Abc Tennis Club

Abc Tennis Club

Share

ABC Тенискиот клуб е еден од првите во земјата основан в?

Photos from Abc Tennis Club's post 19/08/2026

Изминатиов викенд во ТК Поинтер се одржа Отворено Првенство за Јуниори и Јуниорки до 16 години.
Нашата Јоана Милкова го освои 🥈то место и како клуб сме особено горди на нејзиниот успех.
На сите наши натпреварувачи им посакуваме најдобри резултати, а зад тоа стои напорен тренинг и посветеност.🎾

07/08/2026

Во нашиот клуб секој е добредојден!

Градиме место каде што децата, рекреативците и натпреварувачите тренираат, напредуваат и уживаат во пријатна, фамилијарна атмосфера.

Веруваме дека најдобрите резултати доаѓаат кога се чувствувате како дома – опкружени со позитивна енергија, поддршка и насмевки.

Дојдете и бидете дел од нашето тениско семејство. ❤️🎾.

31/07/2026

Тенискиот клуб АБЦ/МОНДАНО имаше огромна чест да ја угости најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа и нејзиниот тренер Димитар Лабудович. 🎾

Искрено им благодариме за издвоеното време, несебичното споделување на своето знаење, искуство и љубов кон тенисот.

Нашите играчи имаа можност не само да тренираат со врвен спортист, туку и да слушнат совети кои ќе ги мотивираат и водат на нивниот спортски пат.

За децата, ваквите моменти се многу повеќе од еден тренинг – тие се инспирација, верба дека со труд, дисциплина и посветеност секој сон е достижен.

Со нетрпение очекуваме повторно да ја пречекаме Лина во Тенискиот клуб АБЦ и заедно да продолжиме да ги инспирираме идните генерации тенисери.

Ви благодариме, Лина и Димитар!!!
Вратите на Тенискиот клуб АБЦ/ МОНДАНО секогаш ќе бидат отворени за вас. 💙🎾

28/07/2026

Изминатата недела се одигра турнир во ТК Охрид до 16години каде што имавме уште еден медал овој пат 🥇🏆🍾.
Јоана Милкова со одлична игра, посветеност и храброст на целиот турнир го освои Првото место 🦾.
Честитки и до Јована Велјановска која загуби во четврт финалето и за храбрата игра на Чејтања Јовановска која загуби во првото коло.

Честитки уште еднаш 🎉.

Photos from Abc Tennis Club's post 23/07/2026

Изминатата недела во ТК ОХРИД се одиграа ОПМ до 12 и 14 години каде што настап имаа Ума до 12 и 14год., Тици и Еда до 14год. 🎾
Нашата лавица Ума и на двата турнири го освои 🥈то место 👏.
Честитки до Ума и другите натпреварувачи за прикажаната игра и борба 🦾.

30/06/2026

Навиваме за Лина 🦾, навиваме за Македонија 🇲🇰.

27/06/2026

Тука тенисот не е само тренинг, туку и забава 🤸

Играј тенис! 🎾

Photos from Abc Tennis Club's post 11/06/2026

Одличен викенд за нашиот клуб. 🏆🏆🏆
На овогодинешното Државно првенство до 12 години нашиот клуб оствари одлични резултати освојувајќи три од можни четири први места и две втори места.
Во машка конкуренција Јаков Андреевски го освои второто место во сингл, а прво во двојки.
Во женска конкуренција шампион е Јована Атанасовска🥇, а Тицијана Апел се закити со второто место 🥈, додека во конкуренција на двојки Јована Атанасовска го освои првото место🥇, победувајќи ги Тицијана Апел и Ума Факиќ.🥈 Нашиот клуб им посакува уште многу успеси на сите наши натпреварувачи во иднина и уште многу освоени трофеи. 🎾

Photos from Abc Tennis Club's post 05/05/2026

Дел од нашето секојдневие 🎾

❤️

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Website

Address


BUlica Ilinden Br. 94A
Skopje
1000