26/11/2025
Пилатесот е многу повеќе од вежбање, тоа е инвестиција во вашето тело, држење, сила и ментална рамнотежа.
Доколку одамна размислувате да започнете да вежбате, ова е вистинскиот момент. ✨️ Секој почеток е предизвик, но и најубавата одлука што можете да ја направите за себе. Пилатесот ја менува силата, држењето и свесноста на телото.
Ако сте подготвени да направите чекор кој навистина носи резултати придружете ни се во новата група Low Impact Pilates (почетно ниво) за да започнеме едно поубаво, посвесно и поздраво патување. 🍀✨️
А за дел од бенефетите кои ги нуди пилатесот можете да прочитате погоре во постот. 🤍
30/08/2024
Доколку се прашуваш кога е вистинско време да започнеш со физичка активност, не се двоуми и не одложувај туку започни СЕГА!
Ние не вежбаме кампањски и само пред лето, туку целиме кон тоа кај секој од вас физичката активност да ја претвориме во секојдневна навика која ќе ви стане животен стил.
Ние со нашата енергија сме овде да ве мотивираме и да ви го помогнеме целиот процес без разлика дали си почетник или не.
Слободни места во Total Body програмата имаме во следните термини:
📌Total Body 4:
◽вторник и четврток од 19:40часот
◽петок од 20:10 часот
📌Total Body 1:
◽понеделник и среда од 18:00часот
◽петок од 16:55часот
🔔Местата се ограничени затоа побарај не и резервирај си место!
20/08/2024
Ова лето мора да ве пофалам дека од сите претходни години назад, оваа вежбавте со најмалку паузи 😊
Имаме мали измени во распоредот од Септември и неколку новитети.
🔸На ваше барање додадовме уште еден тренинг тотал боди кој ќе биде заеднички за сите групи и по потреба може да се активира уште еден термин. И уште една новоформирана Total Body група во вторник, четврток и петок.
🔸 Нова група, Balance Pilates која е наменета за сите оние кои немате никаква физичка активност, поголем дел од денот го поминувате седејќи, имате болки во грбот, за повозрасни лица и бремени жени и жени после породување. Многу полесна верзија од пилатесот кој го вежбаме досега, со цел да мотивираме многу повеќе лица да станат активни.
🔸 Тренинзите ни траат 1 час и слободни места имаме уште многу малку, затоа ако сеуште не сте одлучиле, побрзајте, пишете ни и резервирајте си место или дојдете на пробен час.
Се гледаме во сала 💪❤️
29/08/2023
Од 4ти Септември започнува новата сезона 🏋♀️.
🔸️Се надевам дека вие што правивте пауза, се одморивте и сте ги "наполниле батериите" 😁, а ние што трениравме во текот на целото лето продолжуваме уште појако💪🏻.
🔸️Пријавувањето е во тек, резервирајте си го вашето место на време.
🔸️Инфо во порака или на 078 831 379.
16/01/2023
⚠️И З В Е С Т У В А Њ Е ⚠️
Девојки, само овој месец имате промотивно и можност СО ЕДНА ПЛАТЕНА ЧЛЕНАРИНА ДА ВЕЖБАТЕ ДВЕ!!
Секоја новозапишана девојка може со себе да ја донесе и запише својата другарка, а истото важи и за старите членови и со вас можете да доведете ваша нова другарка и да вежбате заедно!
Измотивирај некоја своја другарка и започнете да вежбате, започни ја годината со мали промени во своите навики и бидете константни во своите одлуки!
Ве очекувам!
💪🤗😊
27/04/2022
Учете ги вашите деца на спорт и активност уште од мала возраст!
Преку вежби и заеднички игри влијаеме врз психофизичкиот развој на дечињата, моториката и координацијата!
Групите се предвидени за дечиња од 5 годишна возраст па се до 9-10 години.
Вклучете го и вие своето дете во спортот, пишете ни за дополнителни информации во инбокс или на:
078 831 379 - Верица Димитрова или
078 302 937 - Иван Јанев
🍀🏃♀️🏃♂️🍀🤸♀️🤸♂️🍀
13/11/2021
➡️ Секое дете заслужува правилен развој, затоа побрзај и пријави го своете дете!
➡️ За поголема ефективност и внимание, бројот на дечиња во група е ограничен!
➡️Групата започнува од 23.11.2021
➡️ Пишете ни или контактирајте не за се останато што ве интересира!
🤸♀️👫🤸♂️🏃♂️🏃♀️