15/07/2026
Приказни од Трансверзалата!
Планински активности и афирмација на жената во спортот
15/07/2026
Приказни од Трансверзалата!
13/07/2026
Изминатите денови Здружението Пелагона Прва беше дел од годишниот Мрежен состанок организиран од , кој ги обедини партнерските организации и субгрантистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, правата на жените и јакнењето на граѓанскиот сектор.
Ова беа денови исполнети со инспирација, нови знаења, размена на искуства и многу позитивна енергија. Имавме можност да се запознаеме и вмрежиме со претставнички на организации од целата држава, да разговараме за заедничките предизвици и да отвориме нови можности за идни партнерства и соработки.
Посебно инспиративни беа презентациите на Irena Cvetkovik и Nikola Pisarev, кои и овој пат понудија вредни согледувања, нови перспективи и практични насоки. Секогаш е вистинско задоволство да се слушнат нивните искуства и размислувања.
💜 Благодарност до за поканата, довербата и одличната организација. Се враќаме мотивирани, со нови идеи, нови познанства и уште поголема желба за соработка и позитивни промени во заедницата.
The Kvinna till Kvinna Foundation
Embassy of Sweden in Skopje
Delegation of the European Union to North Macedonia
30/06/2026
Изминатиот викенд, по една претставничка од новоформираните женски кружоци во с.Обршани и с.Кривогаштани присуствуваа на ️Годишната средба на женските кружоци организирана од Akcija Zdruzenska
Заедно со повеќе од 85 жени од различни заедници низ Македонија, имавме можност да ги слушнеме нивните приказни, да видиме што успеале да постигнат во изминатата година и да се инспирираме од нивната упорност, солидарност и желба за промени.
Секоја приказна беше потсетник дека кога жените се поддржуваат, се охрабруваат и делуваат заедно, промените се можни.
Се враќаме дома со нови знаења, идеи и уште поголема мотивација да продолжиме да го зајакнуваме женскиот активизам во нашата заедница.
Delegation of the European Union to North Macedonia
Embassy of Sweden in Skopje
The Kvinna till Kvinna Foundation
Општина Кривогаштани / Municipality of Krivogashtani
#ЖенскиКружок #ЖенскиАктивизам #Кривогаштани #Обршани #ЗаедноСмеПосилни
Сакаме да бидеме глас, не само ехо! ♀️
Убава можност за сите жени од општина Кривогаштани
22/06/2026
Здружението Пелагона Прва во наредниот период ќе реализира волонтерски акции за чистење, уредување и разубавување на урбани и рекреативни локации во Прилеп.
Со овие активности сакаме да придонесеме кон почиста и поуредена животна средина, но и да поттикнеме поголема грижа и одговорност кон природата и јавните простори. Ги повикуваме сите љубители на природата и активниот живот да ни се придружат и заедно да дадеме позитивен пример за нашата заедница.
1️⃣ Првата акција ќе се реализира на Крстот на Маркови Кули (Маркукуле) – една од најпосетените и најпрепознатливи локации во Прилеп.
-.Број на волонтери: до 10 лица
- Терминот ќе биде дополнително меѓусебно утврден
- Предвидено времетраење: 3–4 часа
- Организаторот ќе ги обезбеди сите потребни реквизити за реализација на акцијата.
- Доколку сакате да бидете дел од оваа иницијатива, испратете ни порака во inbox.
Да ја чуваме природата денес, за да уживаме во неа и утре! 🍀💚🍀
18/06/2026
По завршувањето на првата работилница со жените од Кривогаштани, имавме можност да посетиме изложба посветена на Богоја Бојчески – првиот фотограф во Кривогаштани.
Изложбата, претставуваше вистинско патување низ историјата преку фотографии, оригинална фотографска опрема, лични предмети и документи кои сведочат за животот и работата на овој значаен хроничар на локалната заедница.
Особено ни беше драго што домаќин и водич низ изложбата беше сопругата на Богоја Бојчески, која е дел од женскиот кружок во Кривогаштани и учесничка во проектот.
Покрај разговорите за потребите и иднината на заедницата, оваа посета нè потсети колку е важно да ги чуваме спомените, приказните и луѓето кои оставиле траен белег во нашето место.
❤️ Силна заедница се гради кога ги познаваме и својата историја и своите можности за иднината. ❤️
15/06/2026
Одржана е првата серија работилници во рамки на проектот за зајакнување на женското граѓанско учество во Општина Кривогаштани.
Заедно со жените од Кривогаштани и Обршани разговаравме за резултатите од испитувањето на заедницата, надлежностите на локалната самоуправа, општинскиот буџет за 2026 година и можностите граѓаните активно да влијаат врз локалните политики и одлуки.
Учесничките се запознаа и со одговорните лица во општината, активностите и буџетските средства предвидени за нивните населени места, а преку дискусија ги отворивме и прашањата кои се најважни за жените во заедницата.
Кога жените ги познаваат своите права и можности – нивниот глас станува двигател на промените! 🍀
Оваа активност e поддржана со Фондот за поддршка на локалниот женски активизам на Здружението за унапредување на родовата еднаквост Akcija Zdruzenska, финансиран од The Kvinna till Kvinna Foundation и Embassy of Sweden in Skopje
15/05/2026
#зеленпеток бр. 7