15/07/2026
📣
Мини Трчај Бе создава нови атлетичари: Започна едномесечната бесплатна школа - Бабам Битола
Приказната на МИНИ ТРЧАЈ БЕ не заврши со минувањето низ целта. Напротив, токму сега започнува нејзиното најважно поглавје. Во организација на Атлетскиот клуб Олимп...
10/07/2026
📢 Убави вести
Една од најубавите слики од Мини Трчај Бе беа насмевките, енергијата и желбата на децата да трчаат. Токму затоа решивме таа приказна да не заврши со трката.
Во соработка со Атлетскиот клуб Олимп од Битола, ги покануваме сите учесници на Мини Трчај Бе на едномесечна бесплатна школа по атлетика ова лето, каде низ игра, дружење и професионално водени тренинзи ќе ги направат своите први вистински атлетски чекори.
Тренинзите започнуваат на 13 јули (понеделник), во 19:00 часот.
📍 Збирно место: платото пред Спортската сала во Битола.
Во текот на наредниот месец децата ќе имаат можност да ги запознаат основите на атлетиката, да стекнат нови другарства, да развиваат здрави навики и, најважно, да уживаат во движењето.
Потребно е само да дојдат во удобна спортска облека и обувки и да понесат шише вода. За сè останато ќе се погрижат тренерите од Атлетскиот клуб Олимп.
Веруваме дека љубовта кон спортот се создава уште од најрана возраст. Нека ова биде почеток на едно ново, убаво спортско поглавје за вашите деца.
Со нетрпение ве очекуваме на првиот тренинг 💫
контакт | тренер Димитар Петровски 076941257 📲
Со почит,
Трчај Бе
&
Атлетски клуб Олимп Битола
01/07/2026
🥇
Златна генерација: Македонските шампиони кои донесоа огромна гордост 🇲🇰🏆
Ова е приказна за суров напор, челична дисциплина и чист триумф.
Атлетскиот спортски феномен Григоријан Никовски направи вистински подвиг на Националното првенство на Македонија.
Тој успеа да истрча дури четири исцрпувачки трки во рок од само 24 часа.
Григоријан се закити со титулите национален првак на 1500 и на 3000 метри.
Покрај тоа, тој освои сребрен медал на 3000 метри стиплчез и злато во штафетата.
Веднаш до него е неговата клупска колешка од Олимп, Адријана Поп Арсова.
Таа уште еднаш покажа доминација со две нови шампионски титули на долги патеки.
Овие млади луѓе се вистинскиот пример дека успехот се кова со посветеност.
Нивните насмевки со тешките медали околу вратот го заслужуваат секое внимание.
Колку ваквите примери на чиста дисциплина можат да ги мотивираат младите кај нас?
Фото: Instagram /
📌 Обработка: Галама
29/06/2026
🏆 19 пласмани на подиумот за АК Олимп на Националното Првенство на Македонија!
Нашите атлетичари зад себе оставија уште едно успешно Национално првенство, освојувајќи вкупно:
🥇 7 први места
🥈 8 втори места
🥉 4 трети места
Освоени пласмани:
Адријана Поп Арсова Рашиќ – 🥇 3000м, 5000м | 🥈 800м, 1500м
Григоријан Никовски – 🥇 1500м, 3000м | 🥈 3000м стиплчез
Дарија Крстевска – 🥇 800м | 🥈 5000м
Ирма Хајдари – 🥇 1500м | 🥈 3000м
Бојан Чаприќ – 🥈 800м | 🥈 1500м
Магдалена Станковска – 🥉 800м | 🥉 5000м
5️⃣ Максим Пауер – 1500м
5️⃣ Матеа Матеска – скок во височина
9️⃣ Насе Епов – 5000м
🥇 Машка штафета 4×400м
Максим Пауер • Григоријан Никовски • Насе Епов • Бојан Чаприќ
🥈 Женска штафета 4×400м
Матеа Матеска • Адријана Поп Арсова Рашиќ • Магдалена Станковска • Дарија Крстевска
Честитки до сите наши атлетичари и атлетичарки за одличните настапи и извонредното претставување на АК Олимп!
29/06/2026
📣
АК Олимп од Битола со 19 медали на Националното првенство на Македонија - Бабам Битола
Атлетскиот клуб Олимп уште еднаш го потврди својот квалитет на Националното првенство на Македонија, освојувајќи вкупно 19 пласмани на подиумот: 7 златни, 8 сребрени...
29/06/2026
📣
Седум шампионски титули и вкупно 19 медали за АК Олимп Битола на Националното првенство - Bitola News
Атлетскиот клуб Олимп од Битола уште еднаш го потврди својот квалитет на Националното првенство на Македонија, освојувајќи вкупно 19 пласмани на подиумот: 7 златни, ...
29/06/2026
📣
Шампионски викенд за АК Олимп: 19 пласмани меѓу најдобрите
Атлетскиот клуб Олимп уште еднаш го потврди својот квалитет на Националното првенство на Македонија, освојувајќи вкупно 19 пласмани на подиумот: 7 златни, 8 сребрени...
28/06/2026
Три национални титули, две сребра, една бронза и уште неколку пласмани меѓу најдобрите 🌀 одличен почеток на Националното првенство за АК Олимп.
А ова беше само прв ден ✔️
800 м • Жени
🥇 Дарија Крстевска
🥈 Адријана Поп Арсова Рашиќ
🥉 Магдалена Станковска
1500 м • Мажи
🥇 Григоријан Никовски
🥈 Бојан Чаприќ
5️⃣ Макс Пауер
3000 м • Жени
🥇 Адријана Поп Арсова Рашиќ
🥈 Ирма Хајдари
7️⃣ Магдалена Станковска
5000 м • Мажи
9️⃣ Насе Епов
Денес следуваат нови дисциплини, нови предизвици и нови можности за медали.
Напред, Олимп 💙