Korrunners

Korrunners

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Korrunners, Professional Sports Team, Скопје.

16/08/2026

🏊‍♀️☀️Ја заокруживме првата половина од тркачката сезона со едно прекрасно попладне покрај базен!🎉

Одлична дружба со нашите драги пријатели од 091RUNCrW, Трка на Поезијата - Poetry Run како и со сите останати љубители на трчањето.

Малку одмор од патеките, многу смеа, дружење и убави моменти 🍀токму она што ни требаше пред новите предизвици!😊

А втората половина од сезоната не очекува со уште многу настани, маратони, трки и незаборавни моменти!🏃‍♀️🏃🔥

До нови тркачки авантури! 💙🤍❤️

15/08/2026

Dario Ivanovski Ти посакуваме многу успех! Со тебе сме 💙🤍❤️

Најдобриот македонски маратонец повторно е на голема европска сцена! 🏃‍♂️💨

Утре, Дарио Ивановски ќе застане на стартот на маратонот како дел од Европското атлетско првенство во Бирмингем, рамо до рамо со најдобрите европски маратонци. Пред него е уште еден тежок километарски предизвик, но и уште една шанса да трча со македонското знаме во срцето. ❤️💛

Во Бирмингем, Дарио е заедно со својот тренер Игор Јакимовски, кој ќе биде покрај него во уште еден важен чекор од неговиот маратонски пат. 🤝🏃‍♂️

⏰ Старт: 09:10 часот по македонско време

Ајде утре да бидеме со него од првиот до последниот километар! Да му испратиме енергија и најсилен македонски аплауз, каде и да сме! 🇲🇰📣🔥

Дарио, како и секогаш, ја имаш нашата целосна поддршка!

Трчај моќно, верувај до крај и знај дека цела Македонија навива за тебе! ❤️💛

Среќно, Дарио! ГАЗИ! 🇲🇰🏃‍♂️🔥

Photos from Korrunners's post 26/07/2026

🏔️ Нашите Корранери беа дел од Копаоник Трејл!

Владимир Планојевиќ на трката од 24 км оствари одличен резултат, освојувајќи:

🥉 3. место во категоријата 40–50 години,
🏅 9. место во генералниот пласман,
⏱️ со време 2:31:26.

На детскиот трејл настапија и најмладите наши корнери:
👦 Марко во категоријата 2–3 години
👧 Михаела во категоријата 4–6 години

Кај детските трки нема рангирање – најважни се учеството, дружењето и љубовта кон трчањето.

Честитки до Владимир, Марко и Михаела за одличното претставување на Копаоник!

💙🤍❤️

Photos from Korrunners's post 05/07/2026

🏃‍♀️🏃✨Секој старт е нов предизвик, а секој финиш - нова победа!

Нашите Kорранери уште еднаш покажаа дека со упорност, желба и тимски дух се стигнува до целта. На FREEDOMRUN Кочани не се трча само за резултат, туку и за љубовта кон спортот, поместувањето на сопствените граници, дружењето и ширењето позитивна енергија✨🫶

Честитки за нашите Зорица Ајдинска, Фани Хорват и Младен Митковски за истрчаното. Ви посакуваме уште многу успешни километри, лични рекорди и незаборавни моменти!👏👏

Особено големо браво и честитки за Ненад Василев кој беше иницијатор за создавање нова, позитивна приказна преку организирање на оваа прекрасна трка! Горди сме на тебе и ти посакуваме уште многу успешни изданија🍀

Продолжуваме напред! Следната цел веќе нè очекува!🥇

Ваш Корранерс 💙🤍❤️

28/06/2026

🩵🤍❤️

Photos from Korrunners's post 08/06/2026

Летната сезона ја започнавме со Бизнис Ран трката на 5 км која се одржа во Скопје во четвртокот. Миомир Алексовски се пласираше на прво🥇место кај мажите, а заедно со своите колеги беше заслужен за освоеното прво место во категоријата мешани компаниски тимови. Честитки! 🎉
Викендот, секако, беше резервиран за јубилејниот настан Охрид Трчат, кој веќе 10 години го промовира трчањето и го афирмира спортскиот дух✨ Миомир Алексовски повторно освои прво🥇место кај мажите во штафетен полумаратон, заедно со Мартин Димовски од АК Атомик. Штафетен полумаратон истрча и нашиот Владо Вељановски, па во свој стил надополни со уште 10 км за да го истрча својот 55-ти полумаратон. Браво момци! 💪👍
На полумаратонската трка, пак, се постигнаа одлични времиња и лични најдобри резултати. Браво за Марина Стојмирова, Тони Цветковски, Младен Митковски, Ничевски Дарко и Драги, Александар Боцески. Горди сме на вас!🫶
Честитки до организаторите и до сите учесници кои со својата енергија ги разубавуваат овие спортски настани!👏👏
До следната трка, остануваме активни и растрчани🏃‍➡️🏃‍♀️‍➡️
Ваш Корранерс💙🤍❤️

Photos from Korrunners's post 31/05/2026

📣Korrunners споделува нови километри, предизвици и одлични резултати👇

Драган Јованов учествуваше на Шри Чинмој ултра трката на 6 часа, каде со својата истрајност и непоколебливиот дух одлично се справи со овој спортски предизвик🏃‍♂️💪

На „Трчаме за Рацин“ успешно настапија Ничевски Драги и Дарко, при што Драги го освои 1-то место во својата старосна категорија! 🥇👏

🎉Честитки до сите за одличните настапи, посветеноста и спортскиот дух.
Со секоја трка сте нова мотивација и гордост за нашиот клуб.
💙🤍❤️

Photos from Korrunners's post 25/05/2026

🏃‍♂️🔥Уште еден исполнет тркачки викенд со настапи на неколку различни трки во Македонија и надвор од неа.

Викендов нашите тркачи повторно покажаа упорност, добра енергија и љубов кон трчањето, без разлика дали стануваше збор за планински патеки, градски полумаратони или рекреативни трки 💫

На Охрид Ултра Трејл настапија Зорица Ајдинска, Маријан Поп Ангелов и Марија Мандарова на Летница Треил 21К, додека Дејан Огненоски успешно ја истрча Самотска Треил 42К како индивидуален натпреварувач 👏
Надвор од Македонија, Фани Хорват беше дел од Гетеборг Полумаратонот, каде настапи на трката од 21 километар💪
Во Неготино, на Промили Трка, учество земаа Маја Мицкова Стојчевска, Ведран и Сашо на трката од 5K, како и Тони Цветковски кој исто така настапи на 5К и освои 3-то место🥉

Честитки до сите за успешниот тркачки викенд, секој истрчан километар, вложениот труд и убавото претставување на Korrunners.
💙🤍❤️

Want your business to be the top-listed Gym/sports Facility in Скопје?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address


Скопје