KK Gostivar 1954

KK Gostivar 1954

Share

КК Гостивар е кошаркарски клуб кој потекнува од истоимениот град.
Во овој град кошарката е спорт број еден многу години наназат

https://en.wikipedia.org/wiki/KK_Gostivar

30/08/2026

КК Гостивар го засилува ростерот со американскиот интернационалец CHRISTIAN TURNER! 🇺🇸🏀

Со височина од 202 см ќе има сериозна задача под кошевите, Turner доаѓа со големо NCAA искуство, каде што настапуваше за Texas State и Troy, бележејќи настапи во една од најквалитетните универзитетски кошаркарски конкуренции во САД.

29/08/2026

Александар Тодоровски
🔵⚪️🔵⚪️🔵
Бек со искуство кој има настапувано во Работнички,Еуро Никел, Маџари и Соколи, Во новата сезона ќе го носи сино-белиот дрес на КК ГОСТИВАР 🔵⚪️

28/08/2026

⚪️🔵⚪️ Мартин Ѓорѓиоски 🔵⚪️🔵
и во новата сезона ќе го носи сино-белиот дрес!

Еден од нашите верни гостиварци продолжува да се бори за боите на КК Гостивар.
🔵⚪️🏀🔵⚪️

28/08/2026

⚪️🔵⚪️🔵Роберт Димитриевски-Бато повторно го облекува сино-белиот дрес на КК Гостивар.

Искуство, борбеност и добро познато име повторно во сино-белото семејство.
Добредојде назад, Роберт! 🔵⚪

26/08/2026

🔵⚪️🔵 МАРКО ПЕЦАНОСКИ ⚪️🔵⚪️

Неколку години наназад го носи сино-белиот дрес и продолжува да биде дел од нашата приказна! Марко е еден од верните гостиварци и борци за нашиот клуб.
🎯🏀

26/08/2026

Кико и во новата сезона ќе го носи дресот на КК Гостивар, каде што се очекува да има една од клучните улоги во тимот.

Со својата енергија, борбеност и квалитет, Столески е важен дел од нашите планови и веруваме дека во новата сезона ќе биде еден од главните играчи и носители на тимот.

Продолжуваме заедно!
🔵⚪️🔵⚪️🔵⚪️

Photos from KK Gostivar 1954's post 14/08/2026

🔵⚪️🔵⚪️

Минатата сезона беше една од најтурбулентните сезони во историјата на клубот.
Лош старт, многу грешки, тешки повреди, кои “скапо”чинеа, промена на тренери, промена на играчи… и постојана борба да се остане на нозе.

Се боревме против сите противници, се боревме со секакви услови, против видливото и невидливото, а многу често и против работи што не се гледаат во статистика и резултати.

КК ГОСТИВАР продолжува во нова сезона во Првата Мкаедонска Кошаркарска Лига!

Тренер на екипата ќе биде Дамјан Велјанов, помошник тренер на репрезентацијата на Македонија под 18год.🇲🇰 Велјанов е млад, амбициозен и посветен тренер, кој со својата енергија, знаење и професионален пристап ќе биде дел од новата визија и предизвиците кои ни претстојат.
🔵⚪️🔵⚪️

Photos from Кошаркарски Клуб ТФТ АД Скопје's post 24/07/2026

Ривали на терен, браќа во хуманоста. 🏀❤️
КК Гостивар упатува искрена благодарност до КК ТФТ Скопје и фондацијата TFT Cares за нивниот хуман гест и донацијата на вода за граѓаните на Гостивар.
Ваквите дела се вистинска победа за спортот и за човечноста. Благодариме од цел Гостивар !🤝💙

27/04/2026

Последен натпревар од сезоната 2025/2026!

Утре го играме последниот натпревар на домашен терен. Иако резултатот нема да донесе промени на табелата, наша обврска е да одиграме чесно, борбено и професионално до самиот крај.

Ова е момент да им оддадеме почит и поддршка на нашите играчи, кои од првиот ден оставија срце на теренот и издржаа една од најтурбулентните сезони во овие 9 години.
⚪️🔵⚪️🔵

📍 Утре,Вторник 18:00 часот
🏟 Сала „Младост“Гостивар

19/04/2026

Победа на вчерашниот натпревар против големиот Работнички! 💪

По 40 минути жестока борба, беа потребни дополнителни 5 минути за да ја потврдиме заслужената победа! 🏀
Тимски дух, срце и карактер беа клучни во последните минути.
Големо браво за КК Гостивар!

Следно коло не чека нов предизвик на гостински терен против екипата на Феникс.
Одиме со истата енергија и желба за победа! 🔵⚪️🔵⚪️

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Gostivar?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address


Gostivar
1230