14/07/2026
🚴♂️ ФЕНОМЕНАЛНО МТБ ДОЖИВУВАЊЕ ВО СРЦЕТО НА АЗОТ! 🌲⛰️
Изминатиов викенд бевме дел од незаборавниот „АЗОТ“ Мтб предизвик, во одлична организација на тимот од Veles Biking ! 🤝
📍 Стартувавме од живописното село Могила во областа Азот, што влече потекло од турскиот збор "Хас" или "Хасот" што значи непристапен или одметнат терен, и така и беше 😬 . Патеката нè водеше низ неверојатни природни убавини, густи шуми и пејзажи кои го одземаат здивот, сè до планинарскиот дом Чеплес и моќниот врв Куртовица! 🏔️✨Природата во овој крај покажа зошто е рај за сите љубители на планинскиот велосипедизам – чист воздух, прекрасни глетки и вистински адреналински предизвик. На спустот од Куртовица према Папрадиште видовме зошто селото го добило тоа име, наидовме на предел од густ папрат од над метар и половина, но беше одлично и несекојдневно искуство и за нас кој сме поминале низ секаков терен. 👌
Пофалби до организаторите за одличната атмосфера, гравчето, модрите сливи и не така скромните награди што израдуваа 20-тина најсреќни 👏, што допринесе целата енергија што ја вложија за овој настан да биде на највисоко ниво! 👏 Велосипедската заедница уште еднаш покажа со какво срце вози. 🔥
Се гледаме на следната тура! 🚲💨 #Чеплес #Куртовица #ПланинскиВелосипедизам #Природа #Азот
06/07/2026
🚴♂️ Врвно планинско МТБ доживување: Бабин Срт не освои со својата магија! ⛰️✨
Сакаме да упатиме огромна благодаранoст до велосипедското друштво Rupicapra MTB Adventure team за феноменалната организација на оваа незаборавна велосипедско-планинарска тура! 🙌
Екипата на МТБ Кичево имаше чиста привилегија да ужива во секој извозен километар и да ги искуси неверојатните природни убавини кои ги нуди овој предел. Поминавме низ преубави, густи букови шуми и уживавме во глетката на бескрајните зелени пасишта кои едноставно го одземаат здивот. 🌲💚
Кога стигнавме на самиот срт, нè пречека наградата за целиот труд – спектакуларен поглед на три страни! Од таму како на дланка се гледаа:
🌊 Охридското Езеро
🏞️ Дебарскиот предел
🏡 Нашиот кичевски дел
За авантурата да биде уште повозбудлива и автентична, природата ни приреди и едно изненадување – на патот нè пресретна едно преслатко малечко мече кое набрзина претрча пред нас! 🐻 Потсетник дека бевме гости во чиста, дива и недопрена природа.
Дечки од Рупикапра, ви благодариме за гостопримството, одличното друштво, беспрекорната патека и за спомените кои долго ќе ги паметиме. До следната заедничка авантура и следното заедничко качување! 🚲💪
30/06/2026
СЕ ПРИСЕТУВАМЕ НА НАШИТЕ НАЈДРАГИ АВАНТУРИ!
Бидејќи сме нова страница и ново здружение, сакаме да споделиме дел од нашите досегашни незаборавни МТБ искуства.
На 9-ти август 2025 година, ја освоивме прекрасната Шар Планина! Ја реализиравме епската тура до Лешница и нејзините моќни водопади, возејќи преку традиционалното бачило. Тоа беше ден исполнет со чист воздух, адреналин, прекрасни пејзажи и одлично друштво.Оваа тура е само дел од приказните кои допрва ќе ги пишуваме заедно!
Локација: Шар Планина (Лешница)
Должина на тура: 30 km
Елевација: 990 m
Следете нè, бидејќи наскоро објавуваме нови дестинации и нови предизвици за сите љубители на две тркала!
21/06/2026
🚵♂️⛰️ Бистра во своето најубаво издание!
На 20.06.2026 ја реализиравме МТБ турата Кичево – Арап Кула – Тајмиште – Кичево, вистинска авантура низ недопрената природа на планината Бистра.
Тргнавме од Кичево, а по првите километри асфалт започна вистинското уживање по планинските патеки. Искачувањето заврши на отворените планински пасишта на Бистра под врвот Орлово Гнездо – место каде што погледот едноставно те тера да ги заборавиш сите тешки километри и каде уживавме во свежиот воздух и мирот што го нуди Бистра.
Патеката нè водеше преку Крушино, Кнежино, Црн Камен, Речиште и Табла, сè до Арап Кула на 1.766 метри надморска височина. Од таму се отвораат величествени погледи кон околните планини и долини, награда за секој вложен метар искачување.
По долгиот и возбудлив спуст преку Тајмиште направивме заслужена пауза покрај студените води на Тајмишка Река, каде што се разладивме и ги наполнивме батериите пред последните километри до Кичево. Освежувањето во кристално чистата планинска вода беше вистински погодок по напорниот ден на велосипед. Потоа следуваше долг и возбудлив спуст преку с.Тајмиште, а завршните 9 километри калдрма донесоа дополнителна доза адреналин и вистинско планинско велосипедско уживање.
✅ Извозени 60 km
✅ Искачено 1.400 m елевација
„Не ги броиме километрите, туку спомените создадени по патеките.“ 🚴♀️🌲🏔️
#мтбкичево #Бистра #авантура #тајмиште
17/06/2026
Албум 2 Лопушник - Кочо Рацин 13.06.2026
15/06/2026
Во чест на ликот и делото на Кочо Рацин, на 13.06.2026 успешно ја извозивме првата предвидена MTB Кичево тура. ⛰️Со силна волја и одличен тимски дух, совладавме предизвикувачка патека:
🔹 Должина: 31,77 км
🔹 Вкупно искачување: 1012 мнв
Настанот го организиравме со голема одговорност и посветеност од сите членови на нашето здружение, а не споија љубовта кон планината, адреналинот, вистинската дружба и почитта на македонската историја и култура.
На Лопушник ја почувствувавме убавата природа, го видовме изворот на река Треска, падините изшарани со букова и борова шума - налик на Алпите. Го посетивме споменикот и положивме цвеќе на гробот на Кочо Рацин, ја слушнавме неговата поезија од учесници на настанот поддржани од општина Кичево и Велес, уживавме во вкусното војничко гравче. Настанот го завршивме со адреналински спуст.
Сето ова беше поддржано од Македонска Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и Клубови, здруженијата Rupicapra MTB Adventure team BikeStore - Delovi za Velosiped и поединци вљубеници во велосипедизмот.
Голема благодарност упатуваме спонзорите кои ни овозможија сето ова да се случи:
Општина Кичево
АМСМ
Vincinni Chocoland - Фабричка продавница
ATVA Marketi
Piljara Petar-Matej
Пиљара Вимакс
Ника Кафемати
Благодарност и до останатите кои го допомогнаа одржувањето овој настан:
DJ Punisher - Бојан Мишкоски
Hristijan Gjorgjievski
Бобан - Бистра Роса
Месна заедница на с.Извор
ОУ Др Владимир Полежиноски Кичево
🙌 Благодарност до сите учесници
🚀 До следното дружење и следните заеднички километри - побројни .
ВИ БЛАГОДАРИМЕ ОД СРЦЕ! 👋🌲
#мтбкичево #РациновиСредби #ВелосипедскиКлубови #ЗаедноНаПатека
29/05/2026
13.06.2026 ⬅️
Направивме мала измена во Календарот на велосипедски настани кои се во организација на МААВЗК.
- Измена на outdoor festival АЗОТ 2026 мтб предизвик , со нов датум на 11-12 јули 2026 година.
- Дополнување на Календарот на настани „Лопушник Кочо Рацин мтб 2026“ за ден 13 јуни, сабота во организација на МТБ Кичево. Овој настан иако не е од членка на Асоцијацијата, истите се во фаза на прием во Асоцијата и се надеваме од септември ке бидат дел од нас.
- Дополнување на Календарот на настани „Љуботен мтб тоур 2026“ за ден 14-15 ноември, сабота-недела во организација на Друштво на неозбилни велосипедисти од Скопје.
- Дополнување на Календарот на настани „Кораб мтб “ за ден 05-06 септември, сабота-недела во организација на Друштво на неозбилни велосипедисти од Скопје.
Поддржете ги сите настани на Македонската Асоцијација на Аматерски Велосипедски Здруженија и Клубови – најмасовната Велосипедска организација во МАКЕДДОНИЈА!!!