15/05/2025
На денешната 48.седница на Собранието беше изгласан Закон за измени и дополнувања на Законот за оружје поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
➡️ Клучната измена на законот се однесува на обврската на МВР да го спроведува полагањето на стручниот испит во постапката за одобрение за набавување на оружје.
❗️ Со ова се разрешува состојбата на застој на процесот со кој се засегнати повеќе од 3.000 граѓани кои аплицирале за дозвола за набавка на оружје во изминатите година дена.
‼️ Дополнително, се воведува изедначување на постапката за набавка на муниција за нежлебно и за жлебно оружје. Со ова се излегува во пресрет на потребите на Стрелачката федерација на Македонија, на Ловечката федерација на Македонија и на ловните концесионери во Македонија.
🫡🇲🇰 Припадниците на Министерството за одбрана и АРМ, пензионираните припадници на овие институции, поранешните професионални војници на АРМ и сите граѓани кои отслужиле воен рок се ослободуваат од обврската за задолжителната обука за правилно и безбедно ракување со оружје.