02/09/2026
Организаторите на Чупино Треил уште еднаш покажа што значи традиција, искуство и вистинска посветеност во организирањето на планински и треил трки.
Во еден ден – три различни должини, три различни предизвици, но еден и подеднаков третман за сите учесници. Токму тоа е вредноста на една вистинска треил трка – без разлика дали трчаш 16, 32 или 60 километри, секој учесник да се чувствува подеднакво почитуван и добредојден.
Патеките водеа низ прекрасни планински предели, низ природата на Плачковица, со врвови и глетки кои едноставно пленат со својата убавина и моќ. Тоа не е само трка – тоа е доживување, предизвик и средба со планината.
КПС Осоговски Орел оваа година настапи во сите три категории, со свои претставници на секоја од патеките.
На трката од 32 км, нашиот член Борче Христов оствари извонреден резултат и го освои 2-рото место, во навистина силна и бројна конкуренција. Резултат кој заслужува огромна чест и почит!
На истата дистанца настапи и нашиот член Борче, кој успешно го совлада предизвикот и ја заврши трката.
На Бумбарска – 16 км, нашиот клуб го претставуваа Марија и Коле, кои успешно ја истрчаа патеката и уште еднаш покажаа дека секој километар во планина има своја приказна.
На најдолгата и најпредизвикувачка Тринити – 60 км, нашиот член Тосе се соочи со големиот предизвик и успешно ја помина патеката.
Честитки до Борче за освоеното второ место, но и голема чест и признание до сите наши учесници кои со своето учество го претставија клубот на оваа прекрасна треил манифестација.
Посебна благодарност до организаторите на Chupino.trail за професионалната организација, одличниот однос кон учесниците и за тоа што со години ја градат и одржуваат традицијата на треил трките.
И, секако, голема благодарност до сите поддржувачи на КПС Осоговски Орел.