18/06/2026
18.06.2026
Денес во нашиот карате клуб успешно се одржа полагање за појаси. Сите каратисти покажаа одлична подготвеност, дисциплина, труд и посветеност, со што успешно ги положија своите испити.
Им честитаме на сите за постигнатиот успех и им посакуваме уште многу напредок, нови предизвици и спортски успеси во иднина. Продолжуваме понатаму со уште поголема мотивација и посветеност.
03/05/2026
Денеска на меѓународниот карате турнир Охрид Опен 2026, нашите натпреварувачи остварија извонреден успех, освојувајќи вкупно 24 медали.
Со одлични настапи, дисциплина и силен борбен дух, тимот се претстави во најдобро светло, освојувајќи медали во повеќе категории. Овој резултат е директен доказ за напорната работа, посветеноста и континуираниот напредок на каратистите.
,,Охрид Опен уште еднаш се потврди како значаен спортски настан, а освоените 24 медали се голема мотивација за идни успеси и нови предизвици.
19/04/2026
Горди сме! 🏅
На Државното првенство за деца освоивме 5 медали! 💪
Благица Јошеска, Алексеј Петрески, Теодор Стојановски и Бонита Велкоска.
Голема благодарност до нашите млади шампиони за трудот, посветеноста и борбеноста – ова е само почеток! 🔥
Продолжуваме уште посилно! 🚀
14/04/2026
Линк - слики од турнир ,, Олимпик Опен 2026" - Скопје.
OLIMPIK - Google Drive
06/04/2026
Со голема гордост објавуваме дека на натпреварот Olympic Open освоивме вкупно 31 медал! 🏆🥋
Овој успех е резултат на напорната работа, дисциплината и посветеноста на сите натпреварувачи, како и поддршката од тренерите и целиот тим. Секој освоен медал е доказ за вложениот труд и желбата за напредок.
Горди сме на секој член од екипата и продолжуваме уште посилно кон нови предизвици и победи! 💪🔥
27/03/2026
Полагање за жолти појаси
27.03.2026
Честитки до сите