30/08/2026
Одлично неделно попладне со главниот организатор и менаџер Antonis Giannakidis на грчката OKTAGON организација за Граплинг, ММА, Џиуџицу и Кикбокс и тренерот Paris Parisidis, којa организација постојано регионално расте и се развива кога се во прашање боречките спортови и развој на боречкиот спорт.
Ние сме повеќе години и официјално дел од таа организација и секако ќе бидеме и во иднина.
Се надеваме во блиска иднина најмалку еднаш годишно да имаме интернационален настан и кај нас во Битола и за тоа доста се разговараше на денешниот состанок и оптимизам владее и да се реализира наскоро.
IBU International Budo Kai Union ⚔️
OKTAGON -Building the Future of Combat Sports 🥷🏼
28/08/2026
Голема благодарност за тренингот во Ставрос Грција 🇬🇷 кај тренерот и мајстор на повеќе боречки вештини Paris Parisidis 🙏🏼
Искуство повеќе,нови пријателства и добра спортска дружба 🤙🏼
Спортот е и треба да биде алатка за пријателство 🇲🇰 🇬🇷
Одличен тренинг по ГРАПЛИНГ 🤼♀️
25/08/2026
Од месец СЕПТЕМВРИ детската група на школата кој активно тренира, изучува и одржува форма преку цело лето продолжува со 4 термини неделно :
Понеделник 19 00ч БЏЏ 🥋
локација:Јорго Костовски бб (поранешна Меди ТВ)
Вторник 19 00ч БЏЏ 🥋
Локација: Београдска бб (Турското училиште)
Четврток 19 00ч БЏЏ 🥋
Локација: Београдска бб (Турското училиште)
Сабота 19 00ч ММА 🥊
Локација: Јорго Костовски бб
и додатни 2 термини (за оние што се големи љубители на боречки тренинг)на утро во вторник и четврток од 10 00ч за тренинг за удирање , Pad Workout 🥊 (работа на фокусери)
Со вкупно 6 ТРЕНИНЗИ НЕДЕЛНО за детската група на нашата школа или преку 24-25 месечно ретко која школа може да се пофали( ако има таква кај нас во Македонија воопшто)со толкава посветена работа во детската група со стручен тренерски кадар кој цела своја енергија и професионален пристап го дава максимално во оваа група и не случајно сме број 1 во Македонија во БРАЗИЛСКА ЏИУЏИЦУ и по квалитет и по меѓународни спортски резултати🏆 години, години уназад.
Продолжуваме исто со спортски меѓународни натпревари во светски организации како ADCC,AJP ,FUJI , IBJJF....и други локални организации на Балканот 🦾
ПРОФЕСИОНАЛНА ШКОЛА ЗА БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ И СПОРТОВИ ⚔️
Ние не создаваме само спортски шампиони и амбасадори ,ние градиме пред се добри луѓе со карактер и морал 💪🏼
06/08/2026
2026
Организација на повеќе меѓународни натпревари во Атина, Солун, Ставрос,Ниш со екипа од сите возрасни категории на школата 🥷🏼
За нас секој член е битен и примарна цел е од секого да го извадиме најдоброто,да го насочиме во насока каде секој работи на себе да се подобри во секој сегмент од борба,во начин на размислување и кодекс на однесување 🥷🏼
Суштината е да секој постане подобра верзија од стариот ЈАС ,секако преку упорност, послушност,критика (која некогаш звучи како навреда со цел да допре длабоко и го убие старото ЈАС кое не тера да бидеме мрзеливи, анксиозни,да немаме правец и цел,да бидеме неамбициозни и лесно да се откажуваме при првата потешкотија и неправда 🥷🏼
ШКОЛА ЗА МЕШАНИ БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ И СПОРТОВИ ⚔️
СО ВЕРБА ВО БОГА РАСТЕМЕ И НАПРЕДУВАМЕ🙏🏼
ЧЕКОР ПО ЧЕКОР КАКО ШТО СЕ ИЗУЧУВААТ БОРЕЧКИТЕ ВЕШТИНИ🦾
06/08/2026
ММА е модерен боречки спорт кој е класифициран во три дела: аматерска ММА, полупрофесионална ММА и професионална ММА
Веќе засебен спорт во кои се вклучени техники на удирање од бокс ,кикбокс, карате,муаи таи ,санда...и техники на фаќање од борење, џудо, џиуџицу,лута ливре....
Во глобала се изучува во три сегменти од технички аспект и тоа:
1 Удирачки дел -STRIKING 🥊
2 Борење и Борење на кафез(жица) -WRESTLING/CAGE WRESTLING
3 Партер (на земја) GRAPLING
Можност за нови членови кои сакаат да се запознаат со овај спорт, систем на самоодбрана секој ден во повеќе термини 🥷🏼
05/08/2026
На зима е ладно и студи,на лето е жешко и време за одмор,но не и за правите,не и за вистинските љубители на тренинг и тренажен процес кои сакаат да напредуваат,да растат преку тренинг и се градат како личности со карактер,почит, достоинство и борбен дух.
Школа за мешани боречки вештини и спортови НИНЏУЦУ КЛУБ БИТОЛА 🇲🇰/ПАУНД ФОР ПАУНД ТИМ МАКЕДОНИЈА 🇲🇰
OSSS
04/08/2026
Месец Септември продолжува со меѓународни натпревари за Бразилска ЏИУЏИЦУ 🇧🇷 нашата детска група во Белград Србија.
Активно преку цело лето најупорните и најголемите фанатици на боречки вештини и спортови го креваат своето ниво на техники, тактика ,стил на борба,се подобруваат во своите слабости,јакнат физичка форма и mindset🥷🏼
31/07/2026
За сите членови на школата секој
ВТОРНИК и ЧЕТВРТОК од 10 00-11 00ч. ТРЕНИНГ НА ФОКУСЕРИ и подобрување на удирачкиот дел 🥊
За сите возрасти и сите групи од школата ⚔️
TRAIN HARD, FIGHT EASY 🥷🏼
28/07/2026
УПИС НА НОВИ ЧЛЕНОВИ ПРЕКУ ЦЕЛА ГОДИНА!
АКАДЕМИЈА ЗА МЕШАНИ БОРЕЧКИ ВЕШТИНИ И СПОРТОВИ НИНЏУЦУ КЛУБ БИТОЛА 🇲🇰
ПАУНД ФОР ПАУНД ТИМ МАКЕДОНИЈА 🇲🇰