20/05/2026
🟡🟢⚫️ КРАЈ НА СЕЗОНАТА 🟡🟢⚫️
Во последното коло од сезоната нашиот тим го одигра својот последен натпревар против РК Мулти Есенс, каде што противникот заслужено славеше со резултат 39:25. 👏
Со оваа победа, РК Мулти Есенс го освои првото место на табелата и обезбеди директен пласман во Супер лига. Им честитаме и им посакуваме многу успех понатаму!
Ние сезоната ја завршуваме на 3️⃣ место на табелата. Горди сме на борбата, трудот и заедништвото што го покажавме во текот на целата сезона.
🟡🟢⚫️
Голема благодарност до сите играчи, тренери, навивачи и пријатели на клубот за поддршката! Следува уште поголема работа и нови предизвици. 🔥
#Ракомет #ТимскаБорба #ТретоМесто #Сезона2026
17/05/2026
🔥 Последно коло, последен предизвик!
Во вторник не очекува дерби натпревар против првопласираната екипа РК Мулти Есенс.
Ние моментално сме на третата позиција и без разлика на исходот, табелата за нас останува непроменета — но тоа не значи дека нема да дадеме максимум!⚫️🟢🟡
Одиме на тешко гостување во салата „Автокоманда“ со желба да одиграме квалитетен натпревар, борбено до самиот крај и достоинствено да ја заокружиме сезоната. 🤾♂️
📅 Вторник | 19.05.2026
⏰ 18:00 часот
📍 Сала „Автокоманда“ – Скопје, Гази Баба
Да го завршиме првенството со срце, борба и спортски дух! 💪🟡🟢⚫️
10/05/2026
🏆 НОВА ПОБЕДА ЗА НАШИОТ ТИМ!
⚫️🟢🟡🏆
Со одлична игра, борбеност и тимски дух, нашиот тим славеше против РК Текстилец со резултат 38:31! 🔥🤾♂️💪
Секој натпревар е нов доказ за трудот, посветеноста и желбата за победа на нашите момци! 👏
07/05/2026
🔥 Натпреварувачки викенд ⚫️🟢🟡
Нашиот тим оваа сабота го пречекува составот на РК Текстилец во важен домашен натпревар, каде целта е јасна — продолжување со добрите резултати и нова победа. 💪
🏆 РК Драчево Јуниор 🆚 РК Текстилец
📅 Сабота – 09.05.2026
🕖 19:00 часот
📍 Сала „Круме Кепески“ – Кисела Вода
Фокусирано, мотивирано и подготвено за нов предизвик. 💪
05/05/2026
🏆 Победа за нашиот тим!⚫️🟢🟡
Нашиот тим славеше убедлива победа против РК Јехона со резултат 35:28 💪
Одлична игра, борбеност и тимски дух на теренот донесоа нов триумф! 👏
Продолжуваме посилно напред! 🔥
#Победа #РКДрачевоЈуниор #ТимскаИгра
01/05/2026
ВРЕМЕ Е ЗА НОВ ПРЕДИЗВИК!🟡🟢⚫️
Оваа недела гостуваме кај РК Јехона
нашиот тим е подготвен за борба до последна секунда! 💪
📅 03.05.2026 (Недела)
🕖 19:00 часот
📍 Сала „Младост“ – Гостивар
Фокус. Дисциплина. Победа.
Одиме силно и со срце на терен! 🔥
#РКДрачевоЈуниор #Фокус #БорбаДоКрај #Победа
26/04/2026
🤾♂️Нерешен резултат 27:27 против РК М. Богданци.
Имавме свои шанси, но трите клучни напади не ги реализиравме кога беше најпотребно.
Недостасуваше и малку среќа за да ги земеме бодовите.
Ова е лекција за понатаму – главите горе и фокус на следниот натпревар.🟡🟢⚫️
24/04/2026
🔥 НАТПРЕВАР НА КОЛОТО 🔥
Оваа сабота не очекува голем предизвик!
Во гости ни доаѓа екипата на РК Младост Богданци – тим кој моментално го дели првото место на табелата. 💪
Ние влегуваме како трето пласирани, мотивирани и подготвени да дадеме максимум на теренот! 🔥
📅 Сабота, 25.04.2026
🕔 17:00 часот
📍 Сала „Круме Кепески“ – Скопје, Кисела Вода
12/04/2026
🐣Честит ВЕЛИГДЕН на сите наши играчи, родители, навивачи и пријатели ви посакуваме многу здравје, радост и среќни празнични моменти!🙏🟡🟢⚫️