ПСК Орле

ПСК Орле

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ПСК Орле, Sports, Улица Вишешница, Kavadarci.

01/09/2026

Понекогаш не ни треба многу за да се чувствуваме подобро. Само да ги оставиме секојдневните грижи, да облечеме патики и да тргнеме по некоја планинска патека. 🥾🌲

Таму некаде, меѓу шумата, тишината и чистиот воздух, човек повторно си го наоѓа мирот.

Photos from ПСК Орле's post 30/08/2026

🌿🥾 Планинарска акција до водопадот на Јаворска Река 💦

Уште една прекрасна авантура исполнета со природа, свеж воздух и многу насмевки. 🌳

По лесен и пристапен пат, опкружени со прекрасни големи сенки и зеленило, чекор по чекор стигнавме до водопадот на Јаворска Река. 💧🌿

А кога патеката е убава, а друштвото уште поубаво — секој чекор вреди. 🤍

Природа, движење, дружење и моменти што остануваат во сеќавање. 🥾✨

23/08/2026

🏔️ ЈАВОРСКИ ВОДОПАД – ПЛАНИНАРСКА АКЦИЈА

ПСК „Орле“ ве поканува на уште една прекрасна планинарска авантура! 🌲🥾

📅 30.08.2026 (недела)
📍 Јаворски водопад
🚶 Старт на пешачењето: с. Мајден
🥾 Должина на патеката: околу 15 км во двата правци
🕖 Тргнување од пред клубот: 06:30 часот

Патеката нè води низ прекрасна природа до Јаворскиот водопад, каде ќе уживаме во планината, свежиот воздух и добро друштво.

📌 Пријавување најдоцна до 27.08.2026.

🚌 Информациите за превозот и цената ќе бидат објавени дополнително, во зависност од бројот на пријавени учесници.

ПСК „Орле“ – 65 години заедно со планината!

Ве очекуваме!

Photos from ПСК Орле's post 18/08/2026

Планинарски приказни – прва средба

Вчера ја одржавме првата средба од серијалот „Планинарски приказни“, во чест на 65-годишнината на ПСК Орле.

Планиравме да погледнеме повеќе фотографии од старите планинарски акции, но нашиот проектор, кој е стар повеќе од 40 години, овојпат реши да ни приреди мала пауза. 😄 Успеавме да ги погледнеме фотографиите од искачувањето на Олимп во осумдесетите години, а потоа проекторот прекина со работа. Сепак, не дозволивме тоа да ја прекине приказната – напротив, продолживме со разговори и сеќавања за повеќе искачувања на Олимп и Триглав.

Посебно интересно беше да се спореди планинарењето пред 40-тина години со планинарењето денес – начинот на кој се патувало, опремата, условите, фотографиите, но и самото доживување на планината. Од старите приказни стигнавме и до едно многу свежо сеќавање – последното искачување на Триглав, пред околу еден месец.

За крај, во клубот беше донесена и фотографија од последното искачување на Триглав, која ќе остане како убав спомен од оваа генерација планинари.

Иако проекцијата беше пократка од планираното поради дефектот на нашиот стар проектор, вечерта продолжи токму онака како што треба да изгледа една планинарска приказна – со разговор, сеќавања, споредби и луѓе кои имаат што да раскажат.

А проекторот? Ќе го поправиме! 😉 Следниот пат ќе работи цела вечер, па ќе имаме можност да погледнеме многу повеќе фотографии од различни врвови и акции и да продолжиме со уште повеќе планинарски приказни и спомени.

За следната средба на „Планинарски приказни“ повторно ќе има навремена објава. Се гледаме!

11/08/2026

🏔️ Вечер на планинарски приказни 📖

Во чест на 65 години ПСК Орле, започнуваме со серија вечери исполнети со вистински планинарски приказни, фотографии и спомени од највозбудливите акции на нашите долгогодишни членови.

📅 Прва вечер: 18.08.2026 (вторник)
⏰ 20:00 часот
📍 Клубот на ПСК Орле

Ве очекуваме на дружење, спомени и приказни кои не се забораваат!

29/07/2026

⛰️ Членови на ПСК Орле успешно го искачија Маглиќ (2.386 м) – највисокиот врв во Босна и Херцеговина. Уште една успешна планинарска авантура. Честитки за освоениот врв! 💚🥾

Photos from ПСК Орле's post 26/07/2026

⛰️🌿Наши членови денес уживаа во прекрасната планинарска тура до Самовилските Водопади. Уште еден ден исполнет со природа, дружење и убави спомени. 💚🥾

Благодарност до ПСЗ „Козјак 1938“ – Прилеп за одличната организација и гостопримството.

24/07/2026

🌄 Уште еден успех за ПСК „Орле“!

Утрово, четворица наши планинари успешно го искачија највисокиот врв на Словенија – Триглав (2.864 м) на Јулиските Алпи. Честитки за овој голем подвиг, истрајноста и достојното претставување на нашиот клуб! 👏🏔️

Photos from ПСК Орле's post 13/07/2026

По прекрасната прва средба и даденото ветување, денес повторно бевме во посета на нашите мали пријатели од објектот „Детелинка“ при ЈОУДГ „Рада Поцева“.

Овој пат ги реализиравме активностите што ги договоривме на претходната средба. Најголема радост кај децата предизвика планинарската жичара (zip line), која ја поставивме специјално за нив. Со многу смеа, возбуда и храброст, секое дете имаше можност да доживее дел од авантуристичкиот дух што го носат планината и активностите во природа.

За нас, најголема награда беа нивните насмевки и сјајот во нивните очи. Токму преку вакви дружења се создава љубовта кон природата, планината и авантурата уште од најрана возраст.

Искрено му благодариме на целиот колектив на ЈОУДГ „Рада Поцева“ за прекрасната соработка и гостопримството. Со нетрпение очекуваме повторно дружење и нови заеднички авантури со идните мали планинари на ПСК „Орле“. 💙⛰️

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Kavadarci?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Website

Address


Улица Вишешница
Kavadarci
1430