24/07/2026
Нашата прва мајца е инспирирана од великанот:
Едгард Дега бил француски импресионист. Балерини почнал да слика околу 1868 година, а од 1870-тите тие станале негова најважна тема. Не го интересирал само настапот, туку и пробите, движењето, дисциплината и секојдневниот живот на танчарките. Преку нив ги проучувал човечкото тело, движењето и светлината, поради што денес е познат како најголемиот сликар на балерини.
💌 dm to order
13/06/2026
“Зајакот и желката”
Детска претстава која ги подзамисли возрасните, која ги научи на емпатија учесниците, и која ќе остане силно врежана во детската меморија на овие мали професионалци.
“Скил Фектори” и “Перципио”
За нас професорите оваа соработка многу значи бидејќи многу учиме едни од други вклучувајќи ги и децата✨
големо благодарам што го препознавте нашиот проект како потенцијален за развој на културата на нашиот град
Се гледаме наскоро со нови предизвици 🎀
06/06/2026
Почитувана публико, се ближи крајот на нашата работна година и како и секогаш го крунисуваме со завршна детска претстава- мјузикл. Претставата ќе се одржува со два термина на 8.06.2026 и 10.06.2026
🎟️Картите можете да си ги подигнете од 1.06.2026 во нашите простории
Голема благодарност до “Општина Куманово”, “Кино козјак-Куманово” и “Код” кои што ни помогнаа за овој настан да изгледа подобро.