28/05/2026
📢 Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека бараж натпреварите за пласман во Супер лигата во машка и женска конкуренција ќе се одиграат во среда, на 03.06.2026 година, во спортската сала "25ти Мај" во Радовиш🤾♂️🤾♀️
🕔 Термини:
• 17:00 часот – женски бараж
• 19:30 часот – машки бараж
Во женска конкуренција ќе се сретнат екипите на
🔹 ЖРК Пелистер 2012🤾♀️
🔹 Ѓорче Петров МРК🤾♀️
Во машка конкуренција ќе настапат екипите на
🔹 РК Струга🤾
🔹 РК Младост 1977🤾
28/05/2026
📢 Известување
Закажаниот тренинг на младите момчиња и девојчиња на РК Радовиш се одложува поради оправдани причини и подготовка, односно местење на опремата за турнирот „Македонски Бисер“.
За следниот термин на тренингот, сите ќе бидат навремено известени.
Ви благодариме за разбирањето. 🤾♂️🤾♀️
28/05/2026
Како управа на РК Радовиш изразуваме искрена благодарност до Живко Андонов за неговиот огромен придонес во развојот на ракометот во Радовиш.
Темелите на многу успешни ракометари и почетоците на ракометната приказна во нашиот град беа создадени токму благодарение на неговата посветеност, визија и љубов кон спортот.
Неговиот труд, несебичната работа и долгогодишната поддршка оставија траен белег во спортската историја на Радовиш и претставуваат инспирација за многу генерации млади ракометари.
Ви благодариме за сè што направивте за ракометот и за РК Радовиш!
Исто така, искажуваме искрена благодарност до Славјан Паунов за неговиот несебичен придонес кон клубот во изминатата деценија, како и за значајната улога во развојот и успесите на РК Радовиш.
Овој натпревар беше и последен во неговата играчка кариера – момент исполнет со емоции, почит и благодарност за сè што остави зад себе во дресот на Радовиш.
Со својата посветеност, борбеност и поддршка, Славјан остави траен белег во клубот и спортот во Радовиш, претставувајќи пример за многу млади генерации ракометари.
Благодарност за сите години посветени на РК Радовиш и среќно во новото животно поглавје!
27/05/2026
РК Радовиш во последното коло запиша победа со резултат 31-29 против екипата на РК Струга
27/05/2026
🎥 Во живо од натпреварот
▪️▫️▪️ПЛЕЈ АУТ завршница од Супер ракометна лига на Македонија🇲🇰
🤾♂️РК РАДОВИШ - СТРУГА
⤵️ Среда 27.05.2026 год. Почеток 18.00 час.
РК РАДОВИШ - РК СТРУГА
СУПЕР ЛИГА МАЖИ - ПЛЕЈ АУТ КОЛО 10
27/05/2026
Вечерва од 18:00 часот, на ракометниот натпревар помеѓу РК Радовиш и РК Струга, на влезот ќе биде поставена кутија од Црвен Крст ОО Радовиш за донации наменети за лекување на малата Тијана Дунгевска.
Ги повикуваме сите посетители и хумани луѓе, согласно своите можности, да донираат и да помогнат во оваа хумана акција. Секоја донација значи чекор поблиску до потребното лекување и надеж за Тијана.
Да покажеме хуманост и заедништво. ❤️
26/05/2026
▪️▫️▪️ПЛЕЈ АУТ завршница од Супер ракометна лига на Македонија🇲🇰
🤾♂️РК РАДОВИШ - СТРУГА
⤵️ Среда 27.05.2026 год. Почеток 18.00 час.
🕖 Радовиш
🎥 Во живо од натпреварот
https://macedoniahandball.com.mk/live-streaming/
26/05/2026
Поради закажан турнир во спортската сала денес најмалите девојчиња и момчиња нема да имаат тренинг.
Тренингот ќе се одржи во четврток од 19.30 час., после завршната приредба на градинката Ацо Караманов.
26/05/2026
🤾♂️ Давид Ѓорѓиев, ракометар на нашиот клуб, е повикан во селективниот камп на новоформираната пионерска селекција на Македонија 🇲🇰
Тој настапува на позицијата лев бек и веќе важи за еден од најталентираните млади ракометари, каде што успешно настапува и е дел од пионерската и кадетската екипа на РК „Радовиш“.
Му посакуваме многу успех, здравје и уште поголеми спортски достигнувања во иднина! 👏🔥