29/08/2026
RK Delcevo
Ракометен клуб Делчево Тренер Горан Велков Клубот е формиран 2011 година.
29/08/2026
17/08/2026
Со првите тренинзи започнува и новата приказна на нашата пионерска екипа.
Младоста носи енергија, но вистинскиот напредок се гради со дисциплина, посветеност и тимска работа. Пред нашите пионерки е период во кој секој тренинг ќе биде уште еден чекор кон подобра верзија од себе – и индивидуално и како тим. Со трпение се создаваат играчи, со заедништво се создава екипа, а со работа се создаваат идни победи.
Почнуваме полека, посветено и со јасна цел.
06/08/2026
🔥 Се враќаме таму каде што припаѓаме! 🔥
По една година пауза, РК Делчево повторно е дел од Пионерската женска лига при РФМ!
Во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваме во две категории:
девојки родени 2012 година и помлади
девојки родени 2014 година и помлади
Подготовките започнуваат на 17 август 2026 година (понеделник).
Пред нас е нов почеток, нова приказна и генерација која со својата посветеност, талент и желба за работа ветува многу. Веруваме дека ова е една од најквалитетните генерации што досега го носела дресот на РК Делчево.
Првиот дел од подготовките ќе се одвива на отворено и на прекрасните терени на планината Голак, каде ќе ги поставиме темелите на физичката подготвеност, тимскиот дух и победничкиот карактер. Од 1 септември се селиме во сала, каде што нè очекуваат контролни натпревари и финално воигрување на екипите.
Првиот официјален тест ќе биде Меѓународниот меморијален турнир „Андреа Ампова 2026“, на кој ќе имаме чест да бидеме домаќини на екипи од Република Србија и повеќе клубови од Македонија.
Нашата цел е јасна – со многу работа, дисциплина и заедништво повторно да го вратиме Делчево на ракометната мапа и да создадеме генерација на која сите ќе бидеме горди.
Им благодариме на родителите, пријателите и сите љубители на спортот за довербата и поддршката. Веруваме дека заедно ќе славиме нови победи, нови медали и нови незаборавни моменти.
Напред РК Делчево! Срцето чука за Делчево! 💙🤍
05/06/2026
Денес инспирација за најмалите, утре можеби соиграч во репрезентацијата 💪
04/06/2026
#Генерација2016
03/06/2026
Честитки до нашата поранешна ракометарка, Bojana Georgievska , која заедно со својот клуб МРК Ѓорче Петров избори пласман во Супер лигата!
Особено сме горди што Бојана е и кадетска репрезентативка на Македонија, која со својата посветеност, труд и талент достојно ги претставува својот клуб и нашата држава.
Ти посакуваме уште многу успеси, здравје и нови победи на спортскиот пат. Нека ова биде само уште еден чекор кон уште поголеми достигнувања!
РК Делчево ти посакува среќа и успешна сезона во Супер лигата!
02/06/2026
Ракометот не е само игра, туку училиште на животот. Овие мали шампиони со труд, дисциплина, редовни тренинзи и здрава исхрана покажуваат што значи вистинска посветеност. Секој медал што го добиваат не е само награда за постигнатото, туку и поттик за уште поголеми успеси. Тој медал е симбол на нивниот почеток — мотивација да растат како спортисти, но и како личности што ќе успеваат во животот. #Генерација2018ипомали.
30/05/2026
🕊️🕊️🕊️
Со голема почит и љубов кон споменот на Андреа Ампова, на 5 и 6 септември во спортската сала „М.М. Брицо“ – Делчево ќе се одржи Вториот меморијален меѓународен ракометен турнир „Андреа Ампова“.
На турнирот ќе учествуваат екипи од Република Македонија и гости од Република Србија, кои преку спортот, дружењето и фер-плејот ќе оддадат почит на девојчето кое неизмерно го сакаше ракометот.
Посебен момент на настанот ќе биде и ревијалниот натпревар на поранешните ракометарки на РК Делчево, кои повторно ќе се обединат на теренот во чест на Андреа и во знак на поддршка за вредностите што ги носи спортот.
Ги покануваме сите љубители на ракометот, спортските работници, пријателите и граѓаните да бидат дел од овој настан и заедно да го зачуваме споменот на Андреа.
Да го поддржиме делото и духот на Андреа Ампова – преку ракометот, пријателството и хуманоста. ❤️🤾♀️
16/05/2026
Честитки за Deana Velickovska, нашата поранешна ракометарка и репрезентативка во пионерска конкуренција, која денес заслужено се радува на шампионска титула.
Твојот успех е доказ дека трудот, дисциплината и љубовта кон спортот секогаш носат резултати. Горди сме што беше дел од нашето ракометно семејство и со радост ги следиме твоите успеси!
Handball trophy 22-26.08.2026, Kragujevac💪💪💪
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the business
Telephone
Website
Address
Никола Јонков Вапцаров б. б
Delcevo
2320