20/10/2024
Утринска Аштанга 🧘♀️понеделник/среда/петок 17:45
Акцентот во оваа Утринска група е на Првата серија од Аштанга јога и свесно поврзување сите нејзини елементи, дишење, банди и фокус на поглед, заокружени со флуидно движење од позиција во позиција за да се постигне, прво физички, потење и ослободување на телото од сите физиолошки, но и емотивно насобрани токсини и второ, ментално вниманието да се повлече целосно навнатре во состојба на неутрално сведочење на секое свое искуство.
Бидејќи има опција за 3 пати неделно, еден час во неделата е посветен на водена пракса, еден час помека пракса со различни вежби за да бидат таргетирани различни делови на телото и да се постигнат специфични отворања и третиот час е посветен на Мајсор пракса, моменти кога практикантот учи како самостојно да се впушти во серијата, со постојано правилно адаптирање и подместување од страна на учителот.
На часот, практикантот, исто така, постепено е воден да ги осознае и другите слоеви на јога, и да ја осознае и нејзината психолошка и философска димензија и практичноста на двете во секојдневното живеење
03/10/2024
Есен во C8 🍂🍁 Добредојдени сте во нашиот дом 🙏🏻
понеделник&среда
08:00 Ashtanga
18:45 Flexibility&Meditation
20:00 Beginner Ashtanga
вторник&четврток
10:00 Hatha Flow
18:50 Power Yoga intensive
20:00 Stretch&Relax
петок:
20:00 Beginner Ashtanga
23/08/2024
Да го испратиме летото заедно 🌞
Разгледајте го нашиот распоред и пишете ни порака 🤍
понеделник&среда
08:00 Ashtanga
17:30 Beginner Power Yoga
18:45 Flexibility&Meditation
20:00 Beginner Ashtanga
вторник&четврток
10:00 Hatha Flow
17:30 Beginner Vinyasa
18:50 Power Yoga intensive
20:00 Stretch&Relax
петок:
17:00 Restorative Yoga
20:00 Beginner Ashtanga
сабота:
11:00 Restorative Yoga
11/06/2024
Пишете ни во коментар или директна порака, за да ви помогнеме во изборот на типот на јога кој е идеален за вас 🍀
13/05/2024
Силна, нежна, моќна, храбра, мудра... Среќен роденден 🙏🏻 Секогаш да ни го осветлуваш патот со љубов 🤍
03/05/2024
Среќен роденден наша драга практикантка 🌹 Продолжи да сјаеш со својата убавина, одвнатре и однадвор ☀️
21/04/2024
Писмо од нашата драга славеничка 🎉🥳
"Повеќе од 5 години заедно со Лејла вежбам јога. Со неа започнав и без разлика на условите кои ни ги пружеше животот јас уживам во секој час. Не е лесно да се оддели време за себе си и да се започне нешто ново и не познато (некогаш и аверзично за многу луѓе)...и да направиш пауза за време на бременост...и да се префрлиш он-лајн со часови за време на корона. Да ги менаџираш 3те деца, да имаш приватна фирма и да работиш деноноќно и плус си домаќинка... И да најдеш дел од денот за себе и да работиш на себе. Оваа движечка енергија мене ми ја дава Лејла. Тој 1 час на смиреност и поглед кон себе си за мене е бесценет. Чувствата кои ги игнорирав и говорот на телото за кои бев глува, јас научив дека се најважни. Да се биде тука и сега, тоа се вежба. Да се добие мир и тоа се вежба. Како мускулите така и умот.
Во заблуда живеев дека не е јогата за мене поради темпераментот кој го носам, но потоа сфатив дека се се менува и се треба соодветно да се седативира.
Јас го променив својот начин на живот и со отворено срце ви предлагам да ја сфатите филозофијата и вежбите раководени од Лејла 🍀"
Продолжи да инспирираш со твојата убавина одвратне и однадвор 👸🏻
02/03/2024
Одбери термин и започни ја својата трансформација 💫
27/02/2024
Ако сакате подобра флексибилност, мобилност и виталност но и релаксација, започнете со јога часовите на Марија ,
секој понеделник и среда 19:00 🧘♀️
Местата се ограничени, резервирајте си го своето сега 🙏🏻