Бизнис трка 5K“, најмасовната корпоративна спортско-рекреативна манифестација која на едно место обедини повеќе од 50 компании, институции и организации од Македонија. И оваа година, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ беше горд домаќин на настанот, при што стартот и финишот на трката беа поставени пред болницата.
„Аџибадем Систина“ и „Премиум спорт центар“ се претставија со свој тим од 70 учесници, кои со голема енергија и ентузијазам ја истрчаа целата патека, гордо носејќи ги боите на нашите брендови.
За загревањето на учесниците беше задолжена фитнес-инструкторката Ангела Јованоска-Конески од „Премиум спорт центар“.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Website
Address
Skupi 3 A
Skopje
1000
Opening Hours
| Monday | 06:00 - 22:00 |
| Tuesday | 06:00 - 22:00 |
| Wednesday | 06:00 - 22:00 |
| Thursday | 06:00 - 22:00 |
| Friday | 06:00 - 22:00 |
| Saturday | 10:00 - 18:00 |
| Sunday | 10:00 - 18:00 |