ТРЧАЈ БЕ

ТРЧАЈ БЕ

Share

Добредојдовте на официјалната ФБ страница на Трчај Бе | Welcome to the official page of Trcaj.be

04/09/2026

1 ДЕН.

PLANET BITOLA за брзо го затвора влезот.

Стартните броеви со вашите имиња веќе се подготвуваат.
Листата на visitors се комплетира.

Ако сè уште се мислите … ова е последната орбита 👽

5K • 10K • 21K
13.09.2026

WELCOME TO PLANET BITOLA.
FINAL CALL FOR VISITORS.

Уште 1 ден за пријавување.

03/09/2026

FINAL CALL 👁️‍🗨️ УШТЕ САМО 2 ДЕНА.

Кафето е спремно.
Планетата исто.

Вие?

5K • 10K • 21K
PLANET BITOLA сè уште прима visitors.

Но не уште долго. УШТЕ ДЕНЕС И УТРЕ.

5K / 10K / 21K

Photos from АПЛА.мк's post 03/09/2026

⭐️

Кенија за првпат на ТРЧАЈ БЕ 03/09/2026

💫

Кенија за првпат на ТРЧАЈ БЕ Кенија е светска велесила во трчањето, земја чии атлетичари со децении ги поместуваат границите на долгите патеки и се дел од најголемите трки во светот. Тие трчаат...

02/09/2026

НОВА КООРДИНАТА 🌑 КЕНИЈА 🇰🇪

PLANET BITOLA годинава добива посетители што многу добро знаат што значи да се трча.

Всушност, можеби и предобро…

Потврдено е: за првпат на ТРЧАЈ БЕ ќе трчаат кенијски атлетичари.

Кенија е светска велесила во трчањето. Земја во која трчањето одамна е повеќе од спорт и чии атлетичари со децении ги поместуваат границите на она што мислевме дека е човечки возможно на патеките.

Тие трчаат на трки низ целиот свет.
Но во Битола доаѓаат за првпат.

И тука имаме една мала молба до Битола.

На 13 септември, не ги оставајте сами со километражата.

Излезете на улиците. Направете врева. Аплаудирајте.
Дајте им го она битолско добредојде што не се мери во секунди по километар.

Затоа што тие сигурно знаат како се памети добра трка.

А ние имаме намера долго да ја паметат Битола.

🇰🇪 KENYAN RUNNERS LAND ON PLANET BITOLA FOR THE FIRST TIME.

13.09.2026
WELCOME TO PLANET BITOLA.

02/09/2026

ЕДЕН ГРАД.
ДРУГА ГРАВИТАЦИЈА.
ТРИ МЕДАЛИ.

Еве ги.

Медалите што на 13 септември ќе ги чекате малку повеќе од кислород 😉

5K. 10K. 21K.
Три дистанци. Три медали. И едно правило: мора да ја поминете целта за да стигнете до нив.

Годинава и тие слетаа на PLANET BITOLA.

Дизајнот е на Мартин Цветановски .co човекот зад визуелниот идентитет и на годинашното ТРЧАЈ БЕ, а за нивната изработка се погрижи 🏅

И повторно, .bpo е силата зад нашите медали 💫
И тоа не е сè.

Taskforce не стои само зад медалите.
И минатата година беа со нас, годинава повторно ни даваат огромна поддршка, а на стартот доаѓаат и со најбројниот корпоративен тим.

Тоа е партнерство какво што сакаме, не само лого, туку луѓе.
Не само поддршка на трката, туку трчање во неа.

Бескрајно сме благодарни што Taskforce повторно е дел од нашата мисија.

А медалите?
Тие се веќе резервирани за оние што ќе ја поминат целта.

Се гледаме од другата страна на финишот.

Уште само три дена до крај на пријавите 👀👀👀

13.09.2026
5K • 10K • 21K
WELCOME TO PLANET BITOLA.

Taskforce ❤️

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Bitola?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Address


Ruzveltova 17
Bitola
7000