28/08/2026
Голема благодарност до Ф.К.Вардар за поканата на Меморијалниот турнир за Васе Рингов легендата на Вардар и Македоскиот фудбал..
Ни претставува голема чест и задоволство што ќе учествуваме.
Со почит Ф.К.НАПРЕДОК
🤝Добредојде за ФК Напредок од Кичево на меморијалниот турнир во чест на вардаровата легенда, Васе Рингов.🔴⚫
⚽Напредок на турнирот ќе настапи со генерацијата 2016
#БезКотизацијаУчествотоЕЦелосноБесплатно❤️
27/08/2026
ФУДБАЛСКИ ВИКЕНД ВО КИЧЕВО
Почитувани љубители на фудбалот и навивачи на Ф.К.НАПРЕДОК.
За прв пат после подолг временски период нашите млади фудбалери(кадети и пионери)ќе се натпреваруваат во Втора Лига Запад.
Со големо задоволство Ве покануваме заеднички да навиваме за нашите млади фудбалери и да бидеме дел од следните фудбалски натпревари:
ПИОНЕРИ:Ф.К.НАПРЕДОК-Ф.К.АЕРОДРОМ
ПОЧЕТОК:НЕДЕЛА 30.08.2026-15:00 ЧАСОТ
МЕСТО:ГРАДСКИ СТАДИОН КИЧЕВО
КАДЕТИ:Ф.К.НАПРЕДОК-Ф.К.АЕРОДРОМ
ПОЧЕТОК:НЕДЕЛА 30.08.2026-17:00 ЧАСОТ
МЕСТО:ГРАДСКИ СТАДИОН КИЧЕВО
Исто Ве покануваме ден претходно сабота 29.08.2026 со почеток во 17:00 часот на пријателски натпревар на помеѓу сениорската екипа на Ф.К.НАПРЕДОК и Ф.К.КУЛ.
И оваа сезона заеднички во фер и спортска атмосфера да навиваме за нашите фудбалери.
Со почит Ф.К.НАПРЕДОК КИЧЕВО
16/08/2026
ФК Напредок во сезоната 2026/27 ќе биде дел од втората македонска фудбалска лига со генерациите 2010/2011 и 2012/2013.
🔊Ги повикуваме сите заинтересирани да се приклучат на брендот стар еден век и заедно да продолжиме да чекориме по патот на успехот.
Пријавување на броевите :
🔹078-820-026
🔹078-854-627
🔹071-209-754
14/08/2026
Тренинзите и припремите на ФУДБАЛСКИОТ КЛУБ НАПРЕДОК-КИЧЕВО за престојната сезона
на СЕНИОРСКАТА ЕКИПА како и на МЛАДИСКИТЕ КАТЕГОРИИ се во полн интензитет.
13/08/2026
Известување
Почитувани Кичевчани,љубители и навивачи на Ф.К.НАПРЕДОК. Во продажба се пуштени влезниците за есенскиот дел од сезоната 2026/27 со цена од 500 денари.
Сите заинтересирани влезниците може да се набават по договор на контакт броевите:
071/824-804
070/484-088
Голема благодарност до ПИКСИ ПРИНТ за соработката и донацијата.
Со почит Ф.К.НАПРЕДОК-КИЧЕВО.
05/08/2026
Денеска со тренинзи и припреми за престојната сезона започнаа младинските категории на Ф.К.НАПРЕДОК.
За сите заинтересирани во тек е регистрацијата на нови членови во младинската школа од сите генерации на Ф.К.НАПРЕДОК.
Бидете дел од фудбалското семејство со најдолга традиција и историја.
Контакт за регистрација на нови членови:
078/820-026
071/209-754
070/685-699
Со почит ФУДБАЛСКИ КЛУБ НАПРЕДОК-КИЧЕВО!
15/05/2026
Почитувани,
Викендов на програма е последното коло од Трета Лига Запад, каде во недела 17.05.2026г со почеток во 17:00 часот на Градскиот стадион во Кичево Ф.К.НАПРЕДОК е дочекува екипата на Ф.К.Ренова.
Ги повикуваме сите симпатизери на нашиот клуб и љубители на фудбалот во фер и спортска атмосфера да бидат дел од овој настан.
Влез: 50 денари
Со почит
Ф.К.НАПРЕДОК
01/05/2026
Почитувани,
Викендов на програма е 20-то коло од Трета Лига Запад, каде во недела 03.05.2026г со почеток во 16:30 часот на Градскиот стадион во Кичево Ф.К.НАПРЕДОК го дочекува лидерот на табелата, екипата на Ф.К КАМЈАНИ.
Ги повикуваме сите симпатизери на нашиот клуб и љубители на фудбалот во фер и спортска атмосфера да бидат дел од овој настан.
Влез: 50 денари
Со почит
Ф.К.НАПРЕДОК
17/04/2026
Почитувани,
Во рамките на 18-то коло од Трета Лига Запад,во недела 19.04.2026г со почеток во 15:00 часот на Градскиот стадион во Кичево нашиот Ф.К.НАПРЕДОК е дочекува екипата на Ф.К.ДОБРОШТИ.
Ги повикуваме сите симпатизери на нашиот клуб и љубители на фудбалот во фер и спортска атмосфера да бидат дел од овој настан.
Влез: 50 денари
Со почит,Ф.К.НАПРЕДОК